Ања Ветерова

Член од
22 ноември 2008
Мислења
415
Поени од реакции
11
Ако не сте слушнале за ова мало девојче претходно, сигурно вртејќи по радио станиците сте ја слушнале нејзината најнова песна која ја пее заедно со Паркети (и за која е направен спот), а се вика „Јас те сакам тебе“.

Ако следите Супер Ѕвезда, тогаш сигурно сте „фатиле“ некој од нејзините настапи кои ги има на овој фестивал уште од 6 годишна возраст. Освен на македонските детски фестивали, има учествувано на интернационалниот фестивал Свит талантив, што се одржа во Киев каде го доби првото место за интерпретација, а има учествувано и на познатиот италијански фестивал „Ил пучинела д оро“ (Златна маска), на кој ја има освоено наградата „Премија еко ди Наполи“. Сега има 9 години, доволно песни за да издаде албум и на добар пат е да има успешна музичка кариера.

Мене ме интересира вашето мислење за ова мало девојче.

Некои велат дека е чудо од дете, некои дека е премногу форсирана од нејзините искомплексирани родители, некои се плашат дека за време на пубертетот ќе се промени нејзиниот глас, а некои едноставно ја жалат што и е скратено детството со големиот број настапи, шминкања, дотерувања...

Јас сметам дека е талентирана и ми е мило кога на интернет ќе прочитам доста позитивни коментари од странци за нејзиниот глас и песни, иако сметам дека малку претеруваат кога ќе ја видам на сцена нашминкана, дотерана во некакви фустани... едноставно не личи на 9 годишно девојче.

На YouTube има еден куп видеа со неа, така што можете да ѕирнете... :wink:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Всушност она прв пат пееше на Супер Ѕвезда 2003 и тоа ако добро се сеќавам на 4,5 годишна возраст.


Премногу ја форсираат за нејзина возраст, но од кај да знаеме, може ќе 'и оди како на Каролина, која се појавуваше уште од 11 години на попознативе наши фестивали. :)
Мене ми е ОК девојчево, за другите не знам.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
415
Поени од реакции
11
Па да де, она почна со Супер Ѕвезда, а сега учествува и на меѓународни фестивали.

Инаку се согласувам со тебе дека малку повеќе ја тинтраат, тоа можете да го забележите на видеото за песната „Ритам“ каде е мнооогу малечка а веќе е нашминкана и облечена неприкладно за нејзина возраст.

Само штета би било ако и се смени гласот во пубертетот...
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Антипатична ми е и ми иде да и го одвРРРРтам главчето минијатурно од вратчето. Хејтерка сум, I know.
 
Член од
3 февруари 2007
Мислења
293
Поени од реакции
30
Dobro e devojcenceto, slatka e, ima glas, plus slobodna e pred kamera veke usta mala, se canci malkicku,a toa deka ja forsiraat i ja bi rekla, ali pa zaso da ne, ako imaat nejzinite moznost, ko gi forsiraat nekoi golemi so imaat zelba da peat i imaat kes, ali samo zelba od so peele ko mali pred ogledalo, a nemaat glas, ova barem pee ubavo, ima peeno i na italijanski festival.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Антипатична ми е и ми иде да и го одвРРРРтам главчето минијатурно од вратчето. Хејтерка сум, I know.
Уф , ќути , многу вообразена ми е . И мене ми доаѓа исто.
Меѓутоа кога се однесува до вокалот , морам да кажам дека не е до толку лоша. Можеби ќе има успешна музичка кариера, кој знае?:)
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
415
Поени од реакции
11
Па добро сега... има право малку да се призанесува... ретко кој (да не речам никој) на нејзина возраст го постигнал она што го постигнала таа :smir:
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Премногу ја форсираат нејзините а и си имаат пари штом до интернационални фестивали стигнала на оваа возраст.
Ја знам од првиот настап и често сум ја гледала на емисииве и изледа како 20 годишно девојче во зборењето а не како 9 годишна:toe:
Во неа не гледам ништо детско...ја шминкаат, се облекува многу "возрасно", се однесува многу вообразено и затоа може не ме привлекува.
Ниту гласот не ми е најнај. По Супер Ѕвезда имало и детенца со поубав глас но требаат пари за да се успее на мали нозе во Македонија што Ања многу веројатно ги има:)
сепак и посакувам се најдобро и нека се спушти малце сепак е сеуште премало дете:pipi:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Девојчево супер пее, и ќе има кариера 100% сум сигурен.
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Ех, Ања, Ања, со 9 години успеа тема на форум да си добиеш:helou:

Девојчево има 9 години и за нејзиниа возраст пее одлично.Нема многу да го коментирам нејзиниот глас, ниту пак нејзините вокални способности, дека е дете.И претстои најтешкиот период,пубертетот, каде што гласот се менува, и може да доведе до драстични промени.Сепак, се надевам дека е во раце на професионалци, кои ке знаат како да го насочат развивањето на нејзиниот глас, и пред се нема да ја напнуваат со пеење во фазата на пубертетот, бидејки може да биде фатално.
Што се однесува до нејзиното однесување, апсолутно се сложувам со многумина кои негодуваа дека однесувањето и е ко возрасна особа од 20 години.Неможам да ја разберам ни неа ниту пак оној Петар Ѓурески, а уште помалку па нивните родители кои ги учат на некоја си ‘‘сериозност‘‘ уште од сега.Нека си ги олабават малку децата, сега им е време да бидат деца, после тоа сакале нејкеле ке мората да бидат сериозни.
На крај, морам да напоменам дека искрено жалам што живееме во волку неодговорна држава, и која не вложува ни гранка напор, кавите млади таленти да ги земе под своја капа и да го финансира нивното музичко образование а понатаму и кариера.:toe:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Порано можевме да наброиме 50 детски пеачи, а сега од новиве генерации само Ања ја знам. И се тоа благодарение на нејзините родители кои за среќа имаат доволно средства да ја финансираат нејзината кариера. Затоа што никој друг не вложува во децата пеачи кај нас.
Ја имам слушано неколку пати, гледано на емисии а сега со Паркети хит е ... јеее јеееее јас те сакам тебе :icon_lol:

Она што ме нервира е нејзината сериозност.
Аман дете е, нека се однесува така. Нема ништо детско во неа освен физичкиот изглед. Некогаш ја гледам на емисии нашминкана и ко тетка облечена е. Тоа многу ми пречи, кога некој го прескокнува детсвото и се однесува како 10 години постар.

И посакувам успешна кариера, а верувам ќе има и сега и понатаму.
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Девојчево ми е симпатично, харизматична е и што е најважно има добар глас. Веќе веднаш некои почнаа да плукаат по неа демек нејзините ја финансирале и слично. Ако не ја финансираат родителите кој ќе ја финансира во нашава држава во која нема пари ни за многу поважни работи?

Добро е што е финансиран некој што има талент, страшно е кога е форсиран некој кој врска нема од пеење. Сепак, родителите треба да се свесни колкав напор се сите тие снимања и настапи за дете на нејзина возраст. Треба да внимаваат да не ја префорсираат уште од рана возраст.

Сега за сега, единствена замерка ми е што премногу е нашминкана. Не мора да претеруваат со шминката и облеката, нека и го направат стајлингот во согласност со годините. Немам гледано интервју со неа, па не можам да го искоментирам тој дел.

Инаку, Ања првпат ја забележав на тема на форумов со која беше објавена вест дека македонско девојче настапило годинава на најпознатиот детски фестивал во Италија, така што ова не е прва тема за неа. Многу ми се допаѓа песната од тој фестивал. Всушност би ја ставила во топ 5 најдобри песни на нашава естрада за изминатава година. Симпатична е и песната со Паркети. Добар спој направиле.

Ќе видиме како ќе и се развива гласот понатаму. Има предуслови за добра кариера.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
415
Поени од реакции
11
Ех, Ања, Ања, со 9 години успеа тема на форум да си добиеш:helou:

Девојчево има 9 години и за нејзиниа возраст пее одлично.Нема многу да го коментирам нејзиниот глас, ниту пак нејзините вокални способности, дека е дете.И претстои најтешкиот период,пубертетот, каде што гласот се менува, и може да доведе до драстични промени.Сепак, се надевам дека е во раце на професионалци, кои ке знаат како да го насочат развивањето на нејзиниот глас, и пред се нема да ја напнуваат со пеење во фазата на пубертетот, бидејки може да биде фатално.
Што се однесува до нејзиното однесување, апсолутно се сложувам со многумина кои негодуваа дека однесувањето и е ко возрасна особа од 20 години.Неможам да ја разберам ни неа ниту пак оној Петар Ѓурески, а уште помалку па нивните родители кои ги учат на некоја си ‘‘сериозност‘‘ уште од сега.Нека си ги олабават малку децата, сега им е време да бидат деца, после тоа сакале нејкеле ке мората да бидат сериозни.
На крај, морам да напоменам дека искрено жалам што живееме во волку неодговорна држава, и која не вложува ни гранка напор, кавите млади таленти да ги земе под своја капа и да го финансира нивното музичко образование а понатаму и кариера.:toe:
Со Петар живееме во иста населба и имав прилика да го гледам на школски настапи. Детето е... не знам! Се лакира со црн лак од 8 години, глуми рокериште, носи некакви си синџири, алки со боцки, што ти знам јас, а сега ќе биде шесто одделение! За гласовни способности... ги нема којзнае колку, а да не зборам за неговото однесување кога ќе го сретнам во пицерија или во парк. Глуми ѕвезда и мисли дека сите го знаат.

Меѓу него и Ања, дефинитивно ја бирам Ања.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
По примерот на Каролина се знае,форсирај ја од мала за кога ќе порасни и да не ја бива да биде пеачка.
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
По примерот на Каролина се знае,форсирај ја од мала за кога ќе порасни и да не ја бива да биде пеачка.
Каролина е друг филм нејзе на друг начин ја спонзорирале, ајде да не кажам спонзоруша и ескорт девојка нумеро уно во Македонија.

А за девојчево незнам не сум го сретнал до сеа, ама гласов убав ми е...тоа како ке и се развива карактерот нема благе везе, сепак индивидуална работа е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom