БАРАМ: Фирма-партнер за прибирање, селекција и сортирање пердуви од живина + ноеви

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Имам контакти и барање од сериозна италијанска фирма во модната индустрија која е во потрага по партнер, овде, во Македонија.

Фирмата се занимава со разубавување на пердуви од: гуски, шатки, кокошки (особено петли), мисирки и ноеви.

Бараат сериозен партнер кој би го правел прибирањето, селекцијата и сортирањето на пердувите.

Проектираната потреба на партнер-фирмата би се задоволила со 5-6 вработени кои би ги изведувале овие три фази и уредно и навремено би ги испраќале соодветно спакуваните пердуви во Тоскана.

Италијанската фирма (мал семеен бизнис со 60 годишна традиција) е подготвена да направи обука на вработените, а доколку пертнерството „фати корен“ и да пренесат некои фази од своето производство, заедно со својата технологија, тука, во Македонија.

Дали има некој заинтересиран или познава некого кој познава некого кој е заинтересиран?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сигурно бара и услови од фирмата партнер во Македонија.Кои се тие?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Сигурно бара и услови од фирмата партнер во Македонија.Кои се тие?
Galeotti Piume> http://www.galeottipiume.com/

The longer story:

Еден од професорите со кои сме на заеднички проект има ќерка мажена за типов чие семејство пред 60-тина години го има почнато бизнисот. Тогаш рачно ги боеле пердувите прибрани од околните села и изработувале шапки, декорации, шалови и сл.

Денес, тоа едно здраво фабриче кое иако продава и свои готови аксесоари и модни додатоци, воедно и тесно соработува со некои од поголемите модни куќи во Милано.

Во последните неколку години партнерите од Кина полека се подготвуваат да го затворат кругот кај нив, со што фирмава е на пат да го изгуби најголемиот добавувач (со кои веќе имале дистрибутивни потешкотии). Сега имаат некој актуелен партнер од Романија, ама се чини дека и тоа партнерство не е најмазно.

Мислам дека Македонија од поодамна му била на ум на газдава, пошто преку Албанија и Јонско би можел многу побрзо да ги добива нарачките. Досега не успеал да најде контакт.

Типот е спремен, доколку се увери во сериозноста на партнерот тука, да ги обучи вработените (претпочита жени, пошто станува збор за едно мало погонче каде, претпоставувам, седнати во круг, вработениве сортираат и категоризираат пердувчиња од пердуви и пердувишта и нежно ги одложуваат во паковањата обезбедени од итаљаниве, муабетејќи си притоа - N.B. ова со „жени“ мене така ми го кажаа ;) не е моја претпоставка).

Доколку тргне ОК, спремни се и дел од производството (обработка, боење и сл.) да го префрлат тука.

Етоо... Прашај друго, ако те интересира, плиз.

Аха... услови оф фирмата партнер тука...

Да организира одржлива мрежа од добавувачи (фарми (гуски, шатки, петли (не кокошки), ноеви, фазани и сл), кланици, задруги и индивидуални земјоделци)

Да обезбеди простор за работа.

Да организира навремен извоз, според нарачка...

Види, овие три се мои здраворазумски претпоставки, на кои колегава од Шведска што ми ја раскажа потребава утринава нема некои забелешки. Значи ова е 2-3 рака на информирање, ама мислам дека тоа ќе можат да си го доутаначат за многу кратко време.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
1.Значи потребно е партнерот овде да има фарма (или да соработува со фарми?) од каде ќе ги набавува овие живини?
2.Да има погон или италијанецот ќе го финансира погонот?
3.Или само да има желба за соработка,а сите почетни финансии влегуваат од Италија (вработување,барање место,соработници,отварање фирма и слино)?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1.Значи потребно е партнерот овде да има фарма (или да соработува со фарми?) од каде ќе ги набавува овие живини?
2.Да има погон или италијанецот ќе го финансира погонот?
3.Или само да има желба за соработка,а сите почетни финансии влегуваат од Италија (вработување,барање место,соработници,отварање фирма и слино)?
Вака:

1. Мислам дека нема потреба да има фарма. Мислам дека и разновидноста на пердувите ќе се смета за предност (на сајтот е наведена живината од која користат пердуви). Затоа мислам дека е најдобро тукашниве да прават некаков откуп на пердуви од разни локации.

2. „Погонот“ треба да е обврска на тукашниот партнер. Сепак, станува збор за поголема просторија... шо знам... 100-200 квадрати со магацин (влезно-излезен). Мислам дека не би требало да е некоја посебна инвестиција. Најважно би било да се направи оваа мржава за прибирање пердуви - другото е гола вода и малку ишијас ;)

3. Итаљанов бара партнер. Значи овој тука да си збрка работа све, а г-дин Галеоти, по уредна нарачка, во договореното време, на адреса на пабриката во Италија да ги добие уредно сортираните и спакувани пердуви.

Накратко, бара партнер - не инвестира.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Уште цената на пердувите да се напише и мислам дека некој може да си отвори бизнис.
Јас не се разбирам ни од пердуви,ни од живини,но верувам дека во прво време е потребна само мрежа и подрум да има некој :) Колку повеќе детали ќе наведеме,толку повеќе ќе се заинтересира некој:smir:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Така е :)
Штета што неможам веднаш да дојдам до цените, ама на сајтот има контакт информации, Галеоти е „сензибилизиран“ за надоаѓачки комуникации од Македонија и мислам дека се што е потребно е заинтересираниот да пише еден mail.

Можат слободно да се повикаат на контактов. Нешто како: „дознав преку Горазд, кој соработува со Берекет, па ме интересира кои би биле следните чекори“... или „кои се референтните откупни цени на кои можеме да сметаме“.... или „за да можеме да ги направиме првичните прсметки на исплатливоста на потфатот, сакаме да знаеме колкав би бил обемот на нарачките“...

...или нека ми пишат, па ќе им помогнам да го направат контактот... не барам провизии или проценти ;) - алтруистички е ова... или патриотски, како сакаш :)

Imam prijatel sto ima farma na noevi moze da mu kazam.
Плиз, ду. :)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Еј ова е дообра работа, ако тој таму од Италија е озбилен....треба некој да ја чапи работава, оние кои им се истурена рака на италјаниве за други СОБИРАЊА се наполнија пари ко брод....., а пердушка бизнисот одсекогаш бил доходовен иако не личи на таков...:)
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Само пазете на крај да не испадни rabotava како Swedmilk :helou:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Еј ова е дообра работа, ако тој таму од Италија е озбилен....треба некој да ја чапи работава, оние кои им се истурена рака на италјаниве за други СОБИРАЊА се наполнија пари ко брод....., а пердушка бизнисот одсекогаш бил доходовен иако не личи на таков...:)
Да не знаеш каде дополнително да ја постирам информацијава, за да дојде до повеќе очи?

Само пазете на крај да не испадни rabotava како Swedmilk :helou:
Не станува збор за купување/инвестирање во фирма. Типот бара некој кој веќе има фирма (или кој ќе си основа своја фирма тука) да му биде добавувач. Да му испраќа сортирани пердуви.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Да не знаеш каде дополнително да ја постирам информацијава, за да дојде до повеќе очи?

Не станува збор за купување/инвестирање во фирма. Типот бара некој кој веќе има фирма (или кој ќе си основа своја фирма тука) да му биде добавувач. Да му испраќа сортирани пердуви.
Понудата е одлична,само што барем јас немам слушнато некој да отворил фирма за собирање пердуви од повеќе сорти на птици во Македонија.Всушност на многумина овде тоа ќе им изгледа како заебанција.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Понудата е одлична,само што барем јас немам слушнато некој да отворил фирма за собирање пердуви од повеќе сорти на птици во Македонија.Всушност на многумина овде тоа ќе им изгледа како заебанција.
Храбриот претприемач не треба да направи ништо посебно или неверојатно.

Треба да го направи следново:

1. Да воспостави контакти со фарми и кланици и селани и да договори цена за која ќе може од нив да ги купува пердувите (кои овие или ги фрлаат или ги праќаат по фабрики кои, пак, ги користат за полнење јакни или перници - а притоа добиваат смешни пари за тоа)

2. Да собере 5-6 луѓе кои седат дома без работа и да ги седне во една поголема соба, каде овие ќе можат да ги делат пердувите по вид и големина, пакуваќки ги во калапите кои ги ги добиле од италијанскиот партнер.

3. Еден човек (најверојатно истиот што ќе ги носи несортитраните пердуви) треба да ги пренесе тие пакетчиња од собава во собулчето кое ќе служи како магацин.

4. Кога ќе се исполни нарачката, треба да ги качи пакетите на камион и да ги испрати во Италија.

Тоа е бизнисот.

Претпоставувам дека од гледна точка на инвестиции ова не би требало да надмине пар илјади евра за подготовки (бензин, телефони, и сл), кирија за првите 2-3 месеци (за околу 200 m2) и платите на вработените.
 
Mислиш на вака нешто:

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
:) :) :)

Дајте бе, контакти некои... Нели нема работа?!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom