Баерн Минхен - Борусија Дортмунд (Бундеслига, 01.11.2014, 18:30)

Кој ќе ја однесе победата?


  • Вкупно гласачи
    63
  • Гласањето е завршено на .

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.621
Поени од реакции
14.372





Во сабота, 01 ноември 2014. во 18.30ч на Allianz Aрена во Минхен гостува вечниот ривал Борусија Дортмунд. Ова дерби дава белег 10-то коло во 52-та сезона на Бундеслигата. Моментално Баерн Минхен е на прво место на табелата со дури 14 бода предност пред Борусија Дортмунд која е на 15-то место со само 7 освоени бодови.

Вовед:

Иако минатото коло Баерн одигра 0-0 на гостински терен во Менхенгладбах чија екипа е на високото второ место, во овој дуел влегуваат со предност од 14 бодови пред Милионерите од Дортмунд кои се чини дека оваа сезона фрлаат се на една карта т.е играат одлично само во Лигата на шампиони.
Во корист на Баерн говори фактот дека сите 5 натпревари на домашен терен се завршени со нивна победа и постигнати дури 18 голови. Екипата на Борусија Дортмунд се чини дека стигнува како ,,порачана", со оглед на тоа со каква криза се соочуваат.

,,Не не интересираат проблемите на Борусија. Мене ме интересира само тоа што се случува во нашиот тим. Знаеме дека ова нема да биде лесна утакмица против гостите од Дортмунд и тоа што тие моментално се вон форма во домашната лига нема нималку да ги олесни нашите подготовки за овој меч. Ќе биде сосема различен натпревар и од наш аспект и од нивен" - изјавата на голманот на Баерн, Ноер, кој во досегашниот тек на првенството е совладан само два пати.

Од друга страна за екипата на Јирген Клоп охрабруваат фактите кои се однесуваат на победите на Дортмунд против Баерн. Во минатогодишното финале на Суперкупот излегоа како победници (4:2), победија во борбата за истиот пехар пред стартот на оваа сезона (2:0), а и триумфираа на Алианц при крајот на минататата сезона (0:3).

Тука мора да се споменат и "воените" односи меѓу двата клуба, започнати со трансферот на Марио Геце во Минхен, како и заминувањето на Роберт Левандовски во истиот клуб.
Многу актуелни се и изјавите на директорот во Баерн, Румениге кој веќе неколку пати кокетира со клаузулата во договорот на Марко Ројс која изнесува 25 милиони евра.

Интересни факти:

- Овој меч ќе биде прикажан во дури 208 земји од вкупно 209 земји-членки на ФИФА, што претставува рекорд во Бундеслигата. Едиствена земја која ќе нема пренос - Северна Кореа.
- Баерн е без победа на домашен терен против Дортмунд во последните 4 дуели (1 нерешена, 3 изгубени)
- Б. Дортмунд има само 7 поени од 9 натпревари, нивен најлош период во последните 29 години.
- Баерн е непоразен во последните 13 Бундес натпревари (10 победи, 3 нерешени), најдолг период во Бундес лигата во нејзиниот сегашен формат. Последен нивен пораз е баш против Дортмунд во 30-то коло од минатата сезона.
- Б. Дортмунд има повеќе поени (9) во три натпревари во ЛШ, отколку после 9 натпревари во Бундес (7).
- Ниедна екипа нема повеќе порази од Б. Дортмунд оваа сезона (6).
- Ниедна екипа нема повеќе победи од Б. Минхен оваа сезона (6).
- Судија ќе биде Manuel Gräfe кој судеше во победата на Баерн од 3:0 на гостински терен против Дортмунд минатиот ноември.

Stats for nerds:



Претходни 5 меѓусебни мечеви:
  • [2014-08-13] Borussia Dortmund 2 - 0 Bayern Munich (DFL Supercup)
  • [2014-05-17] Borussia Dortmund 0 - 0 (0 -2 АЕТ) Bayern Munich (DFB-Pokal)
  • [2014-04-12] Bayern Munich 0 - 3 Borussia Dortmund (1. Bundesliga)
  • [2013-11-23] Borussia Dortmund 0 - 3 Bayern Munich (1. Bundesliga)
  • [2013-07-27] Borussia Dortmund 4 - 2 Bayern Munich (DFL Supercup)
Последни 5 натпревари на Баерн:
Hamburg - Bayern 0:3
Borussia Mönchengladbach - Bayern 0:0
Roma - Bayern 1:7
Bayern - Werder 6:0
Bayern - Hannover 4:0

Последни 5 натпревари на Бoрусија Д.:
Borussia Dortmund - Hanover 0:1
Galatasaray - Borussia Dortmund 0:4
Koln - Borussia Dortmund 2:1
Borussia Dortmund - Hamburg 0:1
St. Pauli - Borussia Dortmund 0:3

Кај Баерн повредени се : Швајнштајгер, Тиаго, Мартинез, Бадштубер, Реина, додека Робен е под знак прашалник.

Кај Борусија Дортмунд повреден e Нури Сахин, додека скоро залечениот Гундоган се враќа во старниот состав.

Mia San Mia или Echte Liebe ќе се знае утре после 20:15


фан-клуб Баерн Минхен & фан-клуб Борусија Дортмунд
 
Последно уредено:
M

Mario Gómez

Гостин
реина како успеал да се повреди:pos:
Прв натпревар, и тоа еден пријателски против фановите, прв допир со топката и се повреди. :cuc::cuc::cuc:
Тоа се вика нишај врата земај плата, не нашата администрација. Али мора да се одржува бројот на шпанци.:гик:
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
[DOUBLEPOST=1414795505][/DOUBLEPOST]Дортмунд очекувам ко на дрога да одиграат.....како и секогаш нели...

Конечно една победа на домашен дужи Баерн...
 
А

Атомската мравка

Гостин
- Баерн е без победа на домашен терен против Дортмунд во последните 4 дуели (1 нерешена, 3 изгубени)

Баш ради ова очекувам Баерн од прва минута да нагазат до крај и да ја наполнат мрежата на Дортмунд со оглед на нивната форма :)
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Форца нерешено... две слаби екипи... тапа дерби :D
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Добро што отвори нова тема, иначе огромна гужва ќе имаше со исполнети 2 страни за време на натпреварот.
Не знам дали ќе може да трпи таков пораст темата за Бундеслига :icon_lol:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.490
Поени од реакции
62.233
Очекувам Баерн да ги згази. Иако, ке навивам за Дортмунд.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom