Бизнис академија Смилевски - БАС

Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
Ајде јас со уште некое прашање :icon_lol:

Претходно пријавување за стипендии нема? Документи некои не треба? Резултатите после кога излегуваат?
А цените на постдипломските студии како се движат?
 

БАС

Професионален менаџмент
Член од
19 мај 2011
Мислења
34
Поени од реакции
15
Ајде јас со уште некое прашање :icon_lol:

Претходно пријавување за стипендии нема? Документи некои не треба? Резултатите после кога излегуваат?
А цените на постдипломските студии како се движат?
Иако промотивната кампања сеуште не е почната, во секој момент можеш да се пријавиш на basATbas.edu.mk (тоа AT е, нели, @) со тоа што ќе оставиш лични податоци (Име, Презиме и училиште). До или на првиот ден на натпреварот ќе треба да доставиш и потврда дека си IV година која можеш да ја добиеш од стручната служба кај тебе во школо.

Резултатите излегуваат во моментот кога ќе се одигра последниот, шестиот предизвик, на 7 април 2012 година. Стипендиите ќе бидат понудени на првите шест рангирани кандидати кои ќе имаат 15 дена да ги прифатат и да потпишат договор за школување. Доколку некој од првите 6 одлучи да не ја искористи стекнатата стипендија, истата ќе биде понудена на 7-миот, 8-миот итн.

Постипломските студии по Стратегиски менаџмент чинат 1500 ЕУР по година = 3000 ЕУР со вклучени сите трошоци на студирање.
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
150
Поени од реакции
106
Каде ќе бидат натпреварите и дали можат да се пријават тие што завршиле лани ако не студирале оваа година?
 

БАС

Професионален менаџмент
Член од
19 мај 2011
Мислења
34
Поени од реакции
15
Пет години по добиената акредитација, Високата стручна школа Бизнис академијата Смилевски – БАС го предава во употреба новиот објект во Битола, како специфична грин-филд инвестиција со вредност од над 800.000 евра.

По воведените сопствени стандарди од најмногу 20 студенти во образовна група, 50% изборни предмети, континуирана теренска практика во текот на наставата и летниот распуст, избор на наставници по пат на хабилитациона постапка и интегрирана теоретска, лабораториска и практична настава, БАС поставува нови стандарди и во едукативната инфраструтктура во високото образование.

Објектот се наоѓа во населбата Довлеџик – Битола на површина од 1100 м2 од кои 450 м2 наставен простор. Внатрешноста е со современ дизајн, ергономски проектирана според андрагошките стандарди за изведување на високоефективна интерактивна настава за возрасни и претставува квалитативно нов чекор во создавањето стимулативна клима за студирање.

Просторно-техничките карактеристики на овој простор за професионални студии во целост ќе ги задоволат проектираните капацитети од по 100 редовни и 100 вонредни студенти на прв циклус и 50 студенти на втор циклус на студии во одделението на БАС во Битола. Покрај тоа, во ресурсниот центар и креативниот академско-претприемачки инкубатор (КАПИ) ќе се одвиваат континуирани образовни, обучувачки и консултантски активности за сите заинтересирани дипломанти на БАС како и за претставниците на партнерските организации на Академијата.
 

Lord Macedon

Етнички жител на Кајгана
Член од
12 септември 2008
Мислења
135
Поени од реакции
21
А дали со тие 1900 евра година платен е интернатот (ако имат) или само годината?
 
С

сашенко

Гостин
А дали со тие 1900 евра година платен е интернатот (ако имат) или само годината?
Нема такво нешто како интернат, ама можеш да студираш на БАС во три града во Македонија така да избери си каде ти е најблиску.А сите други трошоци ти се платени и денар повеќе од тоа не даваш
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ај кога ќе го завршам мојов, ќе упишам уште еден. Таман, ем психолог, ем претприемач ќе станам :)
 

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Дојдоа кај нас на час ни презентираа нешто , искрено не ме импресионираа премногу. Плус од друга страна е и нов приватен факултет, не знам ако сакате само лесно да поминете факс и да си играте игрички како дел од праксата во учењето, а парите не ви се проблем тогаш зошто да не.
Плус и тоа презентерките шо ни дојдоа ( едната професорка беше ) , абе убави , стегнати , дотерани :D , само за тебе живеат. Е тоа ти е супер вредност за уплатените пари :icon_mrgr:
 

БАС

Професионален менаџмент
Член од
19 мај 2011
Мислења
34
Поени од реакции
15
Дојдоа кај нас на час ни презентираа нешто , искрено не ме импресионираа премногу. Плус од друга страна е и нов приватен факултет, не знам ако сакате само лесно да поминете факс и да си играте игрички како дел од праксата во учењето, а парите не ви се проблем тогаш зошто да не.
Плус и тоа презентерките шо ни дојдоа ( едната професорка беше ) , абе убави , стегнати , дотерани :D , само за тебе живеат. Е тоа ти е супер вредност за уплатените пари :icon_mrgr:
За оние студенти кои го немаат неопходното животно искуство од бизнис за да можат да извлечат очекуваната корист од искуствената настава која е во сржта на програмата на БАС, неопходно е да се стават во средина во која ќе можат да ја симулираат реалноста на бизнисот. Тоа се постигнува со „играње“ на симулации кои им овозможуваат на студентите да го премостат јазот во деловните доживувања и да се стекнат со реално корисно искуство во безбедна средина.

Колку за информирање, недвосмислено најдобрата бизнис школа во светот - харвардската - работи исклучиво по пат на симулации и студии на случај.

Бизнисот не е нешто што можеш да го научиш од книга или слушајќи мудар професор. Во бизнисот мораш да се обидеш, да згрешиш, да си ја идентификуваш грешката и да осмислиш подобро решение кое ќе функционира во конкретниот контекст. Тоа нема да ти го објасни ниту еден професор или презентација.
 

БАС

Професионален менаџмент
Член од
19 мај 2011
Мислења
34
Поени од реакции
15
Член од
26 октомври 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
Има ли некој сериозно заинтересиран што планира да запише студии на БАС?
 

БАС

Професионален менаџмент
Член од
19 мај 2011
Мислења
34
Поени од реакции
15
БАС на нова локација:

Скопје, Аеродром, над Веро.


Уште 10 дена во вториот уписен рок.

Уште три слободни места за редовните студенти во Скопје.
 

V64

Член од
9 февруари 2011
Мислења
13
Поени од реакции
0
Некоја информација за додипломските студии ако си запиушан вонредно околу цената, начинот на полагање на испитите, "тежината" на материјалот и дали покрај тоа што си вонредно запишан ќе треба да се посетува практична настава? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom