Богомили

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не е тоа доказ затоа што селективно бираш дел кој јасно нагласува: "Possible source texts for Bogomil doctrine include..."
Значи "Можни", но подолу се јасно наведени сигурни извори кој ти ги постирав и предходно:
Како може да бидат тие сигурни извори кога сите книги се од 18-20 век, а богомилите живееле во 10ти век? Значи тоа не се „извори“, а уште помалку па „сигурни“ туку обични книги препорачани од едиторот на текстот за некој што се интересира за богомилите да има кај да прочита за нив.
И не бирам селективно, туку едноставно тој е „изворот“ за текстот што ти го приложи. Фуснотата бр. 17 стои над текстот и е приложена како извор. Сакал нејќел, морав тој извор да го проверувам и многу лесно дојдов до дискредитирање на самиот извор.

P.S. Сепак не ми беше толку битнa веродостојноста на деталите за богомилското верување, поентата е оваа:

По што се разликува ова размислување од она на радикален исламист кој е спремен да каменува, сече глави, да беси и да прогонува "неверници"?!
По ништо. Ѓаволот од секогаш имал слуги кои во „име Божјо“ убивале луѓе. Тоа го правел и преку неверните, и преку многубошците, и преку католиците, и преку православните, и преку радикалните исламисти. Исус ги предупреди Своите ученици за тоа..

„Ќе ве истеруваат од синагогите; а ќе дојде час, кога секој, што ќе ве убие, ќе мисли дека Му служи на Бога (како што мислеле православните кога ги убиваме богомилите). А тоа ќе го прават затоа што не Го запознаа Мојот Татко, ниту Мене.“ (Исус, ев. Јован 16:2, Библијата)

И не е битно што верувале богомилите. Дури и да верувале погрешно (сигурно не верувале попогрешно од православните), Христос никаде не им заповеда на Своите следбеници да ги убиваат неверниците или оние кои поинаку веруваат од нив.
За жал некои од православните светци уривале „незнабожечки храмови“. Тоа го сметаат за херојско или богоугодно дело.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
По ништо. Ѓаволот од секогаш имал слуги кои во „име Божјо“ убивале луѓе. Тоа го правел и преку неверните, и преку многубошците, и преку католиците, и преку православните, и преку радикалните исламисти. (како што мислеле православните кога ги убиваме богомилите)..
Чудна работа мајката, како ѓаоло можи сите да ги насанка, а саде Вас, „изворните„ , не можит да Ве доприт...
Недодирљиви сте, а?...:sneaky:
--- надополнето: 12 април 2013 во 01:33 ---
(сигурно не верувале попогрешно од православните),
Еве ги пак православните у заблуда...
Пу, јаз‘к да им е!...:icon_lol:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Како може да бидат тие сигурни извори кога сите книги се од 18-20 век, а богомилите живееле во 10ти век? Значи тоа не се „извори“, а уште помалку па „сигурни“ туку обични книги препорачани од едиторот на текстот за некој што се интересира за богомилите да има кај да прочита за нив.
И не бирам селективно, туку едноставно тој е „изворот“ за текстот што ти го приложи. Фуснотата бр. 17 стои над текстот и е приложена како извор. Сакал нејќел, морав тој извор да го проверувам и многу лесно дојдов до дискредитирање на самиот извор.
Чорбаџија, се фаќаш како пијан за плот. Нормално дека неможеме да отидеме во 10-ти век и лично да им направиме интервју на богомилите.
И не е само википедија, еве и други извори кој укажуваат на дуалистичкото гледиште на богомилите:
The Bogomils’ central teaching, based on a dualistic cosmology, was that the visible, material world was created by the devil. ...
Encyclopedia Britannica
The Bogomils taught that there are two gods: a god of good and a god of evil. The god of evil created the material world and humanity, while the god of good created the human soul.
Mi-An Publishing House

A dualist and docetist sect that arose and flourished in mediæval Bulgaria and Macedonia, the Bogomils derive their name from their founder, the priest Bogomil (Theophilus) and their teachings from the Paulicans, a Manichæan group settled in Thrace in the late VIII Century. The earliest description of the Bogomils is in a letter from Patriarch Theophylact of Bulgaria to Tsar Peter of Bulgaria, and the main source of doctrinal information is the work of Euthymius Zigabenus, who says that they believe that God created man's soul but matter was the invention of Satan, God's older son, who in seducing Eve lost his creative power.
St. Pachomius Library
--- надополнето: 12 април 2013 во 02:14 ---
И не е битно што верувале богомилите. Дури и да верувале погрешно (сигурно не верувале попогрешно од православните), Христос никаде не им заповеда на Своите следбеници да ги убиваат неверниците или оние кои поинаку веруваат од нив.
За жал некои од православните светци уривале „незнабожечки храмови“. Тоа го сметаат за херојско или богоугодно дело.
Секој има право да верува и да живее како што тој ќе одлучи! Најголема глупост и кукавичлук е казнување во име на некој бог. Зошто му се луѓе на било кој бог да казнуваат во негово име? Тој неспособен е?
 
M

Muranyi

Гостин
Богомилството претставува гностички ерес,директно произлезен од манихеизмот и павлевизмот.

Во 970 година византискиот импрератор Јован Цимискиј,овозможил префрлување на 200 000 ерменски павлевисти во Европа,сместувајќи ги најмногу на Балканскиот полуостров,кој со тоа прераснал во центар за ширење на нивната доктрина.Првично,Ерменците биле поставени како бастион против пробивањето на бугарските племиња,на крајот токму тие успеале да ги преобратат Бугарите во нивната религија,која подоцна била преобразена во она што е познато како богомилство.
Според доктрината на Богомилите,Господ Бог имал двајца синови-постариот Сатанаел и помладиот Исус.На Сатанел,кој седел десно од Бога му припаѓало правото да владее со небесниот свет,но поради својата возгордеаност и откако му се спротивставил на својот татко бил протеран од Небесата.
Откако тој и неговите приврзаници биле протерани,тој го создал видливиот свет,а потоа Сонцето,Месечината и ѕвездите,а на крајот го создал човекот и Змијата,која му служела лично нему.Потоа,Исус бил испратен на Земјата од страна на Бог,со задача на човештвото да да му го покаже вистинскиот пат до Небото,поточно патот кон спасението.Дури и неговата смрт,саможртвувањето не влодила со плод,бидејќи дури и со неговото слегување во Пеколот,Исус не можел да ја сотре силата на Сатанаил.

Верувањето во Исусовата немоќ и наклонувањето кон Сатаната,директно ја определило доктрината на Богомилството,според која Сатаната е тој што треба да биде обожуван.

Византискиот историчар од 12.век Никита Хонијат,богомилите ги опишува како сатанисти,бидејќи сметајќи дека Сатаната е семоќен тие го обожувале и воздигнувале,од страв да не ги повреди и уништи.

Богомилското движење,предводено од свештеникот Богомил,во првата половина на 10.век се проширило и во Македонија.За мошне краток временски период,култот прераснал во религиозно движење,но и покрај големите зафати Византиското царство не успеало да го отстрани неговото влијание.

Во 976.година,четворицата браќа Арон,Давид,Мојсеј и Самуил кренале востание во одбрана на богомилите од нивните непријатели,кое за последица имало одвојување на Македонија од бугарското царство и создавање на првата славо-македонска независна држава.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Византискиот историчар од 12.век Никита Хонијат,богомилите ги опишува како сатанисти,бидејќи сметајќи дека Сатаната е семоќен тие го обожувале и воздигнувале,од страв да не ги повреди и уништи.
Никита Хонијат бил сенатор во Константинопол, главниот град на Византија. Византија била таа што ги прогонувала богомилите, затоа што тие верувале поинаку од Византиските црковни догми. Оттука е сосема логично и очекувано Никита Хонијат да пишува негативно за нив и да ги оцрнува, за народот да ги смета за сатанисти и сл. Ако напишел дека тие правилно верувале, веднаш Византијците ќе го протерале заедно со богомилите. Едноставно тој и служел на Византија и како секој политичар, морал да ги застапува интересите на својата партија.
Оттука сметам дека неговото гледиште е крајно пристрастно.
 
Можеме да се сомневаме дека неговото гледиште е пристрасно и во контекст на политиката на Византија,со оглед на тоа што бил сенатор,но прашањето не е дали ќе ја напаѓаме Црквата бидејќи само тоа го знаеме,туку првенствено треба убаво да се проучи нивното учење кое очигледно е со гностичко-дуалистичка природа.Ваквите учења корен влечат многу поодамна,уште од Вавилон.

Дали ти го сметаш нивното учење за еретичко?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Можеме да се сомневаме дека неговото гледиште е пристрасно и во контекст на политиката на Византија,со оглед на тоа што бил сенатор,но прашањето не е дали ќе ја напаѓаме Црквата бидејќи само тоа го знаеме,туку првенствено треба убаво да се проучи нивното учење кое очигледно е со гностичко-дуалистичка природа.Ваквите учења корен влечат многу поодамна,уште од Вавилон.

Дали ти го сметаш нивното учење за еретичко?
Не знам какво било нивното учење. Православните ги уништиле нивните богослужбени книги и речиси се што имаме за нив е од нивните прогонители - крајно пристрастно. Сигурно знаеме само дека нивното учење било различно од учењето на православна Византија, заради што и ги прогонувале.

А одам и по оваа логика. Ако православните денес, во 21век, во секуларна и верски рамноправна земја со развиени медиуми, интернет, транспарентност и лесна проверливост на учењето на верските заедници, значи дури и во вакви околности православните измислуваат секакви клевети за останатите неправославни верски заедници (дека пијат крв од жртвувани бебиња, дека практикуваат групни сексови, дека се самоубиваат, дека се шпиуни за ЦИА и сл.), тогаш што останува за неправосланвите верници од 11-12 век какви што биле богомилите? Да не заборавиме дека Византија, иако немала папа, таа сепак во тој период имала дури и поголема и поцврста власт на истокот, дури и од власта што ја имала Католичката црква на западот. Едноставно клеветите биле повеќе од очекувани за да се прогонуваат неистомислениците.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
клевети за останатите неправославни верски заедници (дека пијат крв од жртвувани бебиња, дека практикуваат групни сексови, дека се самоубиваат, дека се шпиуни за ЦИА и сл.),.
Посочи, која помесна православна Црква изнела ваква клевета (пиење крв, жртвување бебиња, „групњаци„ и сл.) и кон која неправославна заедница (која сигурно не е црква...) се однесуваат тие клевети? Каде можеме да ги видиме ими провериме тие клевети?

Што се тиче шпиунирањето, за тоа, нема(м) двојба: практично, не постои НВО или било која друга човечка организација, која има своја подлога во Западот, а чиј управно-раководен врв не зе занимава со шпиунирање во корист на нечија тајна или контра-разузнавачка служба.

За ова последново, види овде:
http://borbazaveru.info/content/view/5669/1/

А според реакциите на дел од членовите од форумов, подразмисли и за Твоето лично однесување, кое е веќе „провалено„....
 
M

Muranyi

Гостин
Адаптациско преобликување

Веќе роден на Небесата од последните капки љубов на Севишниот,Богочовекот(не се мисли на Исус,туку на секој човек) при инкарнацијата на овој,материјален свет е спречен од кнезот на овој свет.Во Библијата,тој се нарекува Јахве,Елохим.Под изговор за заштита од зло и искушенијата на овој материјален свет,кнезот на овој свет му предложува на Богочовекот да прими од него т.н.адаптациско преобликување*.
Не претчувствувајќи ја измамата,душата дава доброволна согласност и Јахве ги одзима непорочните особини на чистата душа и втиснува свои,грешни.
Отелотворувајќи се на Земјата според преобликувањето на Јахве,човекот веќе има порочка природа,која му е дадена од кнезот.И поради заблуда,за свој татко душата го прифаќа господарот на овој свет,заборавајќи на вистинскиот Небесен Татко и родниот дом.
Милијарди души,во последните 3 ипол илјади години имаат пројдено низ процесот на незаконито преобликување,прифаќајки го за бог креаторот на овој свет,Јахве.Современите Христијани,Муслимани,Евреи и претставници на други конфесии ги очекува:
Второ преобраќање,поврзано со спознавање на големата измама и адаптациското преобликување од страна на Јахве,откажување од него и спознавање на вистинскиот Татко и Мајка.
*адаптациско преобликување-акт на т.н. нелегитимна и лукава адаптација на Земјата(промена на составот),која Елохим ја предложил на секој Богочовек кога тој се приближувал кон Земјата.Целта на Јахве е измама на душата,да навлезе во човековата внатрешност и да го осквернави Богочовекот,вградувајќи му ги своите грешни карактеристики(алчност,страв,возгордеаност и сите карактеристики кои се извор на зло на Земјава).
Трагедијата е тоа што душите потпаднале под негова хипноза и се согласни со овој чин.
 
Член од
22 септември 2013
Мислења
8
Поени од реакции
3
da od ovie prostori se, ama se rasirile niz balkanot i niz Evropa, inaku izvorno ideite im se manihejski kako zoroastrizmot starata religija na Irancite, Bogomilite smetale deka ne moze zloto koe se slucuva da se pripise na Bog deka on e odgovoren, tuku smetale deka seto zlo e od toj drugiot los bog i na kraj deka ke pobedi Pravdata i Vistinata na praviot Bog koj e dobar i koj pazi na svoite bogu mili izbranici.
Zloto go pravat Lugjeto ne Bog! Bog uchi na Ljubov, Sozhivot na dobri raboti a nie sme tie shto ipak gledame da si napakostime!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Богомислтвото е една од најлогичните религии кои постојат. далеку пологична од глупостите на православието, католицизмот и исламот.

Генерално гледано, сите манихејски религии се сто пати пологични од монотеистичките.
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Богомислтвото е една од најлогичните религии кои постојат. далеку пологична од глупостите на православието, католицизмот и исламот.

Генерално гледано, сите манихејски религии се сто пати пологични од монотеистичките.
Мене секогаш ме чудело како Томе, ем маникеец, ем начитан со делата на старите мајстори, ем живеел во време на наплив на неоплатонизам, станал рисјанин. Се ми се чини дека Рим му се видел како многу подобро место да просперира од Северна Африка.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Мене секогаш ме чудело како Томе, ем маникеец, ем начитан со делата на старите мајстори, ем живеел во време на наплив на неоплатонизам, станал рисјанин. Се ми се чини дека Рим му се видел како многу подобро место да просперира од Северна Африка.
Primum vivere deinde philosophari
 
Kajgana Shop

На врв Bottom