Ауфвидерзен Македонијо!

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Eve edna interesna vest za Hrvatska, situacija koja sto se stremi da se odslika i vo Makedonija i za koja sto diskutirame ovde...... i mislam deka po istiot pat se dvizi i nasata drzava....
http://www.idividi.com.mk/vesti/balkan/937007/index.html
..хе , а се прашува ли некој зошто е тоа така и каде е формиран циклонот т.е зоната на низок притисок на каде се тече од онаму каде тој притисок е висок????
..каде всушност белата смрт почна да праи вакум и кои беа причините за тоа???
...без јасна дијагноза за таа бољка..., ни нема лек...:):):)
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Почнав да ја листам темава наназад, ама гледам полемизирање на некои поопшти теми за животот тука и таму. Претпоставувам дека ако продолжам да читам ќе најдам, ама многу време ќе се изгуби. Ми треба помош околу следното: Како до можност за преселување во Германија? Што би се работело таму на почеток и не ми е многу важно, побитно ми е престојот да ми биде легален. Иначе, имам завршено магистерски право, германски учам активно и 25 години имам. Пасош само македонски. Е сега, постои ли можност за одење и за работење нешто? Или евентуално преку студии? Или некој друг начин?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559

Значи само со Македонски пасош можностите ти се следни. Да знаеш одлично Германски минимум Б2 ниво и солидно искуство и само така да аплицираш и да ти дадат работна виза.
Друга можност да се запишиш на факултет, најлесно е на приватен но се скапи , дури и со ступендија ќе треба првата година сам да си ја платиш или да се пробаш на државен , но ќе можиш да работиш само пола работно време.
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Можеш и со македонски пасош да работиш. Шемата е преку Словенска фирма. Има тема
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Има тема на форумов. Шемата е стара. Мислам дека во економија и бизнис одделот на форумот има тема "фирма во словенија". Инаку има еден рамковен во Словенија кој го прави средувањето на работна виза. Не смеам да откривам повеќе детали. Човекот е од Гостивар и е број еден. Но за жал работи само преку препорака.
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210

http://www.data.si/en/

Имаш и цела тема на форумов за ова.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Почнав да ја листам темава наназад, ама гледам полемизирање на некои поопшти теми за животот тука и таму. Претпоставувам дека ако продолжам да читам ќе најдам, ама многу време ќе се изгуби. Ми треба помош околу следното: Како до можност за преселување во Германија? Што би се работело таму на почеток и не ми е многу важно, побитно ми е престојот да ми биде легален. Иначе, имам завршено магистерски право, германски учам активно и 25 години имам. Пасош само македонски. Е сега, постои ли можност за одење и за работење нешто? Или евентуално преку студии? Или некој друг начин?
Право нема да ти помогне многу во животот во странство, знаеш секое право е различно. Второ работно искуство не прочитав никакво, а веројатно и со 25 год магистратура речиси и го немаш. Но да не те откажувам во старт еве ти линкови чим знаеш германски па аплицирај. Може некој ќе те викне на интервју немој да губиш надеж, со среќа.

http://jobs.meinestadt.de/deutschland/stellen
http://jobsuche.monster.de/
http://www.jobware.de/Stellenmarkt/suchergebnis.jsp

Убаво прочитај го огласот, кои квалификации ти се бараат. Не е како во Македонија имам една точка, десет немам и аплицирам. Овде апликацијата е 90% од вработувањето. На интервју идеш само да потврдиш и да договориш плата. За апликација задолжително св по германски тек значи само она што треба ништо друго. Се она што ќе наведеш треба да го знаеш како оче наш, не е како кај нас да лажеш ќе те избркаат веднаш. Со св некаде бараат мотивационо имаш примери на нет, задолжително дипломата преведена на германски со нотарска завера во пакет, препораки од работни места со контакти да те проверат. Апликацијата треба да е комплетна.И слика од табло, никако во друга сечена верзија тагнат во кафич.

Работно искуство исклучиво од областа во која аплицираш. Пример ако си ревизор, работев ревизор во Телеком од до на тоа работно место со следниве одговорности. Ако си програмер, сум работел на овој и овој проект од до, ова ми беа одговорности. Значи бидејќи имам прочитано секакви св ова е до сите совет, значи апсолутно немојте во апликација за административна работа пример: Имам работено во Америка продавав карти за забавен парк. Две годишно работно искуство на брод собар. Мислам го зема сивито и го фрла низ прозор.

Работно искуство значи работно искуство, не значи пракса, не значи волонтирање, значи работење по склучен работен договор на плата и обврски. Бидејќи си правник сигурно си ја минел обуката кај адвокати за правосуден или во суд, значи не пишувај работно искуство, тоа е дел од факултет, пракса.

И секако може со македонски пасош каде сакаш во Свет, само имај ги бараните квалификации и знаења. Апсолутно нема никаква пречка пасошот наш. Само месец дена покасно почнуваме со работа, мора да се вратиме по виза и да ја чекаме. Тоа на никој не му е проблем, секако не бараат од денес за утре се има план.
 
Член од
24 јули 2014
Мислења
118
Поени од реакции
64
Хм зависи. Ако се усмере на Corporate Law, аквизиции и слично знам пар луѓе што успеаа во UK и USA. И се дебело платени. Околу пасошот и квалификациите - зависи за што аплицираш. Ако е дефицитарен кадар тогаш си во игра, инаку одма ти прават дисквалификација квалификациите :)

Совет (Маја Синадиновска стил), странците повеќе се палат на Achievements него на реферати кај сте работеле и за кого сте работеле. Добро CV има ударен пасус со Achievements и главни атрибути и е макс 2 страни, лошо CV е 10 страни драпање и препорака од 50 страни од невладината на теткати.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=239BF024B3DB954A8A2E97EF4BA89931

Во случајот со Македонија, германските статистички податоци покажуваат дека бројот на македонските граѓани кои добивале германски државјанства од 2006 година наваму се намалува. Така, од 1.106 лица лани стигнал до 862.

Сличен е трендот и кај Бугарија од каде што во 2006 година, пред влегувањето на земјата во Унијата 409 лица добиле германско државјанство, а тој број секоја година се зголемува, па лани достигнал 1.790

Кога ќе споредиме со Бројот на жители значи први сме во иселување :)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Почнав да ја листам темава наназад, ама гледам полемизирање на некои поопшти теми за животот тука и таму. Претпоставувам дека ако продолжам да читам ќе најдам, ама многу време ќе се изгуби. Ми треба помош околу следното: Како до можност за преселување во Германија? Што би се работело таму на почеток и не ми е многу важно, побитно ми е престојот да ми биде легален. Иначе, имам завршено магистерски право, германски учам активно и 25 години имам. Пасош само македонски. Е сега, постои ли можност за одење и за работење нешто? Или евентуално преку студии? Или некој друг начин?
..пробај со некои постдипломски, докторски или така нешто , само така можеш со право како струка..,да најдеш некој ПРАВЕН процеп, инаку таму немаш шанса. Да беше барем инжињер..или медицински брат... Во принцип многу тешко можеш да легализираш престој , но можеш да растегнуваш со студиите додека Македонија не стане членка на ЕУ или не исчезне од лицето на земјата...тебе ќе ти дојде исто..остануваш во Германија.....:):)
 
Член од
24 јули 2014
Мислења
118
Поени од реакции
64
Студии ти е најбезболно. Пробај на mastersportal.eu да најдеш некои студии што се ефтини (има и бесплатни) среди малце CV-то прочитај нешто плус за програмата што ќе аплцираш и ете ти ја картата за Џермени. Пошто си правник, единствена шанса тие Business Law, немора да ти кажувам и дека е доста платено ако ти фаќа кликерот. И доктори и инжењери ќе ти се фатат за мал прст.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom