Од тоа што сум видел на телевизија репортажи за села во Словенија можам да кажам дека прикажаа села во кои има модерни услови за живот.
Имаат одлични патишта сето тоа асфалтирано и редовно се одржувале кога има снег.
Пошти, аптеки, амбуланти, детски градинки,
па дури и домови на култура има по селата во Словенија.
Во нашите села низ Македонија немаме асфалт туку одиме низ кал, снегот не се чисти во Скопје а камоли во селата.
Кај што живеам пред недела дена дојде машина од општината и замисли снегот не го исчисти машината во цело населено место, туку само пред влезовите на неколку куќи, бидејќи тие се куќи на партиски членови.
Од едно маало домаќините собраа и дадоа кој 300, кој 500 денари и тој дибекот се согласи да им го исчисти снегот.
А гарант од општината се издвоени пари за да се исчисти цело населено место со снег, а ваму бара дибекот рекет за да чисти снег.
И после се чудиме што некој се иселува од Македонија.