Анализа на крв - толкување резултати

Член од
12 април 2013
Мислења
34
Поени од реакции
7
Здраво на сите ке мозе ли некој да ми објасни што значи намалена седиментација на крвната слика 50/90 а ренген сликата била "шарена", ова е проследено со температура и кашлање благодарам однапред на сите мислења!
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
еритроцити под долна граница и седиментација на еритроцити близу долна граница, што може да биде и како да се поправи? Со зеленчук, цвекло, морков?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.290
Поени од реакции
7.239
еритроцити под долна граница и седиментација на еритроцити близу долна граница, што може да биде и како да се поправи? Со зеленчук, цвекло, морков?
Ериторцитите во крвната слика не се важни, ако хемоглобинот е во нормала немаш гајле. Не се замарај. Седиментацијата е во нормала. Се е океј[DOUBLEPOST=1405275694][/DOUBLEPOST]
Здраво на сите ке мозе ли некој да ми објасни што значи намалена седиментација на крвната слика 50/90 а ренген сликата била "шарена", ова е проследено со температура и кашлање благодарам однапред на сите мислења!
Кој век сме седиментација да испитуваме? Свашта бре

Едното со другото нема логика, ама тоа е друга тема.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Правев анализа на мокрача па еве ги резултатите

Глукоза нема
Билирубин нема
Кетони нема
Специфична тежина 1020 а референтна вредност 1003 - 1040
PH 5 а референтна вредност 4.5 - 8
Протеини нема
Уробилиноген нема
Нитрити нема
Крв нема
Леукоцити нема
У седиментација еритроцити нема
У седиментација леукоцити 2-3 во поле
У седиментација бактерии плус
У седиментација кристали присуство на ца-оксалати
У седиментација епителни кл. редок плочест епител
У седиментација присуство на слуз

Треба ли да ме плашат работиве кај у -седиментацијата ? Како редок плочест епител, слуз и присуство на ца -оксалати. Што може да биде тоа редок плочес епител ? Иначе другите работи како што се гледа се добри.
 
Последно уредено:
Член од
10 јули 2014
Мислења
86
Поени од реакции
36

Можно е да имаш камче во уринарен тракт. Клиничка слика? Симптоми знаци? Што има?

Gesendet von meinem GT-S6310N mit Tapatalk
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Здраво дечки

Завчера правев анализа на крвна слика и се е во граници на нормала освен седиментацијата.

Пред година дена кога ми земаа крв ми беше 2, а сега ми е 5, и бидејќи сум економист по струка, цреп сум за овие работи, ќе може ли некои да ми пише зошто вака, и дали треба да ме загрижува нешто ?

Некој совет како пак да биде 2 или нема таква можност ?

Ви благодарам однапред
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666

Ти се има расипано 6-ка во меѓувреме, тркни до забар.
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Никој не се исмева, се обидов да ти помогнам што може да биде единствениот "проблем" при нормални вредности на останатите анализи.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Што е смешно ?[DOUBLEPOST=1406907690][/DOUBLEPOST]
Јас барав совет, а не некој да се исмева со мене
зависно од лабораторијата негде се границите до 12 некаде до 15(мојата чудесна земја :icon_lol:),не ти менува ништо твојот наод.........иначе и јас сакам да се вратам сеа на 14-15 години :icon_mrgr:
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Здраво дечки

Завчера правев анализа на крвна слика и се е во граници на нормала освен седиментацијата.

Пред година дена кога ми земаа крв ми беше 2, а сега ми е 5, и бидејќи сум економист по струка, цреп сум за овие работи, ќе може ли некои да ми пише зошто вака, и дали треба да ме загрижува нешто ?

Некој совет како пак да биде 2 или нема таква можност ?

Ви благодарам однапред
седиментација не е карактеристичен параметар, да прднеш ќе се покачи, така да наодот ти е без особености.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
73
Поени од реакции
97
седиментација не е карактеристичен параметар, да прднеш ќе се покачи, така да наодот ти е без особености.
Напротив седиментацијата е многу битен и клучен параметар во дијагностицирање на одредени болести...
До 12 е нормална...мада и 15 може да се земе за нормална...
Физиолошки е покачена при бременост, мензис..
Благо покачена може да биде индикатор на некој воспалителен процес (инфективен или неинфективен хроничен процес) во организмот дури и расипан заб..
А трицифрена или висока двоцифрена седиментација може да биде индикатор и за карцином...
Така да не би рекла дена седиментацијата не е карактеристичен параметар...
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
447
Поени од реакции
164
покачени билирубини на што може да се должи тоа? Не користам хемии и суплементи во исхрана
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
покачени билирубини на што може да се должи тоа? Не користам хемии и суплементи во исхрана
Физиолошки - Скорешна физичка активност.

Патолошки - Проблем со црниот дроб, жолтица.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom