Барок

Дискусија во форумот 'Архитектура, дизајн и уредување' започната од The countess, 12 јуни 2012.

  1. The countess

    The countess Аристократка

    Член од:
    2 јуни 2012
    Мислења:
    147
    Допаѓања:
    88
    Барокот се појавува во кон крајот на седумнаесетиот век во Европа, во периодот кога се афирмираат големите национални монархии. Италија во овој период е расцепкана и политички слаба, а Рим и понатаму е центар на уметноста. Црквата е принудена да се спротистави на реформацијата, а промените во уметноста доведуваат до раѓањето на новиот стил, барок. Бегајќи од затворените форми, архитектите и вајарите тражат нови димезии на изразување и создаваат раскошни дела преполни со сценски иновации и движење. Сликарите и понатаму ги во центарот на вниманието ги сместуваат религиозните содржини, но се во потрага за нови ефекти во третирањето на бојата.
    Барокот го добил името по шпанскиот збор барок што значи бисер со неправилна форма.
    [​IMG]
    Основните карактеристики на барокот се согледуваат уште во ренесансните дела. Во одредена смисла барокот е негација на ренесансата бидејќи во себе содржи компоненти кои произлегуваат од средновековното христијанство. Најзначајни претставници на уметничкиот правец од ренесансата кон маниризмот и барокот неоспорно е Микеланџело Буонароти. Во текот на 17 и 18 век барокот се раширил во Европа. Има зачетоци во сите свери на животот, архитектура, сликарство, литература, музика. Тоа е последен универзален стил на Европа кој настанал во Италија и се проширил во Германија, Австрија, Франција, Холандија. Во сликарството елементите се прелеваат во илузинистички стил. Во архитектурата се појавуваат пластични елементи, а се употребува сликарството за да се емитираат елементи на градежништво (сводови, ребра и сл.). Барокот дава предност на асиметријата, заоблени облици. Елемент на барокот е движењето, динамичноста, што е спротивно на ренесансата.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]Карактеристики на барокната архитектура се монументално и грандиозност како и нагасувањето на чувствата, со цел да се створи впечаток врз човекот. Црквите требале да бидат слика од небото на земјата, а палатите и замоците да репрезентираат богатство и моќ. Основа на објектите била елипсата или нејзините елемента, а чест архитектонски елемент е куполата. Се употребувале скапи материјали, злато, благородни дрва, како и боен мермер. Претставници на барокната архитектура се Џан Лоренцо Бернини, Франческо Боромини и Гуарино Гуарини. Бернини е несомнено најзначајниот архитект кој ги изградил колонадите на базиликата Св. Петар.Барокот се формирал од темата која го поттикнувала човекот да размислува и оние кои требале човекот да го допрат длабокот за да размислува за потребата на верата. Црквата со сите средства се трудила да ја задржи положбата која ја имала. Сликарството во барокот го развивал односот на светлината и сенките и тежнеел кон развивање на динамика која потенција силна гестикулација и движење. Најзначајни барокни сликари се Микеланџело Караваџо, Дијего Веласкез, Петер Паул Рубенс, Рембрант ван Вијенс и др.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Во Барокот скулптурите се одликуваат со вознемиреност, буен волумен, и длабока моделација поради која се појавува контрастот на светлината и сенките. Вајарските дела биле декорен детаљ насекаде - во внатрешноста на градбите, во црквите, во дворците и палатите и сл. По тематиката, најчесто се обработуваат теми од христијанството, но чести се и портретските скулптури како и надгробните скулптури.
    Маринизамот нашол свој одраз и во литературата, посебно во поезијата. Во прво време се нарекува поезијата маринистичка. Маринистичките поети биле мајстори на својот занает, во изразот постигнувале непредвидена звучност, а сликовитоста и музикалноста на стиховите достигнувале врв. Се пишувале љубовни стихови, а доаѓаат до израз обидите да се опејат телесните убавини на девојката, детално опишување на женската убавина.

    Скопје 2014 -
    во нашиов град забрзано и со голема сила се удира неизбришлив печат изработен од тежок бетон, дизајниран со комбинирање на барок и неокласицизам

    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Нова барокна катна гаража во Скопје
    Glad if you find something useful :)
    V.E.N.0.M, Питу Гули !, shadow_rr и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Hiperaktiv

    Hiperaktiv Султан :P

    Член од:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    1.654
    Допаѓања:
    975
    Скапоцен период,кога би имал шанса да патувам низ времето,ви отишол баш во Италија за време на Барокот :D
    (Иако Скопје полека полека се враќа со минатото во Барокот) :P
    На Mjolnir му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Crazy in Love

    Crazy in Love The way we were...

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.701
    Допаѓања:
    21.262
    Темава ќе биде преместена во архитектура, не е за во Општи.
  4. c i t r o

    c i t r o

    Член од:
    20 септември 2008
    Мислења:
    11.114
    Допаѓања:
    7.303
    Ќе биде жустро на темава..осеќам :)
    На methMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. PewDiePie

    PewDiePie

    Член од:
    21 август 2008
    Мислења:
    12.938
    Допаѓања:
    7.126
    Цела Европа е барок,кој прошетал знае.

    Кој не ќе јаде леблебии на форуми.

    :P
  6. Сталкерот

    Сталкерот

    Член од:
    5 јуни 2012
    Мислења:
    3.031
    Допаѓања:
    3.292
    Everyone would be :pos:
    На ILoveYou му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 8848

    8848

    Член од:
    19 јануари 2012
    Мислења:
    58
    Допаѓања:
    37
    Мислам дека нема потреба катнава гаража да има барок фасада... при самата помисла дека во вакво нешто ќе се паркираат автомобили....:confused: џабе фрлени пари.
  8. Lu5

    Lu5 Som la gent Blaugrana!

    Член од:
    30 ноември 2011
    Мислења:
    2.610
    Допаѓања:
    3.647
    Да, ама за разлика од барокот во прага, рим, будимпешта, париз и други, кои симболизираат еден важен период од историјата, барокот во скопје симболизира немаштија.
    На Plavooka, NelTu и TheTrooper им се допаѓа ова.
  9. Doc Holliday

    Doc Holliday Модератор

    Член од:
    5 ноември 2010
    Мислења:
    4.653
    Допаѓања:
    3.495
    Ќе биде пак барок :D
  10. Blackout

    Blackout An emotional retard

    Член од:
    14 мај 2009
    Мислења:
    1.700
    Допаѓања:
    465
    Како се враќа Скопје назад со барокот, кога во Скопје никогаш немало барок
    --- надополнето: 12 јуни 2012 во 12:07 ---
    Цела Европа е сите периоди историски низ кои поминувала. И барок, и ренесанса и готика и модерна и се.
    Цела Македонија е турско ропство со тебе на чело.
    --- надополнето: 12 јуни 2012 во 12:11 ---
    Инаку, да се вратиме на темата додека целосно не е упропастена, мене од барокниот период најмногу ми се допаѓа Караваџо. Типот имал тестиси и на сите у фаца им рекол: „Нема да сликам како што вие мислите дека треба, ќе сликам како што е.“
    Со еден збор, не си ги фотошопирал сликите, туку ги сликал работите онакви какви што ги гледал, темни, трули, расипани.

    [​IMG]
    Ligeia, Eleanor, zmej gorjanin и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. PewDiePie

    PewDiePie

    Член од:
    21 август 2008
    Мислења:
    12.938
    Допаѓања:
    7.126
    1. Не провоцирај.
    2. .!.
  12. Blackout

    Blackout An emotional retard

    Член од:
    14 мај 2009
    Мислења:
    1.700
    Допаѓања:
    465

    Како сфати дека провоцирам жити се? Јас само заебанција пишав за ников твој и ти одма се попали. Бреј, многу лесно се провоцираш. Мислиш ли бар 2 секунди пред да се испровоцираш или онака, спонтано ти иде? И де, објасни ми за што се испровоцира. Не на темава, пошто оф топик сме ама, сепак онака...за што?
  13. ViktorDi

    ViktorDi

    Член од:
    4 јули 2009
    Мислења:
    4.252
    Допаѓања:
    2.791
    Познато ми изгледа,ка да сум го видел това деновиве:D
  14. Sungerot Bob

    Sungerot Bob Живеј го животот

    Член од:
    7 август 2012
    Мислења:
    15.838
    Допаѓања:
    23.657
    Бароков незнам зошто го донесоа кај нас...... ем не е карактеристичен за наше подрачје, ем е кич.... :)

Сподели преку: