Биди Земјоделец, Зашто Македонија те вика.

  • Креатор на темата Luki Junior
  • Време на започнување
А

Атомската мравка

Гостин
Mister No нема шанси кај нас вакво нешто во скоро време, социјална држава сме и повеќето што чуваат по 1-5 ги чуваат за свои потреби и нешто ситно да продадат колку за живеачка. Можеби во иднина ќе се имплементира но сега нема шанси.

Инаку во склоп на темава да ги мотивирам потенцијалните земјоделци, гледајте каква природа и чист воздух :D

Picture 043.jpg
 
Член од
5 јануари 2013
Мислења
91
Поени од реакции
39
Интересна тема ,прочитав некој мислења кој се тука и би сакал да споделам нешто од едно село каде што имам викендица. Имено луѓето се повеќе се враќаат на земјоделието и закупуваат ниви од тие што не работат за да го прошират бизнисот. Имав можност да разговарам со земјоделците и викаат, работа преку глава ,време се нема особено дека работиме уште некоја работа освен земјоделство и сточарство, но полека полека се подобро се заработува, од тие пари кој ги добивале од субвенции и дел од продажбата го проширувале бизнисот а со другиот дел и парите од работата живеат, но сепак сеуште е тешко и мачно само гледаат светла иднина во тоа.
Јас лично се заинтересирав да инвестираме со семејството во овоштарник (еден за почеток) па да видиме како ќе ни појде ,имам пријатели кој се задоволни од нивниот бизнис со Лешници и Бадеми и препорачуваат тоа да се почне бидејќи пазарот бара многу а ние нудиме малку.

Ако има некој што има искуство со Лешници и Бадеми во Кумановско-Кратовско нека ми каже како иде со бизнисот односно родот.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Бидна,земав две кокошки и петел колку за мерак и за почеток,а деновиве треба да ми стигнат уште 16 пилиња и квачка.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
sta reci.....

Анализа
ШТО СÉ УВЕЗУВА МАКЕДОНИЈА?

......Македонија ја увезува речиси цела храна и други производи кои ги троши, бидејќи не ги произведува самата.
Македонија, која важи за земјоделска земја со многу големи потенцијали за домашно производстсво на храна, не покрива ниту половина од сопствените потреби за храна
А податоците покажуваат дека само до пред десетина години дури 70% од потребите за храна се задоволувале од домашно производство.
Над половина од потребите за шеќер и за масло за јадење во Македонија се задоволувале со домашна шеќерна репка и сончоглед. Денес имаме само незначителни површини насадени со овие две индустриски култури, а покрај нив од македонските ниви ги снема и памукот и маслодајната репка.
Македонија годишно увезува бел шеќер во вредност од близу 37 милиони евра.
Увозот пак, на масло од сончоглед во Македонија лани достигна рекордни 40 милиони долари.
Увозот на говедско месо лани изнесуваше 30 милиони долари,
увоз на свинско месо близу 29 милиони долари,
увоз на пилешко месо Македонија платила близу 20 милиони долари.
Повеќе од 16 милиони долари изнесува увозот на брашно минатата година,
увоз на сецкан и пакуван компир се платени 6,5 милиони долари
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824

Е бато бато није баш нормално...

Колку и да си ја сакаш државата, колку и да се трудиш да сврзиш крај со крај ќе има некој што ќе те поебе во 90та минута за жал..

Како што читав најавено е и намалување на пченицата... Едно големо браво, ако стварно се случи тоа во 2013 година не гледам причина зошто многу земјоделци кои и така се осиромашени да се откажат и да бараат друго чаре..

Све може да се произведе кај нас зошто не се форсира и зошто упорно парите се трошат на непродуктивни работи не ми е јасно... Се даваат субвенции без некоја цел.. Чисто општо да се убедат земјоделците демек се помага... Треба детален план да се има, на прво место пласманот да им се обезбеди да бидат сигурни дека ќе си го продадат планираното производство, соодветна машинерија итн.итн..

Наместо тоа го имаме ова.. Податоците ти што ни ги напиша... Ех Македонијо кој те уназади толку...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Негде постирав некое меѓународно истражување дека Македонија со својата територија и климатски услови треба да има можност да прехрани 6 мил. луѓе.
Сега сме 2 мил ( ако сме....) и сме зависни од увоз на храна

Пази, во Мк пропаѓаа живинарство, а се увезува пилешко за 20 мил. Секоја 3-4та год криза во свињарство, а увоз на свинко за 30 мил. Се затвара шекерана а увоз на шекер 40 мил. Земјоделците секоја година мака мачат со откупот и цената на пченицата, а увезуваме брашно за 20 мил ( патем, и канцерогено, јбг...)

А ни промовираат незнам колку милиони субвенции за развој на земјоделство...РАЗВОЈ? Јебе луд збуњенога....нема врска, гласај за дела....

Производство ? Што е тоа?...И даље:

“....Лани за увоз на картони сме потрошиле 8,2 милиони долари, за увоз на кутии, сандаци и гајби се потрошени 6,9 милиони долари, за увоз на тегли за конзервирање се платени 6,45 милиони долари, а за увоз на тетрапак-амбалажи 5,4 милиони долари...“

Не декларираат како земјоделска држава. Производство на храна.
Никој во Мк не производува тегли, на пример.Промовираме вино. Сите шишиња се увоозни. Целиот (или скоро целиот) картон за пакување влегува од увоз .

Нашата реалност е :
Увезуваме шекер и го пакуваме. Увезуваме масло, го рафинираме и го пакуваме.Увезуваме овошни сирупи , ги разредуваме и продаваме “природни сокови“. ( а оние од Ресен, годинава пак мрчат со непродадени јаболка). Го уништуваме млекарството, па увезуваме палмина и кокосова маст и правиме , исто “природни “сирења

Идемо даље.....
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Nikoj neke da raboti,site sakaat gradski život od jutra do sutra po kafani i kladionici. Toa e brat.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Nikoj neke da raboti,site sakaat gradski život od jutra do sutra po kafani i kladionici. Toa e brat.
Има вистина и во ова. Ама не до крај....
Ако државата овозможи пристоен живот во село, значи пат, вода, амбуланта, школо, ако направи услови за развој на земјоделство , (ама стварно услови, не овие популистички смешки) , да знааат луѓето дека ке имаат пристоен живот, верувај дека ке ги има што ке сакаат и да работат....
 
С

Спасе супата

Гостин
Aj нетокму работа. Во 21 век, во време на комлутери, технологии и разно разни чуда вие сакате земјоделци да не напрајте. Од к‘ј ви идет овје шљакнативе идеи.
Се знајт шо е права работа. Или си директор или си заменик директор. Трето немат!
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Nikoj neke da raboti,site sakaat gradski život od jutra do sutra po kafani i kladionici. Toa e brat.
Не е до тоа... доколку државата овозможи пласман и соодветна механизација како и одредени наменски субвенции сите ќе се вратат на село... Моментално има само субвенции а кога ќе дојде време да си го продадеш родот ќе кубеш коси и ќе испаднеш само во минус... Затоа сите се избегани од селата..
--- надополнето: 12 април 2013 во 11:57 ---
Негде постирав некое меѓународно истражување дека Македонија со својата територија и климатски услови треба да има можност да прехрани 6 мил. луѓе.
Сега сме 2 мил ( ако сме....) и сме зависни од увоз на храна

Пази, во Мк пропаѓаа живинарство, а се увезува пилешко за 20 мил. Секоја 3-4та год криза во свињарство, а увоз на свинко за 30 мил. Се затвара шекерана а увоз на шекер 40 мил. Земјоделците секоја година мака мачат со откупот и цената на пченицата, а увезуваме брашно за 20 мил ( патем, и канцерогено, јбг...)

А ни промовираат незнам колку милиони субвенции за развој на земјоделство...РАЗВОЈ? Јебе луд збуњенога....нема врска, гласај за дела....

Производство ? Што е тоа?...И даље:

“....Лани за увоз на картони сме потрошиле 8,2 милиони долари, за увоз на кутии, сандаци и гајби се потрошени 6,9 милиони долари, за увоз на тегли за конзервирање се платени 6,45 милиони долари, а за увоз на тетрапак-амбалажи 5,4 милиони долари...“

Не декларираат како земјоделска држава. Производство на храна.
Никој во Мк не производува тегли, на пример.Промовираме вино. Сите шишиња се увоозни. Целиот (или скоро целиот) картон за пакување влегува од увоз .

Нашата реалност е :
Увезуваме шекер и го пакуваме. Увезуваме масло, го рафинираме и го пакуваме.Увезуваме овошни сирупи , ги разредуваме и продаваме “природни сокови“. ( а оние од Ресен, годинава пак мрчат со непродадени јаболка). Го уништуваме млекарството, па увезуваме палмина и кокосова маст и правиме , исто “природни “сирења

Идемо даље.....
Тоа е... Не е до работата многу луѓе би го работеле ова... Но што ќар ќе имаш да рмбаш цела година и на крај коа ќе видиш на пример ти викам компир 20 денари... чекај бе чоече ти да собереш 10,20 кила компир која мака е... каде е транспорт складирање... За да извадиш 200-300 денари? дај молимте..

Истото е и со другите култури... Една година 12 друга година ќе ти рече 7 денари откуп што ќе праиш мора да продадеш од тоа живееш...

А од друга страна се смее некој функционер,политичар не е битно што... Ќе си увезе на големо од странство парите во џеб среќен задоволен... Од тоа ќе си страда цела Македонија... Џабе се и субвенции и се кога се нема контрола на производите..
 
L

Luki Junior

Гостин
Абе да е 20 денара компиро на големо супер ќе е... Од декар се вадат 4-6 тона компир.... 10 декара 50 тона компир... Ем нема работа у него, има машини за ископувајне како господин е целата работа.....

Или сливата, нека е 8 денара... изрепај 100ина тона сливи, 50-60 тона компир, малко житце за да не стојат амбарите празни, и да видеш нема ли за живот.... А требат около 50 декара земја за да се произведат тија работи... :)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Gabe e Luki, poznavam dosta merači na ulici i kafanski degustatori po Skopjevo sto se od vnatresnosta na koi roditelite im se zanimavaat so zemjodelie i si pečalat za dostoen život, ama čedata im nekat ni da slušnat nazad da se vratat na selo. Im se uarni Skopjevo,gi fati betonskata i gabolebarskata bolest. Vika bolje ke rabotam za 200 evra u kafic ako starite ne ftlaat para sekoj mesec pa da sum si vo Skopje,nego kaj tate u nivata. Site se so partiska kniška i čekaat da se najde ponekoja državna foteljička. Koga nivnite roditeli ke ostarat ne možat veke da rabotat i se zapustuva imanjeto,i obično se prodava pošto zašto i roditelite se pakiraat i selat vo Skopje kaj čedata,da ima koj da gi čuva,ili da si gledaat vnuci.
:D
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Според мене... Доволно е да се направи 1но село модернизирано како во Европските земји... Само едно село кое ќе има струја,вода,убави патишта,продавници убаво место за живеење... Тогаш луѓето ќе почнат да го населуваат...

Чист пример е селото на дедоми... вода нема, струја кога како... Луѓето тешко гледам дека праат пари... осиромашени што нема каде..
 
Подареш... Сите улици освен 2-3 асфалтирани.
Водовод и Канализација барем 30 години.
Има 5-6 добро снабдени продавници...
Сега локалната самоуправа му отвори и парк.
Супер средена црква...
За мерак...

Изговори ќе има секојпат... Станааме народ на изговори... изговор да не се фанеме за работа...
 
white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Не е само до модернизацијата. Луѓето како да имаат фобија од селото како поим последниве години и не можам да ја лоцирам причината. Еве специфично за селото од кое потекнувам, до пред десетина години во летен период вриеше од луѓе што доаѓаа и за работа и за одмор а немаше ништо (освен струја и вода) од ова ќе го набројам. Денес, има место за собирање како младински дом и внатре има реквизити т.е. пинг понг табла, компјутер, телевизор, низ селото има струја и вода, има и интернет преку рутер, има покриеност со мобилна мрежа, ама наместо да се зголемува бројот на заинтересирана младина па и постари луѓе барем и за одмор барем некој ден тој број постојано се намалува. А станува збор за село со 50 жители. Што да кажеме за поголемите села кои што нудат дури и повеќе а зјаат празни. Се е на мислата дека во село не може да биде забавно или дури не се ни обиделе да видат дека има скоро се што бараат а за да има потполно се треба да се пројави барем малку интерес.

Според мене... Доволно е да се направи 1но село модернизирано како во Европските земји... Само едно село кое ќе има струја,вода,убави патишта,продавници убаво место за живеење... Тогаш луѓето ќе почнат да го населуваат...

Чист пример е селото на дедоми... вода нема, струја кога како... Луѓето тешко гледам дека праат пари... осиромашени што нема каде..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom