Американските работници против работа за македонските работници

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Американски музичари протестираат затоа што Холивуд снима филмска музика во Македонија



На еден ден пред закажаната премиера на филмот „Draft day“ со Кевин Костнер и Џенифер Гарнер во главните улоги, американските студиски музичари во Лос Анџелес одржаа несекојдневен протест затоа што музиката на филмот била снимена во Македонија.
Незадоволството на музичарите кулминирало затоа што Lionsgate Entertainment, филмското студио кое стои зад овој филм, добило даночни олеснувања од американската сојузна држава Охајо во износ од 4,9 милиони американски долари за да го снима филмот токму таму. Но, во фазата на постпродукција, студиото се одлучило музиката воопшто да не ја снима во САД, туку да му ја довери на македонскиот симфониски оркестар „Фејмс“ наместо на некои од членовите на Американската Федерација на Музичари (АФМ).

„Разумно е да се очекува, ако не и да се инсистира, одреден обем на работа во постпродукцијата, вклучувајќи ја и музиката, да се изведува на истото место од каде што се добиени стимулации или даночни олеснувања. Ние сме тука да не дозволиме оваа пракса да продолжи“, вели Пол Франк, директор во АФМ.

Според оваа организација, ангажирањето на македонскиот оркестар оставило без работа повеќе од 100 американски музичари. „Во зависност од бројот на работни денови што ги бара филмот… може да имате и сттина луѓе кои ќе работат на него. Во случајов, целата работа беше завршена во странство, со странски работници и за плата под стандардите“, реагира АФМ.

Слични протести како во Лос Анџелес музичарите организирале и во други американски градови, под мотото „Слушнете ваму!“

„Некои луѓе сметаат дека музиката паѓа од небо. Но не е така. Потребни се талентирани музичари за да направите музика. Кога земате пари од американските даночни обврзници, потпишувате да бидете дел од тој тим“, вели Глен Арнодо од синдикалната Федерација на трудот во областа Лос Анџелес, која го поддржа протестот.

Незадоволните музичари не повикуваат на бојкот на филмот, но сепак својот протест го изразија свирејќи на улица и прикажувајќи ги своите празни кутии за музички инструменти.

Еве како изгледаше тој протест:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
До кога насловите ќе се надвор од контекстот на содржината, само за да звучат посензационално....
 
Член од
16 април 2014
Мислења
30
Поени од реакции
28
Нели ? И јас мислев дека е нешто против Work and Travel.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom