Анксиозност

Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Tret pat po red vo period od 3 meseci pijam vakvi lekarstva ... nekolku dena piev Paroxetine i vo stomakot mi napravija haos i zatoa gi bataliv, posle mesec dena pak istite Paroxetine gi piev nekolku dena i potpolno istata rabota i pak gi ostaviv, sega veke edna nedela pijam nekoi Asentra/Sertraline i potpolno istoto cuvstvo kako i so Paroxetinot ... stomakot mi go duvaat kako tapan, poln so gasovi, so denovi nevozmoznost izleguvanje po golema nuzda, zeludnikot go osekam kako da mi e prepoln so hrana 24/7 iako jadam dosta malku, ovie apcinja mi go unistuvaat apetitot t.e. stomakot go osekam poln postojano, a slabo vnesuvam hrana !
Jas dodusa uste pred tri meseci otidov po lekari da baram pomos poradi fizicki problemi cesti vrtoglavici, tahikardii, oteznato disenje i.t.n. a tie mi dadoa vakvi apcinja koi se protiv depresija i panicni napadi bog da cuva, neznam dali da gi pijam ili ne ?!
Не би ти препорачал да ги пиеш овие лекарства ни тебе ни на боло кој друг. Малце по опширно ќе објаснам зошто ова е доста комплексно прашање, па се надевам дека ќе му биди од корист на сите што ќе го прочитаат:

Лексарствата како Paroxetine, Sertraline, Citalopram, Escitalopram, Fluoxetine, Duloxetine, Venlafaxine и др. спаѓаат во група на лекови наречени SSRI/SNRI и работат на тој принцип што го инхибитираат повторното превземање на Серотонинот, а некои од нив и на Норепинефринот. Тие не го зголемуваат серотонинот во мозокот туку создаваат поголема концентрација на веќе постоечкиот Серотонин.
За депресијата се наметнува тоа дека настанува заради "Хемиски дисбаланс во мозокот" односно низок Серотонин, а тоа е мит затоа што не постои тест со кој што може да се испита количеството на Серотонин кај човекот, а и во голем број од случаите не е серотонинот виновникот за настанување на депресијата кај личноста.
Да беше толку едноставно да се реши депресијата преку овие апчиња сите ќе ги пиеа и немаше да постојат депресивни личности.
Со самото почнување на оваа терапија се креира тоа за што е наменето да се лекува: "Хемискиот Дисбаланс".
Покрај тоа почнувањето на терапија со овој тип на лекарства носи многу несакани дејства како што се: Силна главоболка, Гадење, Сува уста, Несоница, Луицидни соништа, Зашеметеност, Поспаност, Сексуална дисфункција, зголемен ризик за самоубиство и др.
Уште еден несакан ефент од овие лекарства е т.н. "Серотонин Синдром" односно преголемо количество на Серотонин во мозокот што носи несакани дејства како што се: иритабилност и немир, збунетост, брзо чукање на срцето и зголемен крвен притисок, зголемено/интензивно потење, болки и грчеви на мускулите, треска, ежење на кожата, а по ретки интензивни случаи: високо покачување на телесната температура, епилептични напади, без свест.

Дури и кога причината за настанување на депресија кај одредена личност е намалено ниво на Серотонин не би ги препорачал овие лекарства затоа што тие нема да го решат основниот проблем за настанување на недостатокот на серотонин. Можеби ќе ги олеснат симптомите на депресија но во никој случај нема да го решат основниот проблем за нејзиното настанување.

Начини на кои што прородно може да се Зголеми количеството на серотонин:

90% од серотонинот се создава во дигестивниот систем, преку внесување на храна богата со амино киселината L-Tryptophan, која е прекурсор за создавање на серотонинот. Нај големо количество на L-Tryptophan има во: риба, јајца, млечни производи (најмногу во сирењето), месо (пилешко, зајачко, говедско, свинско), јаткасти плодови (најмногу во семки од тиква), мусли, грав, црно чоколадо (какао) и др. Исто така важни ко-фактори при настанувањето на сеторонин имаат адекватно/оптимално количество на железо, магнезиум, витамин Б6 и витамин Ц во организмот, како и внесување храна богата со јаглени-хидрати како: тестенини (во ограничени количини), ориз (препорачливо кафеав), грав, леќа, компир, јаткасти производи, банани, грицки и др.
Исто така има суплемент како што е 5-HTP, кој со внесување во организмот се претвора во серотонин.
Некогаш и покрај редовно внесување на храна богата со L-Tryptophan, доага до недостаток на серотонин, заради несоодветно дигестирање на храната, како последица на недостаток на дигестивни ензими и корисни бактерии во дигестивниот систем.
Во овој случај суплементи како што се дигестивни ензими и пробиотици (пр. Mezym, Linex, ProLife), можат да бидат од корист.

Но некогаш и покрај горенаведените обиди природно да се зголеми количеството на серотонин, не доаѓа до подобрување на депресивните симптоми на личноста (за ова зборувам од лично искуство што не мора да значи дека ќе биде исто кај сите, сепак вреди да се проба).

Исто така големо влијание има и тоа каква личност сме, односно каков карактер имаме, (какви сме се родиле), како сме воспитани, но и што прифаќаме како мислење односно како гледаме на работите во секојдневниот живот.

Пример ќе земам:

"Злобната" личност страда од љубомора, завист, негативно реагира на добрина, гледа да се задоволи најпрво себе, без да мисли на другите, не сака да гледа да му е добро на другиот, да биде по успешен од него/нејзе во физичка/карактерна/материјална/финансиска смисла. Ужива да оговара и се сити на туѓата мака и неуспех.

"Добрата" личност не сака и не трпи неправда, им помага на другите и покрај тоа што се загрозува себеси, не сака да му грешат, не умее да мрази и сака да биди ценет/а и почитуван/а од сите, кога греши е самокритичен/на кон самиот себеси. Среќен/на е на успехот на другите.

Не постои 100% добра или 100% лоша личност, сите ги имаме овие карактеристики но тежнееме повеќе на една или на друга страна.

Кога личноста е опкружена со околина во која карактерно не може да се вклопи доаѓа до психички тегоби како што се депресијата, анксиозноста и др.

Исто така би сакал да го спомнам и модерниот начин на живот, гледање на тоа кој како е облечен, каква кола вози, колку лајкови збира на ФБ, гледање преку призмата на парите и визуелната убавина, секој е во трка да биде подобар од некого и да има повеќе, без да размисли на тоа дека на светов има луѓе што немаат што да јадат или боледуваат од тешки болести, инвалидност, па пак се среќни и радосни.
Некогаш причина е токму спротивното, кога човек или фамилија не може да успее да врзи крај со крај и покрај тоа што напорно работи и се мачи.

Тука веќе серотонинот нема никаква врска.

Ги пијам поради одредени кардиолошки проблеми, но се си мислам дека истите ми се јавија не поради одредена кардиолошка патологија, туку баш поради анксиозноста. Поточно нетипично покачен пулс и притисок, во дадена стресна ситуација. После недела дена пиење почувствував осетно подобрување на одредени сензации, т. е. симптоми кои ги поврзувам со анксиозност. Како трема и претерано возбудување. Не ни знаев како делуваат дур не се почувствував како поопуштен, па гуглав после тоа.

Не би ти препорачал на своја рака да пиеш бета блокатори, иако истите, барем мојот-Небилет го даваат и без рецепт. Се мислам дали да продолжувам, зашто после миљон испитувања се испостави дека кардиолошки сум ок, па дали вреди да се пие поради анксиозност или сам да се соочувам и борам со истата а не со лекови(не би го пиел лекот најмногу поради можноста за еректилни дисфункционалности, но еве за месец дена скоро не приметив такво нешто). А и зошто да пијам лекови, кога изворот на проблемот е од различна природа.
Секој различно реагира и има различни симптоми на анксиозноста, кај мене пак колку и да ми е лошо и колку и да се интензивни симптомите никогаш не сум имал зголемен пулс или притисок. Притисокот ми е секогаш околу 120/70.

Небилет (Nebivolol), влијае само врз бета1 рецепторот, без никакво влијание врз бета2 рецепторот. За олеснување на симптомите на анксиозност по важно е влијанието врз бета2 рецепторот. Такво влијание имаат бета блокаторите Atenolol и Propanolol. Но ти најдобро си знаеш какво влијание има лекот врз твојот организам. Овие лекови можат да се земаат и по потреба, така да не е неопходно континуирано да се примаат за да се постигни одреден бенефит.

Во секој случај не се решение на проблемот, туку повеќе како олеснување на симптомите за до некаде по лесно да можеме да се соочиме со проблемот/проблемите што ја создава/ат анксиозноста.
 
Последно уредено:
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Постои ли некој на форумов што со помош на психијатар успеал да ја надмине анксиозноата. Ми треба препорака за добар психијатар во СК. Ми треба доктор што повеќе ќе разговара со мене, а помалку ќе препишува лекови т.е. ќе ми помогне да го најдам коренот на проблемот. Знам дека ова се постигнува со КБТ, но моментално не можам да си ја дозволам. Ако можев финансиски да си ја дозволам можеби немаше ни да ми треба :D . Ценам мислења од паталаец, посебно од некој што успеал да ја надмине оваа состојба.[DOUBLEPOST=1483377030][/DOUBLEPOST]
Среќна Нова 2017-та Година на сите !!! Да сте живи и здрави ... друго се сами можете да си постигнете ! Поздрав ! <3
Среќна и на тебе драга анксиозна пријателке
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.731
Поени од реакции
24.344
Постои ли некој на форумов што со помош на психијатар успеал да ја надмине анксиозноата. Ми треба препорака за добар психијатар во СК. Ми треба доктор што повеќе ќе разговара со мене, а помалку ќе препишува лекови т.е. ќе ми помогне да го најдам коренот на проблемот. Знам дека ова се постигнува со КБТ, но моментално не можам да си ја дозволам. Ако можев финансиски да си ја дозволам можеби немаше ни да ми треба :D . Ценам мислења од паталаец, посебно од некој што успеал да ја надмине оваа состојба.[DOUBLEPOST=1483377030][/DOUBLEPOST]
Среќна и на тебе драга анксиозна пријателке
Милка Ололоска. Сеуште немам искуство со неа, ама жената ми делува доста устручена. Мислам дека наплаќа 1000 денари од сесија. Провери ѝ ги видеата на јутуб, ќе ставам некое кога ќе имам време(ако не се лажам имам ставено едно од неа во темата за панични напади). Еве ѝ го фејсбукот, можеш да ја контактираш и да ја прашаш за повеќе инфо.

https://www.facebook.com/ololoska.milka?fref=ts[DOUBLEPOST=1483381304][/DOUBLEPOST]

https://www.facebook.com/ololoska.milka?fref=ts
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Постои ли некој на форумов што со помош на психијатар успеал да ја надмине анксиозноата. Ми треба препорака за добар психијатар во СК. Ми треба доктор што повеќе ќе разговара со мене, а помалку ќе препишува лекови т.е. ќе ми помогне да го најдам коренот на проблемот. Знам дека ова се постигнува со КБТ, но моментално не можам да си ја дозволам. Ако можев финансиски да си ја дозволам можеби немаше ни да ми треба :D . Ценам мислења од паталаец, посебно од некој што успеал да ја надмине оваа состојба.[DOUBLEPOST=1483377030][/DOUBLEPOST]
Среќна и на тебе драга анксиозна пријателке
И не е толку лошо да си анксиозен ;) Тоа само значи дека мозокот ти работи 200 на саат и дека ја запериметуваш секоја ситница, и дека по малку си себичен (едноставно кога стануваш свесен дека си анксиозен, стануваш и по малку себичен од причина што приоритет им даваш на твоите проблеми бидејки ужасно ти сметаат, размислуваш само на тоа како да си го средиш проблемот и сл.). Проблемот со анксиозоста се нејзините симптоми ... Јас имав третмани и со лекарства и со разговори (по 1 час на почетокот секоја недела, потоа почнаа да се оретчуваат) и сето тоа на фоднот беше, значи со 150 ден. поминував. Не сум од Ск, за да ти препорачам, но анксиозен ум, многу тешко се менува, да не речам и не се менува ... доколку ги надминеш симптомите, потоа е полесно, но сепак на секој проблем (бидејки нели проблемите се неизбежен дел од животот), мозокот пак ке ти работи 200 на саат ... тоа е главниот проблем кај анксиозноста, што и не значи дека е нешто лошо ... кога симптомите како напади, висок притисок, срцебиење и сл. ке ги изрегулираш (дали сам или со лекови, сеедно), поентата понатаму е да научиш како сам да си го менаџираш начинот на размислување и начинот на живот, без притоа да ти претставува тоа поголем проблем. Крај на крај па и не мора на секое прашање да добиеме одговор ... каде е коренот на анксиозноста? Што е битно ? Битно е како понатаму без неа (или со неа) ;)
Ова од некоја што си мисли дека повеќе не е анксиозна :) туку е само посебна :Pкако и сите вие тука што сте, посебни ;)
 
D

Daedalus

Гостин

Не значи дека имаш корен на некој проблем којшто ако го решиш, магично ќе ти исчезме анксиозноста. Ок си се КБТ и ЕТ ама само у комбинација со фармаколошка терапија. Анксиолитици помагаат привремено, ССРИ на подолги дистанци. Иди кај Викторија Вујовиќ, она е професор на „Психијатрија" и комбинира психотерапија со апови.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
И не е толку лошо да си анксиозен ;) Тоа само значи дека мозокот ти работи 200 на саат и дека ја запериметуваш секоја ситница, и дека по малку си себичен (едноставно кога стануваш свесен дека си анксиозен, стануваш и по малку себичен од причина што приоритет им даваш на твоите проблеми бидејки ужасно ти сметаат, размислуваш само на тоа како да си го средиш проблемот и сл.). Проблемот со анксиозоста се нејзините симптоми ... Јас имав третмани и со лекарства и со разговори (по 1 час на почетокот секоја недела, потоа почнаа да се оретчуваат) и сето тоа на фоднот беше, значи со 150 ден. поминував. Не сум од Ск, за да ти препорачам, но анксиозен ум, многу тешко се менува, да не речам и не се менува ... доколку ги надминеш симптомите, потоа е полесно, но сепак на секој проблем (бидејки нели проблемите се неизбежен дел од животот), мозокот пак ке ти работи 200 на саат ... тоа е главниот проблем кај анксиозноста, што и не значи дека е нешто лошо ... кога симптомите како напади, висок притисок, срцебиење и сл. ке ги изрегулираш (дали сам или со лекови, сеедно), поентата понатаму е да научиш како сам да си го менаџираш начинот на размислување и начинот на живот, без притоа да ти претставува тоа поголем проблем. Крај на крај па и не мора на секое прашање да добиеме одговор ... каде е коренот на анксиозноста? Што е битно ? Битно е како понатаму без неа (или со неа) ;)
Ова од некоја што си мисли дека повеќе не е анксиозна :) туку е само посебна :Pкако и сите вие тука што сте, посебни ;)
Анксиозноста во принцип е страв од иднината,од несигурноста шо ќе ми се случи утре!Помалце мисли појке акција тешко ама остварливо.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
@MaximusMKD, проба ли нешто од суплементите?
Tret pat po red vo period od 3 meseci pijam vakvi lekarstva ... nekolku dena piev Paroxetine i vo stomakot mi napravija haos i zatoa gi bataliv, posle mesec dena pak istite Paroxetine gi piev nekolku dena i potpolno istata rabota i pak gi ostaviv, sega veke edna nedela pijam nekoi Asentra/Sertraline i potpolno istoto cuvstvo kako i so Paroxetinot ... stomakot mi go duvaat kako tapan, poln so gasovi, so denovi nevozmoznost izleguvanje po golema nuzda, zeludnikot go osekam kako da mi e prepoln so hrana 24/7 iako jadam dosta malku, ovie apcinja mi go unistuvaat apetitot t.e. stomakot go osekam poln postojano, a slabo vnesuvam hrana !
Jas dodusa uste pred tri meseci otidov po lekari da baram pomos poradi fizicki problemi cesti vrtoglavici, tahikardii, oteznato disenje i.t.n. a tie mi dadoa vakvi apcinja koi se protiv depresija i panicni napadi bog da cuva, neznam dali da gi pijam ili ne ?!
Дали ги имаш овие проблеми кога не ги пиеш? ова што го опишуваш е 99% IBS, т.е. апчињата ти предизвикуваат IBS напад. Ај послушај ме, купи чај од пеперминт, и стави 3-4 филтер кесички наместо 1, во 300мл вода и конзумирај го.

Друго, да погодам, со магнезиум не проба, така? :)

Повели едно видео за тебе

Последно уредено:

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Постои ли некој на форумов што со помош на психијатар успеал да ја надмине анксиозноата. Ми треба препорака за добар психијатар во СК. Ми треба доктор што повеќе ќе разговара со мене, а помалку ќе препишува лекови т.е. ќе ми помогне да го најдам коренот на проблемот. Знам дека ова се постигнува со КБТ, но моментално не можам да си ја дозволам. Ако можев финансиски да си ја дозволам можеби немаше ни да ми треба :D . Ценам мислења од паталаец, посебно од некој што успеал да ја надмине оваа состојба.[DOUBLEPOST=1483377030][/DOUBLEPOST]
Среќна и на тебе драга анксиозна пријателке
Јас сум ја надминал анксиозноста и паничните напади без психијатар.

Но ми значеа разговорите (не долги, онака 10-15 минути) со матичниот лекар, бидејќи увидов дека знае како и што се случува со организмот во тие моменти. Тоа ми помогна да се мотивирам да му верувам и за останатиот дел - дека ова е минлива, честа состојба кај младите, дека сите тие страшни појави не се животозагрозувачки, дека треба да се релативизираат негативните чувства и стравот, дека треба да се издржи додека ние самите постепено во текот на еден релативно подолг период не успееме да се избориме со симптомите на депресија и чувството на анксиозност, и дека лекарствата немаат некој посериозен негативен ефект иако може во текот на нивното земање спорадично да се појавуваат мачнина, поспаност, немир и други..

Познавам и други лица кои успејаа на тој начин. Всушност мнозинството луѓе (90%) кои патат од анксиозност успеваат да ја надминат таа состојба за година, две или три во зависност од човекот и карактерот, а тоа искуство им помага во животот понатаму да се справат со различни тешкотии.

Ви посакувам успех и не престанувајте самите да бидете позитивни и со упорност да ја надминете анксиозноста. А се друго само по себе ќе се среди. ;)
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
@karan ти благодарам многу на советите, со особено внимание ги читам твоите постови на оваа тема и гледам што повеќе да ги применувам во пракса. Јас го имам детектирано проблемот кај мене, мислам дека ми се случува obsessive negative thinking и overtinking што ми предизвикува анксиозност и депресија. Тешко е навистина да се зауздаат тие негативни мисли, катастрофализацијата и правење планини од ситни трошки.

Во суштина мислам дека е кај мене е проблем мисловниот процес. Таков карактер сум по природа, емотивен, чувам во себе и не искажувам. Но сега мислам дека ќе пукнам. Тука ми се јавува и друг проблем што околу мене нема стабилни луѓе на кои може целосно да се потпрам да ме ислушаат без осудување. Додуша само мајка ми е расположена да ме сослуша за се што ми лежи на душата, но не можам пред неа бидејќи и таа е веќе болна - дијабетичар 4та година по ред. Ако почнам да и кажувам се што чуствувам жената дополнително ќе ја разболам, а гледам колку повеќе што можам да ја поштедам.

Матичната докторка кај мене е навистина професионална личност, пристапна и полна со разбирање. Но финтата е тоа што се гледа да реши со упат и рецепт.[DOUBLEPOST=1483790805][/DOUBLEPOST]
Всушност мнозинството луѓе (90%) кои патат од анксиозност успеваат да ја надминат таа состојба за година, две или три во зависност од човекот и карактерот, а тоа искуство им помага во животот понатаму да се справат со различни тешкотии.
Ова навистина многу ме охрабрува да продолжам со борбата и да не се откажам. Моментално конзумирам асентра минимални дози 50мг, вежбам самозиложување т.е. почнувам да ги правам сите оние работи што ме плашат и се трудам да правам се она што досега не сум го правел и да бидам се она што не сум бил, плус промена на светоглед (овој дел најтешко оди), но сеуште учам да ја разберам состојбата.
 
Последно уредено:
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
@MaximusMKD, проба ли нешто од суплементите?
Не успеав да ги нарачам од финансиски причини, се надевам во најблиска иднина ќе успеам да ги пробам. Би му дал приоритет на следниве суплементи и им препорачувам на сите, што страдаат од депресија и анксиозност да пробаат некој од нив:

- Ашваганда (Ashwagandha):

- Пасифлора (Passionflower):

- Валериан (Valerian):

- Тулси (Holy Basil):

- Magnesium:

- Vitamin D3:

Имам уште неколку суплементи што би ги пробал, но прво би ги пробал овие што ги набројав. @Psyside веќе напројав некои што ми советуваше да ги земам, кое е твоето мислење за овие суплементи и дали имаш пробано некои од нив?
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Тие кои ги препорачав се по моќни и имаат по осетно дејство, од овие што си ги набројал магнезиум-от веќе го препорачав како и D3, Ашваганда е одличен адаптоген.
 
Последно уредено:
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Тие кои ги препорачав се по моќни и имаат по осетно дејство, од овие што си ги набројал магнезиум-от веќе го препорачав како и D3, Ашваганда е одличен адаптоген.
Како што напоменав во темата што ја отворив имам пробано и Ашваганда и Пасифлора, но во многу краток временски период, и би сакал да ги конзумирам повторно на подолг временски период (60-90 дена минимум). Моментално финансиската состојба ме спречува да нарачам, но се надевам ќе имам можност што поскоро. Би сакал да те прашам дали можат да се додадат овие две билки во шемата што ми ја предложуваш, исто така читав дека Magnesium Glycinate може да ја зголеми анксиозноста кај одредени личности и повеќе се препорачува Magnesium Citrate, односно суплемент како што е Natural Calm.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom