Аронија-ваши совети и искуства

Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Мислам дека некој во Пехчево имаше насад на аронија (и малини исто одгледувал истиот човек), гледав еднаш на Фармер баш имаше тема за тоа, подетално нешто не ми текнува, но кажуваше дека е доходовна дејност и дека имало пласман.
Можеш да се јавиш во А1, во редакцијата на Фармер или некаде на нет ако е поставена емисијата:toe:
Да ДЕВОЈКА, тоа е мојот дедо, Ѓорѓи Поповски се вика. Има расад, плод, сируп, сок се има. Информации ПП.
 
T

Tetro

Гостин
Да ДЕВОЈКА, тоа е мојот дедо, Ѓорѓи Поповски се вика. Има расад, плод, сируп, сок се има. Информации ПП.
Леле. Сега ќе те преплават со ПП-ки :)

Напиши на кратко:
- Колку има посадено?
- Колку бараат грижа насадите?
- Дали има откуп/пласман?
- Како оди откупот?
- Колку пари се зема? (ова последно е, ама најбитно е од се)
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Друже не се замарам околу тоа ја. Одам само да му помагам. Да ми дава пара де : ) ) Ако сакаш ќе ти дадам број, контакт па со него разбери се.
 
T

Tetro

Гостин
Друже не се замарам околу тоа ја. Одам само да му помагам. Да ми дава пара де : ) ) Ако сакаш ќе ти дадам број, контакт па со него разбери се.
Уживај си бе. Најдов нешто на нет http://notformen.mk/zdravje-i-fitnes/zdrava-ishrana/2262-aronija-zrnesto-ovosje-so-mnogu-vitamini.html

Ако ми текне за садење, ќе дојдам и до Пехчево :)
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Уживај си бе. Најдов нешто на нет http://notformen.mk/zdravje-i-fitnes/zdrava-ishrana/2262-aronija-zrnesto-ovosje-so-mnogu-vitamini.html

Ако ми текне за садење, ќе дојдам и до Пехчево :)
Како што сум пишувал порано, пробав аронија и има вкус на боровинки. Имам посадено три корена. Знам дека бараат вода и никаква употреба на хемиски препарати. Ако добро се сеќавам, ти имаш проблеми со чир ... корисна е за луѓе кои боледуваат од чир. Што се однесува до корен аронија, мислам дека чини некаде околу 300 ден. Тоа се вака брзи информации што ми дојдоа во овој момент.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
:pos: Си ме замешал многу, никогаш не сум имал чир, ни боровинки. Само за бизнис прашав, на стари години да има што да берат внуците :)
:) од аронијата ќе да е мојата грешка :). Извини, отвараше некој тема за проблеми со чирот,ама сум помешал. Немој да консумираш аронија како мене, гледаш што може да ти се случи :):smir:
 
Член од
23 март 2009
Мислења
719
Поени од реакции
553
Да ДЕВОЈКА, тоа е мојот дедо, Ѓорѓи Поповски се вика. Има расад, плод, сируп, сок се има. Информации ПП.
дај остај број да го исконтактирам дедо ти.
татко ми има посадено во двор но некако почнаа да се сушат неколку листови.па ме интересира како да го одгледуваме.
редовно му ставаме вода,на сонце е .....незнам зошто се сушат листовите.и друга работа да викажам.го напаѓаат мушички.немој да мислите дека е отпорно на се.го напаѓаат мушички кој се закачуваат на долниот дел од листот.
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Имаме плод и садници аронија, малина, контакт и информации по ПП.
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Почна продажбата на аронијата, моментално имаме плод од аронија и сируп од аронија, во ноември ќе почнеме со садниците, ако ве интересира цена и слично пишете ми(ПП).
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Еве мала помош: пред две години насадив стебленце чисто од радозналост. Ептен е лесно за одгледување; втората година веќе има плод, ништо не бара освен дожд понекогаш. Според мене поисплатливо нешто за одгледување нема!
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.162
Поени од реакции
15.952
Еве мала помош: пред две години насадив стебленце чисто од радозналост. Ептен е лесно за одгледување; втората година веќе има плод, ништо не бара освен дожд понекогаш. Според мене поисплатливо нешто за одгледување нема!
Втора година?
Моиве пролетоска посадија, пред недела дена имаше неколку зрнца извадено.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Втора година?
Моиве пролетоска посадија, пред недела дена имаше неколку зрнца извадено.
Моиве изгледа касно палат, ама добро е и втора година :)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Aбе не заебавај Конкретен,сето ова е за пензионери кој нема што да работат па ај за рекреација малку ќе одгледуваат Аронија или Малини и по некој полжав.Па ако нема пласман барем нема да умрат гладни.На младите им треба вистинска работа,барем по 50 евра на ден да заработуваат,а тоа сигурно нема да биде со вакви “алтернативи“.:smir:
кај си бе АВС - незнаеш колку фалиш на форумов:icon_lol:[DOUBLEPOST=1393761934][/DOUBLEPOST]успат
http://alternativa-webshop.com/aronija-maticni-sok-opg-medic.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom