Алтернативни горива за загревање

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.769
Поени од реакции
21.178

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.247
Поени од реакции
78.873
Па нормално e да забрани, кога правењето ајвар, пушењето во затворени простории како и скарите се најголемите причинители на загадувањето, а не доленаведените нешта што Сорос сака да веруваме дека се:
Така е, таа одлука за субвенционирање на дрвото за огрев мораа да ја донесат заради сиромашните граѓани кои немаат да се греат, и покрај кинеските вредности на PM во воздухот.
Најверојатно имаат и други причини за другите одлуки поврзани со загадувањето, како што се:
- сечењето на скоро сите дрва низ градот
- константното пролонгирање на А еко лиценците за скопските фабрики, т.е. поставувањето на филтри
- увозот на возила со ЕУР 1 и 2
- купување на Топлификација и воведувањето на невозможни услови кај греењето на парно
- градежниот идиотизам со поставување згради меѓу зградите и споменици меѓу нив
- етапното покачување на горната граница за градење на Водно (кај што најгоре чувме кој сака газот да го смести позади ѕид од 5-6 метри)

и ред други нешта.

али ете, скарите биле криви
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ќе те дополнам: Власта забрани да се печат и пиперки за ајвар
....каааако бе забраниле пиперки да се печат.., вистина??? знаев јас дека пиперки ќе им дојдат до глаа , а не милениумски тркала над Вардар...или некакви зајачки тајно снимани басни...:pos:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.765
Jaс не знам од каде ви е таа идеја дека од огревно дрво има загадување...
Идеја?
Не идеја, туку ФАКТ!

Факти, произлезени од студии. Нели веќе покажав студии во претходниот пост, и тоа со кратки извадоци за полесно читање?
Нејсе, еве ги пак спомнатите документи:
http://www.bnl.gov/isd/documents/71376.pdf
http://www.maforests.org/Chris_Matera_Biomass_Reality_Check.pdf

Или ако не ти се читаат детални студии, еве ги стриктно само најважните факти:
Indicative emission of particles:
- Fireplace and wood stove (per 4 hours of burning): 150 g
- Car, model 1992 (per 30 km): 0.5 g
- Car, model 2009 (per 30 km): 0.15 g
- Natural gas boiler (per 4 hours burning): 0.2 g
Во ред е да зборуваме и за другите загадувачи, како индустријата. Па и за автомобилите, ама да се задржиме на димензиите и на фактите - едно ќумбе загадува 300 ПАТИ ПОВЕЌЕ од еден автомобил постар од 20-30 години.
Кај поновите автомобили таа разлика е пута 3 - значи едно ќумбе загадува колку 900+ нови автомобили.

И тоа пази, тоа се само споредби за иста единица на време. Но како што може да ти потврди секој што се грее на дрва (или страња како иверки, итн), во текот на едно деноноќие ќумбето временски му работи неспоредливо повеќе време од автомобилот.

Затоа ајде да не се заглупуваме и ретардираме. Споредба на загадување од аута со загадување од ќумбиња, е како да споредуваме мравка и СЛОН. Ама ајде за слонот да не збориме, да ја утепаме мравката - таа многу тежи! :cautious:

Така да вакви фејл проекти како греење на училиште со биомаса ВО СРЕД ГРАД, без употреба на печка со софистицирано согорување - тоа баче не е прогрес, туку регрес!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Vanlok
Во Скопје има загадување на воздухот
Никој не знае кој е загадучот? Никогаш не се земени мостри од прашината, да се испитаат и да се утврди од каде потекнува прашината
Ти си прочитал нешто и велиш дека чадот од печки на дрва содржи толку и толку прашина. Со што потврдуваш дека во Скопје има такви печки и дека тие го загадуваат воздухот?
Најголемо загадување е во Карпош и Аеродром - таму нема печки на дрва
Значи не брзај со заклучоци и не заклучувај на основ на претпоставки
Имануел Кант пред повеќе од два века ја напишал „ Критиката на чистиот ум “
Значи мерење, експеримент, набљудување,,,,Од тоа можеме нешто да заклучиме. А од размислување, не се изведуват заклучоци врз основ на „ чистиот ум “

https://mk.wikipedia.org/wiki/Имануел_Кант
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.765
Слушај, зошто со сила правењето глуп наочиглед фактите?
Тоа „ земањето мостри“ сите знаеме дека е само мачкање очи на гласачите. Исто како кога улиците ги мачкаа со хемикалии за да „не заштитат од загадување“. И сегашнава и сите други влади се на истата мака (покрај тоа што се корумпирани) - од една страна гласачите бараат поздрав и почист воздух, а од друга страна гласачите сакаат и евтино греење што засега значи дрва! (дајбоже да поскапат уште 10 пати)

Во ваквата ситуација, политичарите играат на картата „гласачите се неуки, глупи и несвесни за правата кои самото гласање им ги дава“. Еве ти си еден (не)типичен пример, философираш и го спомнуваш Кант таму каде Деикарт би ти бил многу посоодветен. Но да не го тупам и јас, погледај ги фактите наместо евтината дневна политика и пропаганда.

Ти си прочитал нешто и велиш дека чадот од печки на дрва содржи толку и толку прашина. Со што потврдуваш дека во Скопје има такви печки и дека тие го загадуваат воздухот?
Тоа нешто што јас сум го прочитал (а ти очигледно не си го прочитал) - се нарекуваат научни студии. Тие се засновани на факти, не на дневна политика и муабети. Најпосле какви тоа печки на дрва мислиш дека се користат во Скопје? Шведски или германски на принцип на пиролиза, или друг метод со над 90% согорување?
Како да не знаеш дека овде се користат евтини ќумбиња и печки со неефикасно согорување, згора на се предимензионирани за 2-3 пати па не можат да ги распалат да согоруваат ефикасно ни толку малку колку што им е максимумот (под 60%). Повеќе пати е пишувано на форумов дека типична печка во Македонија во најголемиот дел од користењето гори со ефикасност под 20%.
Што мислиш каде одат другите 80%-90% од дрвата (или иверката, или другото ѓубре) што неефикасно се согорува??

Дај бе, никако не си ти ни одблиску толку глуп колку што на сила се правиш. Навистина не ти ја гледам потребата да ги избегнуваш фактите и реалноста.[DOUBLEPOST=1456310199][/DOUBLEPOST]
Најголемо загадување е во Карпош и Аеродром - таму нема печки на дрва
Најголемото загадување е во ново Лисиче делот од Аеродром, каде во околните куќи па до Лисиче СИТЕ се греат на дрва (и разно ѓубре). Како тоа таму немало печки на дрва - тоа ваљда само ти си знаеш.

Патем, логиката во муабетот ти е слична како таа на пушачите кога се носеше законот против пушење. Муабетов ти е, ситуацијава е како ти и некое сељачиште заедно да се брчкате во некој базен, и по твојата „логика“ ако сељаков се исере и се измоча на спротивниот крај на базенот - според твоето, на твојот крај на базенот нема да има присуство на фекалии: пошто на твојот крај никој не серел и не се мочал.
Што друго да ти кажам, освен - уживај во капењето!

Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Vanlok

Во Тетово твоите „ пријатели “ од разно-разни невладини организации финансирани од странство со месеци протестираа барајќи да се затвори Југохром и тврдеа дека воздухот е загаден од Југохром.
И успеаа - Југохром го затворија. Но воздухот остана и понатаму загаден
Сега истите велат не е виновен Југохром - туку се виновни печките на дрво
Ако власта ги забрани печките на дрва, потоа истите ќе тврдат дека загадувањето е од тетовската депонија за ѓубре, па потоа ќе тврдат дека е од палење стрништа, па после нешто сосема друго
Нив тоа им е работа - да протестираат - затоа добиваат пари
Но ти не си таков. И затоа те прашувам
Со што докажуваш дека „ Најголемото загадување е во ново Лисиче делот од Аеродром, каде во околните куќи па до Лисиче “?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.765
Не можам да ја најдам темата за загадување на воздухот, или така нешто - за да не го дрвиме со офтопик.

Упорно игнорираш факти од научни студии. Тие факти велат дека греењето на дрва е огромен загадувач. Тоа што овде немаме званични информации за бројот на домаќинства кои се греат со печки - тоа е пропуст на власта, но НИКАКО НЕ Е АРГУМЕНТ ДЕКА ПЕЧКИТЕ НА ДРВА НЕ СЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЗАГАДУВАЧИ.

И затоа те прашувам
Со што докажуваш дека „ Најголемото загадување е во ново Лисиче делот од Аеродром, каде во околните куќи па до Лисиче “?
Јас да „докажам“??
Ахем, неколку моменти кои мора да се истакнат:

- ова не е суд, за правно и формално да докажувам, ниту ги имам алатките и можностите да го направам тоа.
- поседувам разум и знаење за да донесам мислење, и истото да го аргументирам со факти, и докази во облик на научни студии.
- кога би можел да забранам греење на дрво и разни ѓубриња на период од една година, и тоа како би докажал дека најголемото загадување е од печките на дрва покрај индустријата, а останатите загадувачи како автомобилите, иако реални - се ебано занемарливи во однос на обемот на загадувањето.
- пред да го направам претходното, најпрво БИ МОРАЛ да го гасифицирам Скопје и да обезбедам гасот да биде со прифатлива цена која ќе биде конкурентна на другите енергенси.

Но се додека просечниот Македонец останува неук, и не го разбира ова што го напишав погоре - се додека не го БАРА тоа од тие што ги гласа да го владеат... Епа се дотогаш Скопје нема да се гасифицира, и разни дилетанти политичари ќе ви ги мачкаат улиците очите дека демек се борат против загадувањето. Карванот ќе си врви.

Размисли малку што всушност ти пишувам. И размисли зошто на запад во сите поголеми градови Е ЗАБРАНЕТО ГОРЕЊЕ ПЕЧКИ НА ДРВА... Прочитај за Големиот Смог во Лондон, пред и тие да забранат печки на дрва. Едуцирај се. :cautious:
 
...иам впечаток дека повеќе те потресуваат тие кои владеат од загадувањето..:):) .Објективно гледано малку што можат да направат, освен можеби џиновски вентилатори кои би ги проветрувале градовите кои се спомнати.. Но многу , многу... не би правел муабет за тоа , какви се во моментов со мањак идеи за "проекти " ќе почнат и да ги инсталираат...
Реално гледано загадувањето е последица на неколку дејанија чии почетоци задираат уште во половината на минатиот век, а како се тоа ќе се реши...појма немам, знам само дека ќе станува се полошо...
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.765
Загадувањето може значително да се намали. Прво гасификација и целосна забрана за печки на дрва (и ѓубре). Второ ставање на филтри на сите загадувачи од индустријата, и воведување нешто како независен надзорен орган кој ќе работи транспарентно и ќе спреведува ненајавени инспекции по барање на граѓаните. Трето, воспоставување на контрола на работата на фирмите за регистрација на возила, ебате овде и локомотиви ќе добијат пролазна оценка. Тоа што го кажувам е дека нема потреба од некакво ограничување според еуро стандарди, туку недавање сообраќајна дозвола на возила чија емисија на честици надминува одреден стандард. Пошто имаш возила кои се нови по датум, ама амортизирани до бесвест (такси, на пример) и затоа големи загадувачи - а имаш и олдтајмери во цакум пакум состојба кои не се загадувачи. Воведување на забрани за постари еуро стандарди им одговара само на дилерите на нови аута.

Ете ти што можат да направат политичарите, и не мора да измислуваат „џиновски вентилатори“.

...иам впечаток дека повеќе те потресуваат тие кои владеат од загадувањето..:):) .Објективно гледано малку што можат да направат, освен можеби џиновски вентилатори кои би ги проветрувале градовите кои се спомнати...
Не баш. Мислам не е дека не ме нервираат, тоа е точно. Но чуството не е заради нивниот идентитет, мене ме нервираат сите што биле, се, или ќе бидат на власт.
Пошто со власт и со професионална политика, успешно се занимаваат само клептрократи. :cautious:
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Загадувањето може значително да се намали. Прво гасификација и целосна забрана за печки на дрва (и ѓубре). Второ ставање на филтри на сите загадувачи од индустријата, и воведување нешто како независен надзорен орган кој ќе работи транспарентно и ќе спреведува ненајавени инспекции по барање на граѓаните. Трето, воспоставување на контрола на работата на фирмите за регистрација на возила, ебате овде и локомотиви ќе добијат пролазна оценка. Тоа што го кажувам е дека нема потреба од некакво ограничување според еуро стандарди, туку недавање сообраќајна дозвола на возила чија емисија на честици надминува одреден стандард. Пошто имаш возила кои се нови по датум, ама амортизирани до бесвест (такси, на пример) и затоа големи загадувачи - а имаш и олдтајмери во цакум пакум состојба кои не се загадувачи. Воведување на забрани за постари еуро стандарди им одговара само на дилерите на нови аута.

Ете ти што можат да направат политичарите, и не мора да измислуваат „џиновски вентилатори“.

Не баш. Мислам не е дека не ме нервираат, тоа е точно. Но чуството не е заради нивниот идентитет, мене ме нервираат сите што биле, се, или ќе бидат на власт.
Пошто со власт и со професионална политика, успешно се занимаваат само клептрократи. :cautious:
..загадувањето , посебно во Скопје и Тетово се резултат на она што се вика аеродинамика на градовите и што во основа Е ЦЕЛА НАУКА...Струењата во тие котлини во урбаните простори....во она што се вика граничен слој од тлото до некои 30-50 метра се тотално нарушени. Високи згради наредени без никакво земање во обзир правилно позиционирање се редат и кај треба и кај не треба...Кањоните во центарот да не ги спомнуваме. Тетово е посебна приказна на таа тема...у комбинација со депонија насред град , која редовно се пали за да се намалат количините смет.
Баш кај Ново Лисиче е евидентен ротор кој чадот од селото Лисиче ( пренаселено до зла бога и кое ќе добие гасно централно греење на Св.НИКОГАШ..!!) наместо да се развејува по долината на Вардар го враќа во населбата.
Па сеа ти пробај со инспекции.....може ќе намалиш нешто од сето тоа...:)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Vanlok
Не ми е јасно, зошто инсистираш дека воздухот во Скопје е загаден од печките на дрва
Најнапред оваа година немаше дрва во продажба. Ретко кој успеа да набави огревно дрво.
Втора работа што не ми е јасна - зошто не ја споменуваш цементарницата. Цементарница е едвај 500 метри воздушна линија одалечена од Ново Лисиче
Таа троши огромна количина гориво. Сум слушнал дека користат и сечени стари автомобилски гуми. А има и прашина од мелење на цементот
Трето што не ми е јасно - зошто не ја спомнуваш градската нечистотија како причина на загадувањето. Во Скопје воопшто не се мијат улиците
Сигурно има и други можни загадувачи
Но најнапред треба да се изврши земање мостри и во лабараторија да се утврди што содржи прашината. Па потоа може да се бара решение
А вака, ако се базираме на „ чистиот ум “ и ние ќе станеме како твоите „ пријатели “ од невладините организации
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.769
Поени од реакции
21.178
Знаеме дека греењето на струја е најчисто ама никој да се праша од каде иди таа струјата. Сигурно на дрва расти што значи поеколошки амин. Добро бе мајката тие климите на сончева енергија или на батерии да не ви работат. Друга песна ке пееше РЕК во дворот да му беше, ама вака во Скопје далеку од очи далеку од гради.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
[quote="Смрт за зони и пајак воз., post: 7614766, member: 51585"Но најнапред треба да се изврши земање мостри и во лабараторија да се утврди што содржи прашината. Па потоа може да се бара решение[/quote]Пред неколку месеци читав еден текст од една професорка која пишуваше дека кога беше големото загадување со пм2,5 правеле анализи на воздухот и резултатите покажале дека мнозинството од овие честички се градежна прашина.
Каде го читав и која беше професорката не можам да се сетам, а не најдов ни со површно гуглање :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom