Безусловен приход по жител

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Ме чуди како до сега нема разврзано муабет за иницијатива за референдум во Швајцарија
Значи, темата е:

Државата на секој полнолетен жител да му исплаќа одреден безусловен приход месечно !

Организаторите на референдумот во Швајцарија бараат некаде 2500 франци ( некаде 2000 евра ) да се исплакаат на секој жител месечно.
По таа иницијатива, оној што заработува сега пример, 5000 франци, би земал 2500 франци универзален приход, а 2500 плата.

Цел : Економска сигурност на граѓаните
Инаку, организаторите, за кратко време ги собрале потребните потписи за одржување на референдумот, а врв било во петокот , кога пред нивниот парламент донеле и истуриле 8,000,000 монети од по 5 центи ( како симболика по 1 монета за секој жител )

Што мислите за вакво нешто?
Инаку, идејата брзо се просирува и по други држави, дури и на Интернет може да се прати како оди собирањето потписи и до каде се поедини држави.
Еве ја иницијативата и во комшии

Во основа се работи за стара и позната идеја , дури негде и се применува ( барем во некој облик )

Дали е ова единствено сценарио за хумано друштво?
Дали иднината која носи се поголема економска и егзистенцијална несигурност е причина за вакво нешто?
Што ако во Македонија, секој полнолетен жител би добил, пр. по 3 или 5000 денари месечно?

Лично, во основа сум ЗА
Секој би добил некој минимум за храна, покрив на глава, облека.
Не знам што значи сумата за македоскиот буџет. Ама, би се тргнале социјална помош, субвенции за сметки за струја или субвенции во земјоделие или слични работи.

Ваше мислење ?
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Категорично не, социјална помош треба да биде таква каква што е, да те остави жив ни повеќе ни помалку.
Со 2000евра, можеш да живееш релативно удобно низ европа, која е мотивацијата да се работи тогаш.

Второ од каде ќе доаѓаат тие пари, ние неможеме пензионерите да ги исплатиме, не па уште и на сите неработници да им даваме пари.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
879

Не би рекол дека со 2000 евра месечно можеш удобно да живееш во Швајцарија . Да , можеш да го преживееш месецот со 2000 евра , но тие пари се само за најосновни потреби во месецот ( кирија за стан , сметки , јадење итн . ) . Додуша незнам што подразбираш под удобно живеење :) .
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Интересна тема за дискусија, сабајлево баш читав за швајцарската иницијатива.
Не знам колку е возможно да биде ова економски издржливо кај нас во Македонија бидејќи не сме некоја земја која што е пренатрупана со ресурси како нафта, злато или слично, па државата да може подмири вакво нешто, а од друга страна не се задолжува, освен ако не се смета вработувањето на овие со државна лотарија за нешто слично. :icon_lol:
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Не би рекол дека со 2000 евра месечно можеш удобно да живееш во Швајцарија . Да , можеш да го преживееш месецот со 2000 евра , но тие пари се само за најосновни потреби во месецот ( кирија за стан , сметки , јадење итн . ) . Додуша незнам што подразбираш под удобно живеење :) .

А што повеќе од тоа сакаш, кров над глава и полн стомак без да дигнеш прст. Кај нас да работиш со плата од 500евра па неможеш да ги покриеш сите трошоци ако не живееш со родителите или 4 цимери.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
879
Јас не реков дека нешто сакам , само прашав што подразбираш под удобен живот . Како што напишав и погоре , со 2000 евра во Швајцарија имаш пари за задоволување само на основните потреби ( стан , сметки , храна итн ) . За некого тоа е удобен живот , а за некого основен минимален живот .
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Може би се намалило исселувањето на Македонците? Трчање по БГ пасоши, играње америчка лотарија...
Може би се зголемил наталитетот? Колку млади не се решаваат на брак поради економска несигурност, колку млади брачни парови остануваат со едно дете ?
...па уште и на сите неработници да им даваме пари...
Ај да ги казниме сите што неможат да најдат работа ?
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Јас не реков дека нешто сакам , само прашав што подразбираш под удобен живот . Како што напишав и погоре , со 2000 евра во Швајцарија имаш пари за задоволување само на основните потреби ( стан , сметки , храна итн ) . За некого тоа е удобен живот , а за некого основен минимален живот .

Точно дека ќе ги покриеш само основните работи како сместување и храна, но тоа се смета за удобен живот, најнеудобните чувства се немање каде да спиеш и глад. Се над тоа се смета за луксуз.
Секако овие термини се релативни, за некој од Етиопија да спие на кревет и да јаде секој ден се животна желба, а некој со Ферари и базен во домот може да смета дека се под тоа е неудобно.
Јас лично никад не би се задоволил само со покривање на основните портеби, но многу луѓе ќе бидат задоволни со тие услови.

Или пак сакаш да кажеш дека секој треба да има загарантирано место за спиење и јадење без разлика од нивниот придонес?

Најголема одбивност имам спрема луѓе кои очекуваат "универзумот" да им ги среди животите, и деке тие заслужуваат нешто само затоа што постојат.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
879
Никаде не пишав дека секој треба да има загарантиран приход од 2000 евра без разлика дали е вработен или не , само се фатив за тоа што го кажа уште во првиот твој пост за удобниот живот и твојата дефиниција што е удобен живот . Откако тоа го разјаснивме , бесполезно е уште да дискутираме околу тоа .
 
Хах, штета што не забележав дека имаш дрвен адвокат како титула.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Точно дека ќе ги покриеш само основните работи како сместување и храна, но тоа се смета за удобен живот, најнеудобните чувства се немање каде да спиеш и глад. Се над тоа се смета за луксуз.
Секако овие термини се релативни, за некој од Етиопија да спие на кревет и да јаде секој ден се животна желба, а некој со Ферари и базен во домот може да смета дека се под тоа е неудобно.
Јас лично никад не би се задоволил само со покривање на основните портеби, но многу луѓе ќе бидат задоволни со тие услови.

Или пак сакаш да кажеш дека секој треба да има загарантирано место за спиење и јадење без разлика од нивниот придонес?

Најголема одбивност имам спрема луѓе кои очекуваат "универзумот" да им ги среди животите, и деке тие заслужуваат нешто само затоа што постојат.
Токму така, „секој треба да има загарантирано место за спиење и јадење без разлика од нивниот придонес“. РМ се прокламира како социјална држава уште во својот Устав, што значи дека обврска и е да се грижи за социјално загрозените лица.
И не е „универзумот“ тој што треба да „им го среди животот“ на луѓето, туку државата (барем за основните права на граѓанинот-право на живот, храна, работа)
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
2000 евра зошто Мама и Тато ти имале швајцарски пасош...типична Националисчко-Социјалистичка (Скратено Нацистичка) Идеја...Ова ни Ади немаше да го смисли.:D
--- надополнето: 6 октомври 2013 во 23:29 ---
Хуманизам ова она ова е типчен Нацизам.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Токму така, „секој треба да има загарантирано место за спиење и јадење без разлика од нивниот придонес“. РМ се прокламира како социјална држава уште во својот Устав, што значи дека обврска и е да се грижи за социјално загрозените лица.
И не е „универзумот“ тој што треба да „им го среди животот“ на луѓето, туку државата (барем за основните права на граѓанинот-право на живот, храна, работа)

Слободно чекај реалноста да се промени според твоите очекувања. Слободно чекај државата да се промени и да ти овозможи да живееш без работа, во меѓу време стави ги твоите основни потреби на пауза. Слободно чекај го Годо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom