Бекстејџ на Сител или Ексклузив на А1?

Што е подобро: Бекстејџ на Сител или Ексклузив на А1?

  • Вкупно гласачи
    287
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Зошто нема да бирам ниедно, туку ексклузив или бекстејџ!
Бекстејџ имам двапати гледано и колку што приметив изобилуваат со прилози за турбо фолк 9мозеби и се лажам), а на ексклузив онаа ИваННа е препотентна и се облекува и шминака како ќе каже Дадар па и на кловн да личи! Се на се емисииве се катастрофа оти нема ништо ексклузивно во нив!
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Бекстејџ почнав да гледам, Влатко:vozbud::vozbud: и освен Влатко интересен концепт имаат и поприродни се. Ќе видиме натаму како ќе се покажат. Ексклуизив некако се си ги бранат своите луѓе од А1 и се си се саморекламираат, не оставаат простор другите да кажат нешто за нив. Се некако исти фаци се интервјуираат и се зафаќаат со трачеви што искрено мене не ме интересираат.
Навивам за Бекстејџ:helou:
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Не ме пали нешто посебно ниту едно од нив. Ексклузив ми е тотално дебилно, онака го гледам понекогаш кога нема што да се прави, ама далеку од тоа дека чекам со нетрпение да дојде. Бекстејџ имам само еднаш гледано, ама некако прекратко траеше. Ми делува како ТВ варијанта на Свет, ама ок може и тоа да се погледне понекогаш.
 
rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
бекстејџ искрено за мене е срање...само еднаш гледав кога збореа за едни лезбејки:drk::drk::drk:и само таа емисија....
ексклузив е ок мило ми е што одамна го немам видено жарко:tapp::tapp::tapp:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807
На телевизорот цел ден ми е вклучена А1 така да, Ексклузив претежно се гледа.
Backstage го имам 2-3 пати фатено и ОК е, не ми е ништо посебно. Малце како да ми ги имитираат Red Carpet.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
Ексклузив глеам скоро секој ден и баш ми е супер, а Бекстјџ иам глеано само 2-3 пати, така да неам баш некој кој знае каков став и мислење за него.

Btw Ивана од Ексклузив ми е баш симпа ... :pipi:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Хахаха гледав пред некој ден Бекстејџ кога беа во Нова ТВ и оф оф што си ги испофалија како они да им се газди на сител :pos2:
И нешо викаат они го имаат најголемото студио за вести на Балканот. WTF?? :uvo:
мислам дека дури и канал 5 имаат поголемо
 
Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Се што е туѓо е боље од наше....
Уште да сфатеше. :icon_lol: Не е поентата дали е наше или туѓо, емисии од калибарот на Бекстејџ, Ексклузив или Ред Карпет не се ништо друго освен глупост. Водителки попут селски убавици, полуголи фотосесии на девојчиња од `92 годиште, анкети од типот "дали ви е битно каква коли вози дечко ви?", модна критика на македонскиот џет сет :)pos:, иако е повеќе за плачење) за оваа недела, дали Сара Леши лаже оти ќе се сликала за Плејбој (и да е старо ова, се извињавам, не сум у тек :icon_lol: ), која од певаљкине соседни за кого ќе се мажи овој пат, на која и` паднала прерамката во вторникот (упс... :icon_roll), која со која се степала за чија песна да е текстот, дали мочконо од Гранд е педер или не и зашто да, и како некоја попиздела оти нејзиниот чланак не е на 2 страница од Свет.

Мислам, дај. Нема да можам да заспијам ако не знам дали Боки 13 има нова омилена боја. Па народов уште гласа. Океј, некој мора да гледа и тоа. :pipi:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940

Видиш. И ти си гледала :)))
 
Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Видиш. И ти си гледала :)))
Јесте, како инаку да знам ти кажам што с***е е.

Секако Ехлузив не вришти со квалитет и бог знае каква комплексност уште од насловот, ама ете, како некој што не го интересираат многу амбалажите во животов, дали за ТВ програми, дали за луѓе, сум седнала да видам што е. И не треба Фројд да си за да сфатиш дека е дрога за народни маси жедни за трач и безазлени ехлузивни информации. Шо е тука интересното? За тие 20 минути ќе прочитам две поглавја од книга, место да пцујам по папарацото шо ја усликал Сеедно Која без шминка и ох, ми го урнал светот со објавувањето на фотографиите од мојот идол на кои изгледа како ѓаволот лично.

Али океј, реков. Ствар укуса.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom