Американско-Руски односи!

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.614
Поени од реакции
5.284
Дали се заоструваат односите меѓу САД и Русија?Последните инфоримации од светот се дека Русија најавува дека можно е воено да одговори на инсталирањето на Американскиот ракетен систем во Полска, со која држава пред една недела беше потпишан договор меѓу Кондолиза Рајс и Претседателот на Полска за градење на ракетниот систем на територијата на Полска..Русија се чувствува загрозена, и прави напори со петни жили да го спречи тоа..Вчера проструи информација дека Медведев не се плаши од нова Студена Војна, а денес проследуваме информацијава , на нет.пресс

Медведев: Воен одговор на американскиот ракетен штит

Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјавил дека Русија ќе одговори и со воени средства на распоредувањето на американскиот противракетен штит блиску до нејзините граници.
„Тие ракети се блиску до нашите граници и претставуваат закана за нас. Тоа ќе создадае дополнителна напнатост и ние ќе мора на некој начин да одговориме, природно користејќи воени средства“, рекол Медведев за ТВ-станицата “Ал Џазира“.
САД и Полска минатата недела потпишаа договор за распоредување на 10 американски ракети пресретнувачи на полската територија како дел од противракетниот штит на САД, потсетува Ројтерс.

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 27.08.2008 09:17:36
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Руската флота ги надгледува бродовите на НАТО во Црното море


Руската флота добила наредба да го надгледува движењето на бродовите на северноатлантскиот сојуз во Црно море, рекол заменик началникот на руските воени сили Анатолиј Ноговицин.
Генералот тоа им го соопштил на новинарите денеска кога адмиралскиот брод “Москва“ од руската флота во Црното море со уште неколку руски бродови запловил во Сухуми, главниот град на грузиската покраина Абхазија, која Москва вчера ја призна.
“Засилувањето на НАТО со поморски сили во Црното море, руската флота почнала да ги надгледува нивните активности“, рекол генералот и објаснил дека присутноста на флотата од “држава која географски не припаѓа во црноморскиот регион е ограничена“ со меѓународното право.
Тоа се однесува на бројот на бродови, капацитетот на превозот и времето на нивното задржување во регионот (најмногу 21 ден).
“Државите во НАТО кои не се во регионот на Црното море не можат во тоа подрачие да ја зголемуваат својата присутност“, рекол Ноговицин и додал дека Русија “нема да ги зголеми своите сили“ во Црното море.

Рускиот вицеадмирал Сергеј Мениало во таа пригода рекол дека руските бродови во Абхазија “се во мисија да ги контролираат територијалните води и да спречат криумчарење на оружје“.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Америка сака Русија да е економски слаба и да ја следи нејзината политика како европските папагали што и се.Америка почна да си води политики на кавказот а тоа е дворот на Русија.Е сега кога Русија си спроведува свои интереси се дигна цел запад против Русија.
Америка ги окупираше Ирак и Авганистан никој ништо не и рече аРусија кога брани свои државјани во Грузија тоа не е вред.
Ја опколија Русија со ракети и сакат Русија да си ќути.Инаку под воен одговор на Русија се мисли и Русија да постави ракети во Куба и Венецуела.
Америка контролира 85% од светското производство на нафта и и пречи Русија во тоа.Американските нафтени компании кои експлотират навта во блискиот исток имат илјади пати зголемен профит пробаа да пробијат во Русија но Путин ги избрка.Видоа дека Русија се развива со сто на саат и ајде сега да ја стопираме се исплашија.
По лицемерна политика од западната нема.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.497
Поени од реакции
1.704
русија и америка пак ќе прават бељи
и пак цел свет ќе мора да трпи
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ама секогаш забораваме да кажеме дека Западот не е целиот свет, дека е еден дел од него.
Меѓународната заедница, која ?
Западната треба да гласи.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Абе двајца се караат третиот користи. Америка ако си прави проблеми со Русија ќе ослабне и ќе го препушти местото на светски најмоќна држава на некој друг. Ех, барем сега има кандидати колку сакаш, Кина, Индија, можда и ЕУ ако научат да соработуваат подобро, малку единство им фали. Како и да е, денес, војна меѓу САД и Россиа, нема да доведе до светска војна (како во Студената Војна). Ако ептен се заострат односите меѓународната заедница би презела нешто, за да не го уништат цел свет со нуклеарки. Така, немај гајле, ние нема да трпиме којзнае колку.
 
Х

Ханзо

Гостин
Изјавил за Ал-џезеира? Зошто не за К-15 теве?

Го чекаме 11-ти септември. Седум години. Втор чин од претставата.
 
H

HITCH

Гостин
На Русија и дадоа пари кога ја бомбардираа Србија и си седеше на страна и ја силеше Србија.... Е сега братска Русија ќе го признае Косово ех ај аирлија братска Русија си поентираше
СЕГА НЕДОСТАСУВА НИЕ ДА ГО ПРИЗНАЕМЕ КОСОВО И ДА СИ ЈА ОБЕДИНИМЕ МАКЕДОНИЈА... КОНЕЧНО ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА СМЕ НА ПОБЕДНИЧКАТА СТРАНА
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
На Русија и дадоа пари кога ја бомбардираа Србија и си седеше на страна и ја силеше Србија.... Е сега братска Русија ќе го признае Косово ех ај аирлија братска Русија си поентираше
СЕГА НЕДОСТАСУВА НИЕ ДА ГО ПРИЗНАЕМЕ КОСОВО И ДА СИ ЈА ОБЕДИНИМЕ МАКЕДОНИЈА... КОНЕЧНО ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА СМЕ НА ПОБЕДНИЧКАТА СТРАНА
Не заборавај на писмото со намери за признавање на Абхазија и Јужна Осетија,а и Гвујо е голем мераклија на писма.:toe:
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
247
Поени од реакции
3
ako priznavame treba zaedno i kosovo i juzna osetija i abhazija zaedno .da nema isklucoci.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
819
Поени од реакции
822
Таман мислев да го напишам ова :D .. потполно се согласувам со zorandelmk
 
H

HITCH

Гостин
Руската ракета „Топољ“ смрт за американскиот штит
Надградената ракета РС-12 М која била тестирана денеска ги потврдила очекувањата дека може да го пробие американскиот антиракетен штит, соопштија руските Нуклеарни стратешки сили
- Нуклеарните стратешки сили денеска во 12.36 часот по средноевропско време ја испробаа интерконтинентелната балистичка ракета РС-12 М „Топољ”, изјави портпаролот на стратешките нуклеарни сили на Русија Александар Вовк.

Ракетата РС-12 М „Топољ” која во НАТО ја нарекуваат СС-25-Срп има максимален дострел од десет илјади километри и може да носи една нуклеарна глава од 550 килотони.

- Експерименталниот дел беше успешен бидејќи ракетата која носи нуклеарна глава ја погоди метата со голема прецизност на полигонот за ракетни испитувања, наведува Интерфакс повикувајќи се на извори на Стратешките нуклеарни сили.

Руската војска ја редизајнирала ракетата “Топољ” за да и го продолжи векот на траење на 23 години и битно го изменила и унапредила стабилизаторот на летот со што на новиот тип му е овозможено до целта да стигне на начин сличен на крстосувачките ракети.
http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=15502
Ама сепак јас сум за Американциве
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.093
Поени од реакции
163
Jas sum za Rusija.Rusi,srusete gi Amerikancite veke ednas,umoren sum od nivnata geo strateska politika.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom