Анализа на крв - толкување резултати

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Олимпија, 21 декември 2009.

  1. Фити

    Фити

    Член од:
    22 ноември 2009
    Мислења:
    666
    Допаѓања:
    159
    Абе секогаш со резултатите стасува и препорака ако нешто не е во ред, во годинешниве немаше ништо. Додуша матичната ми е до врата така да не ми е на одмет да се распрашам. Сепак фала на предупредувањето.

    Немам време за дарување крв а болницата ми е на 20 метри од зграда..... инаку горе долу секогаш ми е толку хемоглобинот демек типично за спортисти само што јас не сум спортист:toe:
  2. Мармеладова

    Мармеладова Tale of the inexpressible

    Член од:
    21 април 2006
    Мислења:
    1.737
    Допаѓања:
    174
    Јас неам ништо против анализите на крв.
    нити во прашувањето што е Er, Ly, MO, CBC.... тоа е све во ред.
    Туку на толкувањето, не на кратенките, туку на комбинаториката од резултатите.
    и можноста за интерферирање на лековите и исхраната со механизмот на тестот.
    (ето пример еден обичен аспирин и Вит.Ц земени пред тест ќе дадат грешен резултат на вишок на холестерол...)

    сакав да кажам само темава е доволно сериозна за да не се иде подалеку од тоа што е оваа кратенка и споредбата резултат-референтна вредност.
    :smir:
  3. Гладиус

    Гладиус loading...

    Член од:
    14 август 2008
    Мислења:
    5.379
    Допаѓања:
    1.114
    Е де, и онака нели со крвната се оди на лекар како што и сама кажуваш - па таму пациентот ќе си дознае детали. Не е дека овде се одредува дијагноза по крвна слика. Само се напоменуваат МОЖНИТЕ причинители на одредени промени.
    Муабетов завршува тука. Темата е доволно јасна. Секој следен коментар ќе биде избришан.
  4. branko sk

    branko sk

    Член од:
    27 април 2009
    Мислења:
    176
    Допаѓања:
    22
    Правев крвна слика и некои резултати малку ме уплашија,еве кои

    глукоза 6,0
    холестерол 6,3
    триглицериди 3,4
    алт 62
    гама-гт 61

    Колку е "страшно"?

    Ако нешто значи во последниве 3-4 месеци сум поправен околу 20 кила,од кога престанав да пушам.

    Однапред фала!
    На Forrest Gump му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lazzy^

    lazzy^

    Член од:
    31 јули 2008
    Мислења:
    1.949
    Допаѓања:
    526

    Прв степен на алармантност !

    Што побрзо кај матичниот лекар и започнување на построга диета.
  6. branko sk

    branko sk

    Член од:
    27 април 2009
    Мислења:
    176
    Допаѓања:
    22
    Бев кај матичниот лекар ми кажа дека не е ништо посебно страшно,само треба диета да држам.Сега ти ме подзамисли.:(
    Толку ли е страшно?
    На Forrest Gump му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lazzy^

    lazzy^

    Член од:
    31 јули 2008
    Мислења:
    1.949
    Допаѓања:
    526
    Не ми беше целта да те исплашам , туку малку посериозно да ја сватиш работава и нормално да почнеш диета :)

    Сите овие параметри(посебно тригл. ГГТ и АЛТ) ти се за скоро еднаш повисоки од горната референтна (нормална) граница

    Не си го пишал само резултатот од АСТ.
  8. branko sk

    branko sk

    Член од:
    27 април 2009
    Мислења:
    176
    Допаѓања:
    22
    АСТ ми е 30,гледам дека е во границата на нормалата.Инаку матичниот лекар ме пушти да ја снимам јетрата,се сомнева дека ми е малку оштетена,ама ми вика дека не е нешто посебно страшно.

    ФАЛА МНОГУ на одговорите и советот!
    На Forrest Gump му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lazzy^

    lazzy^

    Член од:
    31 јули 2008
    Мислења:
    1.949
    Допаѓања:
    526
    Токму заради повисоките вредности на ГГТ и АЛТ кои се ензими во црниот дроб.
  10. Бавча

    Бавча Manço

    Член од:
    25 декември 2007
    Мислења:
    9.200
    Допаѓања:
    5.791
    Имав слични резултати на твоите лани периодот јануари-фебруари, плус прошиена јетра за не знам колку mm, бешика и калцифети на простата...нек си е*е векот се осеќав ко 60 годишник. Арно ама со строгоча (буквално на секое поле), смалив 12 кила и сега сум по ок, колку толку. Така да, за твое добро, чувај си го организмот ;)
  11. опасна по живот

    опасна по живот

    Член од:
    22 мај 2011
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    фала за објаснувањето баш ќе гледам да си проверам крв заш и онака немам проверено од ко бевме на систематски од нашколо ;) и ќе го проверам ова :)
  12. devojce91

    devojce91

    Член од:
    26 мај 2011
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Zdravo mi treba vas sovet okolu mojata krvna slika....na krvnata slika sto ja pravev brojot na trombocitite mi e mnogu nizok 45 mi se....a pravev i biohemiski rezultati i pokaceno mi e nivoto na TIBC (ne znam sto e toa , vo proteoliticki status e smesteno...taka pisuva na rezultatite ) i imunoglobulin G......dali ova nekoj znae da mi go poobjasni malku zatoa sto ne znam od sto tocno da se plasam...mi e strav da ne e nesto seriozno :(( ....... hematologot mi veli uste ednas da se povtorat rezultatite i nisto ne mi spomnuva okolu terapijata.....a i mi kaza deka vo kraen slucaj ke mi vadaat koskena srz...( e toa me asocira na nesto veke strasna rabota ) .....koj znaeili koj imal iskustvo so vakvo nesto pisuvajte ...vi blagodaram .....
  13. Префриганиот!

    Префриганиот! (Простор за Реклама)

    Член од:
    16 декември 2007
    Мислења:
    1.204
    Допаѓања:
    70
    да се прави редовни контроли на крвта е многу есенцијално за здрав живот, скоро сите одговори лежат во крвта :)
  14. lazzy^

    lazzy^

    Член од:
    31 јули 2008
    Мислења:
    1.949
    Допаѓања:
    526
    Ќе се обидам да ти помогнам колку што знам.
    Прво за тромбоцитите. Значи стварно се многу ниски, но можно е да има некоја грешка при земањето (создавање на коагулум и сл.), затоа направи повторно крвна слика.
    TIBC-Железо врзувачки капацитет-зголемен при феро дифицитарна анемија.
    Ig G- зголемени при некоја инфекција (бактериска и вирусна) - Кај нас во лабораторија најчесто Ig g го испитуваме за квантитативно одредување на Helycobacter piylori (бактерија во желудникот)

    Ти препорачувам уште една комплетна крвна слика и испитај си серумско железо.
  15. D-r Walle

    D-r Walle www.zazdravje.com.mk

    Член од:
    26 декември 2010
    Мислења:
    28
    Допаѓања:
    17
    З
    Значи вака... намалениот број на тромбоцити пред се најчесто може да биде резултат на вирусна инфекција, но и на автоимуна реакција (спленомегалија самостојна или со хиперсленизам или нормална големина на слезината со хиперспленизам - зголемена функција на слезината, со зголемено разградување токму на овие крвни елементи).
    Покачениот имуноглобулин Г укажува на одамнешна инфекција (но тоа е генерален IgG и неможе да се утврди од него која била инфекцијата, што е добар прогностички знак, затоа што може тромбоцитопенијата да е резултат на поранешен инфект). Намалениот број на Tr значи дека имате зголемен ризик од крварење (недоволна хемостаза - неправилен процес на хемостаза).
    Но, да не шпекулираме... - доиспитајте ги сите испитувања па доконсултирајте се со хематологот за начинот на третман на состојбата.
    Потребно е задолжително повторување на резултатите!

    Поздрав!
    --- надополнето: Jun 17, 2011 8:36 PM ---
    Дали бевте гладен кога ги направивте испитувањата, барем 10 часа?

    Потребни се 12 часа глад за да се добие точната слика.

    Глукоза е нормално од 4,44-6,67mmol/L (добар резултат!) - иако постојат разни школи со разни вредности околу нормалното ниво, но генерално од 3,5 до 7 се смета за нормално!

    Холестерол - покачен (но зависи кој, треба да одредите дали е HDL или LDL - холестеролот, и каков е нивниот сооднос (HDL>LDL е добар резултат)!

    Триглицериди покачени!

    - Задолжителна диета (без свинско месо, без животински масти, без прекумерна јаглехидратна исхрана, и без алкохол!)

    Црнодробни ензими (ALT, GGT малку покачени - внимавајте на исхраната, уште еднаш ќе речам без маснотии и без алкохол), повеќе вода, и природни сокови, чаеви... кафиња до 2 на ден!

    Поздрав!

Сподели преку: