Андроид vs IOS

Член од
21 јули 2009
Мислења
31
Поени од реакции
12
Разгледував на форумов и изненадувачки после илјадниците споредби на фејсбук ниту една нема на кајгана. На темава не планирам да ги споредувам туку планирам да ги критикувам. Како личност што малку од малку се разбира, сум прочепкал нешто низ софтвери, сум поправал некој хардверски ситници како менување стакло и сл. Не сум ескперт ниту знам да кодирам ама знам што е добро а што не. Бев долгогодишен корисник на андроид и едноставно го обожував заради тоа што ти дава можност за "кастомизација" (не знам како би го кажал ова на македонски..), прикладен е, опциите ти се на дофат и си ги местиш како сакаш и тн. Пред месец дена се разочарав со тоа колку самсунг ги боли к*р за корисниците. Океј ајде разбирам користев galaxy s5 телефон стар 2 години. Ама на толкава рам меморија, процесор и незнам уште што, ти да не направиш еден асолен софтвер на кој само ке му треба надоградба? Толку многу се изнервирав што сакав да го искршам буквално, како може еден уред со четири јадрен процесор 2.5ghz толку многу да лагира при отварање на еден интернет пребарувач кога најмногу ти треба. Зошто не е направено ограничување на процесите и задржување на некои 10% слободна рам меморија која би се користела во случај на фул рам. Ама не нели андроид работи на принцип колку можно повеќе апликации за да побрзо се отварале и кога ќе се преполни рамот процесорот прегрева да исклучи едно 2-3 апликации па да можеш да отвориш нова, драгоцено време кога ти треба нешто хитно.
И таквото искуство ме натера да го продадам андроидот и да го купам скапоцениот ајфон, толку многу познат, пофален и незнам што.
После споредбите и консултациите сфатив дека со тој буџет можам да си дозволам еден 5с со мизерно мал дисплеј од 4 инчи. Префрлањето од 5 на 4инчи ми беше искрено пекол ми се чини дека ги кршев прстите дури пишував, ама кога немаш буџет немаш нели.. И така јас пробувам да се навикнам на 4 инчи и после еден месец конечно успеав. Сега пишувам без проблем на мизерниот 4 инчен дисплеј на кој што можеш да ги приметиш пикселите ако го доближиш малку. Ама нели ајфон е де, има фингерпринт кој што го користев 2 дена дури ми беше интересно и веќе третиот ден стана толку многу иритантно и непрактично заради тоа што кога ќе се испоти нема теоретски шанси да го препознае, па после 3 обиди мораш да внесиш пин код за да го отклучиш. ios како ios стварно е многу брз и можеш да преминеш од една во друга апликација за време кое можеш да го сонуваш на андроид. И тоа е тоа. Единствената предност. За кастомизација да не зборувам да уклучиш и исклучиш 4g треба да бараш во сетинзи и триста глупости. Пробај остави го па да видиш што е пијавица за батеријата. Значи ако правиме муабет за издржливост на батерија ios от е најголемото срање. Не дај боже да уклучиш игра со јака графика на мизерниот дисплеј со 300 (и нешто) ppi. Заминаа 40% за еден саат. А дури сме тука ако планирате да излезите на сонце со ајфон носете си и чадор зошто лцд дисплејот против сонце е исто како да гледаш во огледало. Тоа дека нема багови ќе го поништам со факти и докази најмалку 10 пати ми има замрзнато во последните 2 недели и тоа најмногу на повици па неможеш да исклучиш и незнам што. Камерите нема да ги споредувам воошто смешно е да споредиш 8 мегапикселна камера ( за која што наводно нели пикселите не се битни ) со 14. Исто како да гледаш во дупло помало к*ре и да се убедуваш дека е убав и дека не е битна големината. А за предната нема муабет стварно е далеку подобра од најголем број на андроидите. Брзината на сликање е драстично поголема на ајфонот отколку на андроидот на кој му треба 3 пати да светни блицот па дури фокусира ова она..
После споредбата на 5с со 6 сфатив дека 200 евра поскапиот ајфон 6 е исти ку*ац со ајфон 5с со поголем дисплеј. Ама буквално.

Да сумирам, и двата оперативни системи во моментов се мизерни, секоја втора недела само надоградувања и никако да ги средат. Епл прави уреди кои работат на една апликација со огромна цена, мала резолуција и на дисплеј и на камери и стално тврдат дека големината не е битна, а уствари кога ќе споредиш дисплеј на ајфон 6с плус и на галакси едге...
Да би се освртил иосот повеќе кон кастомизација би бил ѕвер од оперативен систем. Ама се дури епл ти одредува од каде ќе пушташ интернет и каде ќе ги стојат иконите, се чувствувам како пиун во шах. Од друга страна андроидов можиш се што сакаш да му направиш и секој ден ќе се соочуваш со the application has suddenly crashed (или нешто слично) и со еден тон багови. Неможам да разберам зошто повеќе не се инвестира во софтвер отколку во колкање на повеќе рам и процесор.
Ете тоа имам јас да кажам, го извадив македонското од мене (нас ништо не ни чини) и ме интересира ваше мислење, некој со повеќе искуство и сл :)
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.577
Поени од реакции
2.560
Си расчеплал за џелбрејк на ИОС?
На почетокот и мене многу ме нервираше, декто то шо е, е то. Ама од ко го џелбрејкував се препородив. Имаш твикој буквално за се шо че ти текни. Да го кустомизираш буквално како сакаш.
Еве пример, то шо те нервира со 4г - то. И мене најмногу то ме нервираше и плус ми требаше double tap to sleep пошо ми се заеба повер дугмето, и затоа го џелбрејкуваш.
Значи симнуваш твик, и можиш 4г да го наместиш одма до икончето за вифи, ко че слизниш на горе...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
@saleto Друже,или мојот 5C има фабричка грешка па нема фингерпринт или ти мислиш н 5S :)
Мала замерка,и малку шала :)
Инаку еден од подобрите осврти меѓу овие два ОС-а барем според менњ н форумов


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.334
Поени од реакции
4.923
Камерите нема да ги споредувам воошто смешно е да споредиш 8 мегапикселна камера ( за која што наводно нели пикселите не се битни ) со 14. Исто како да гледаш во дупло помало к*ре и да се убедуваш дека е убав и дека не е битна големината.
Една од поглупите изјави на 21-от век. Која ќе остане запамтена во аналите и анусите на Кајгана
Иначе нешто Windows Phone не го рецкате многу многу а?
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
31
Поени од реакции
12
@saleto Друже,или мојот 5C има фабричка грешка па нема фингерпринт или ти мислиш н 5S :)
Мала замерка,и малку шала :)
Инаку еден од подобрите осврти меѓу овие два ОС-а барем според менњ н форумов


Sent from my iPhone using Tapatalk
Хахахах се извинувам за тоа "с", сум заборавил да сменам поддршка, мислам на 5S :)
Фала на позитивното мислење :)[DOUBLEPOST=1461762476][/DOUBLEPOST]
Си расчеплал за џелбрејк на ИОС?
На почетокот и мене многу ме нервираше, декто то шо е, е то. Ама од ко го џелбрејкував се препородив. Имаш твикој буквално за се шо че ти текни. Да го кустомизираш буквално како сакаш.
Еве пример, то шо те нервира со 4г - то. И мене најмногу то ме нервираше и плус ми требаше double tap to sleep пошо ми се заеба повер дугмето, и затоа го џелбрејкуваш.
Значи симнуваш твик, и можиш 4г да го наместиш одма до икончето за вифи, ко че слизниш на горе...
Видиш за gailbreak не ни ми текна.. Иако сите андроиди што ги имав ги рутирав во најбрзо време ама на ајфонов ми е страв да чепнам зошто никогаш не сум отишол до тоа ниво, како и да е имам во план до вечер да го рутирам па ќе пишам како сум задоволен. Инаку правев споредба на stock верзиите, ама господ здравје да му даде на хакерите за таквите работи! :)[DOUBLEPOST=1461762835][/DOUBLEPOST]
Една од поглупите изјави на 21-от век. Која ќе остане запамтена во аналите и анусите на Кајгана
Иначе нешто Windows Phone не го рецкате многу многу а?
Друже мило ми е што си ја прочитал цела тема и од се што имам напишано си се фокусирал баш на делот на кој што бев ироничен. Неможам ни да сфатам што ти е толку глупо ама ајде :)
Како и да е видов колку си обрнал внимание што пишувам со тоа што ме прашуваш дали го рецам windows, а насловот на темава е јасен и се состои од 2 збора, android vs ios. Не сум користел windows до сега и неможам да направам никаква споредба, па еве повели кажи ти нешто ако имаш и ако знаеш нешто друго освен да хејташ :)
 
Последно уредено:
Член од
6 октомври 2011
Мислења
76
Поени од реакции
21
Ме интересира ако можи да ми ја кажиш процедурата шо ја направи за Jailbreak и како си задоволен, јас имам iPhone 6 ама како шо рече и ти ми е малку страв да го чепнам. Поздрав
 

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
592
Поени од реакции
392
Ма јок бре каков ИОС. Пробај да инсталираш игра без џејбрејк или некоја друга апликација шо имаш само фајл не преку ап стор. Пробај фајл менаџер без џејлбрејк.
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
31
Поени од реакции
12
Ме интересира ако можи да ми ја кажиш процедурата шо ја направи за Jailbreak и како си задоволен, јас имам iPhone 6 ама како шо рече и ти ми е малку страв да го чепнам. Поздрав
За жал џелјбрејк нема за 9.3.1 и нагоре и најверојатно нема ни да има во скоро време, се разочарав уште толку и ајфонов ќе си го фати патот за скоро време..[DOUBLEPOST=1461879306][/DOUBLEPOST]
Ма јок бре каков ИОС. Пробај да инсталираш игра без џејбрејк или некоја друга апликација шо имаш само фајл не преку ап стор. Пробај фајл менаџер без џејлбрејк.
Епа едноставно иосот е креиран да го користиш каков што е и затоа го користат луѓе што немаат време да чепкаат или што не ги интересира кастомизација. За работа е стварно лесен и едноставен ама ете сме и ние кои што сакаме се живо и диво да смениме онака од чиста досада да ни биде поинтересно. Како и да е да платам телефон од 300 евра ( за 5S зборувам ) и да не можам да префрлам песна по олд скул начинот преку кабелче копи пасте и тоа е тоа. Цела процедура има за која ти треба туторијал за да префрлиш една еб*ана песна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom