ББ Кинг (Турбофолкери, обавезно кликај)

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.546
Поени од реакции
7.251
За сите оние кои мислат дека турбофолкот е единствената музика за слушање.

Riley B. King или попознат како B. B. King (роден септември 16, 1925) е најпознатиот американски гитарист и текстописец. Низ светот го сметаат како најпочитуваниот и најдобриот музичар во историјата на блузот. Еден од неговите познати заштитни знаци е гитарата "Lucille", чија традиција која започнала во 1950-тите години.



Роден во Indianola, Mississippi, Кинг поминувал голем дел од детството работејќи како закупец, и бил платен по 35 центи за секои 45 килограми памук кој ќе ги собере. Уште од мала возраст Кинг открил голема љубов кон музиката која ја свиреле блуз гитаристите Т-Bone Walker и Lonnie Johnson како и џез музичарите Charlie Christian и Django Reinhardt. Наскоро Кинг започна да култивира свои музички вештини пеејќи госпел музика во блиската црква.



Зимата 1949, Кинг свирел на игранка во Twist, Arkansas. Во тоа време просторијата се греела со буриња полни керозин кои гореле, што било вообичаено. За време на неговото свирење, две момчиња започнале тепачка, што довело до превртување на едно буре полно со керозин кој горел. Целата просторија вивнала во пламен и сите биле евакуирани надвор. Кога Кинг излегол надвор, сватил дека ја оставил својата гитара на сцената во просторијата. Тој влегол во пламенот да си ја земе својата гитара, Gibson acoustic, единствената вредна работа која тогаш ја поседувал. Двајца погинале во пожарот. Следниот ден, Кинг открил дека двајцата кои се степале и го започнале пожарот, се скарале за девојка по име Лусил. Поради ова, Кинг ја крстил својата прва и секоја наредна гитара со името Лусил, за да го потсеќа да не направи ништо слично.



Кинг започнал да свири блуз по улиците на неговиот роден град како Beale Street Blues Boy, а неговиот прв учител бил познатиот џез музичар Bukka White кој воедно бил и роднина на неговата мајка. Едно време работел како диск џокеј во Memphis, Tennessee, каде го добил името B.B. (стои за Blues Boy) King I. Кинг, доста паметно момче, сфатил дека парите кои ги заработува како тракторист, попаметно е да ги потроши за настапи низ другите градови во неговата околија, што му донело заработувачка поголема за три пати. По советот на неговиот газда, Johnson Barrett кој не сакал да го изгуби својот вешт тракторист, му предложил да се ожени со цел да ја избегне актуелната регрутација. Така, на 11 ноември 1944 Кинг се оженил за својата девојка Martha Denton. Желбата за музика кај Кинг била поголема од постојаната работа на фармата, меѓутоа не сакал да се осуди да го напушти својот газда. Еден ден додека орал, тракторот се расипал но не по негова вина. Плашејќи се како ќе изреагира неговиот газда, ја зел својата гитара и заштеда и заминал за Мемфис. Со помош на неговиот родина Bukka White во наредните 9 месеци Кинг се спрема за својот иден живот како блуз музичар. Од лекциите за тоа како се држи гитара и како се нагласуваат стиховите, најважната лекција која White го научил била да биде постојан и издржлив, основното без што денес немаше да стане B.B. King.



Во 1949 година започна со снимање на песни како "You Know I Love You," "Woke Up This Morning," "Please Love Me," "When My Heart Beats like a Hammer," "Whole Lotta' Love," "You Upset Me Baby," "Every Day I Have the Blues," "Sneakin' Around," "Ten Long Years," "Bad Luck," "Sweet Little Angel," "On My Word of Honor," and "Please Accept My Love." Во ноември 1964, Кинг го сними легендарниот албум во живо "Live at the Regal" во Regal Theater во Chicago, Illinois. Кинг го пронајде вистинскиот успех во блуз индустријата кога во 1969 ја преработи музиката на Roy Hawkins, "The Thrill Is Gone," која стана огромен хит на обете поп и рнб листи, што е вистинска реткост за еден таков музичар. Светскиот успех на Кинг продолжи во 1970-тите години со песните како "To Know You Is to Love You" и "I Like to Live the Love." Од 1951 до1985, King се појави на Billboard R&B листите неверојатни 74 пати. Во 1988 Кинг заедно со U2 ја снимија "When Love Comes to Town" за нивниот албум и филм "Rattle and Hum". Во 2000 заедно со Eric Clapton го снимаат албумот "Riding With The King". Влијанието на Кинг кон генерацијата на рок и блуз музичарите е огромно, ги вклучува Eric Clapton, Mike Bloomfield и Stevie Ray Vaughan. Буквално денес секој модерен стил, до одреден степен има влијание од слатките звуци на неговата гитара.



Кинг во 1984 година е примен во "Салата на славниот блуз", а во 1986 и во "Салата на славниот рокенрол". Во 1989 ја доби Grammy наградата за животно дело, а во 1988 е прогласен за почесен професор на универзитетите Yale и Berkeley.



На возраст од 80, Кинг живее доста исполнет и активен живот. Тој е лиценциран пилот, познат коцкар, вегетаријанец, непушач, дијабетичар и не пие алкохол. Според Rolling Stone магазинот, во 2003 Кинг е избран за најдобриот жив гитарист, и е рангиран на третото место помеѓу стотте најдобри гитаристи на сите времиња, веднаш по Jimi Hendrix и Duane Allman.

 

Negatifo

...keep Jazzing...
Член од
25 мај 2005
Мислења
180
Поени од реакции
4
Да не заборавиме дека има доаѓано и во Скопје но за жал не можев да одам, но му бев на концерт во Америка. Просто таква легенда не се испушта. :star:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
кога бил во скопје?????
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
ах ништо, тогаш не сум го ни знаел,


а читаат ли турбо фолкерите? да се образуваат малку музички
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Гижо напиша:
ах ништо, тогаш не сум го ни знаел,
Тоа беше многу јака музичка година. 96та беше Реј Чарлс па 97ма ББ Кинг и Ал Ди Меола.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Штета што кога беше во скопје бев премнногу мал за да знам да уживам во блузот.
Инаку секоја му чест, гледав документарец одамна за него заедно со него и во интервјуто , го прашаа како сака да умре.
И Кинг одговори или не сцена или во кревет (водејќи љубов)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.546
Поени од реакции
7.251
Да, беше во Скопје. Кога го прашаа од една телевизија (или радио) како ви се допаѓа нашата метропола, тој збунето наивно и искрено одговори "A која метропола"? :)

Инаку, греота е да не слушнете барем неколку од неговите песни. Јас би ги издвоил Sweet sixteen, When love comes to town, Hummingburd, Playin' with my friends, Everyday I have the blues, How blue can you get?, Paying the cost to be the boss, Fool me once, Catfish blues, има толку многу...
 

MarthaGraham

Олд Скул
Член од
21 ноември 2005
Мислења
673
Поени од реакции
8
Му бев на концертот на Џез фест, дури и у прв ред седев. И на крај фатив и една од трзалиците со негови иницијали шо ги џиткаше у публика :je: Уште ми е негде по дома.
Чоекот е легенда :icon_excl
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
лелееее и реј чарлс бил, штета бе, 1996 бев дете
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.668
Поени од реакции
21.755
бев 97 на Џез Фестивалот страшен беше не го заборавам тој концерт ама се гледаше дека беше подостарен дури тогаш цел концерт од столче го свиреше. Легенда
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Ама тоа во заградите ко да пишува НЕтурбофолкери наместо турбофолкери
 

Kajgana Shop

На врв Bottom