Алтернативни горива за загревање

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Како најпродавани котли на дрва, се оние кои ние ги викаме „ со пиролиза “
Всушност новното име е wood gasification boiler, така да можете да пребарувате има многу на интернет


Она што мене ме привлекува кај овој тип котли е автоматиката
Тие имаат вентилатор со променлив број на вртежи ламбда сонда, серво мотори повеќе термометри и компјутер. Така да можат да имаат многу поголем степен на корисно дејство од „ класикава “
Но мислам дека со нив обавезно е потребно да се постави и буфер
А и цениве им се прилични - не најдов поефтино од 4000 евра
Повелете пребарајте....
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Хммм... целта не секогаш ги оправдува средствата, или поточно, средствата во овој случај не ја оправдуваат целта. ;)
Премногу пари, премногу сложен уред, премногу електроника, премногу можности нешто да се расипе или раздеси... неисплатливо.

Има еден интересен концепт „соодветна технологија„. На пример нема да пукаш со топ за да убиеш комарец, пластична тепалка за муви (или самата дланка) е доволно добро средство. Ѕирни:
http://en.wikipedia.org/wiki/Appropriate_technology
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
@Vanlok е во право, но малку да ги простудираме печките „ на пиролиза “ и да извлечеме заклучок
Самата идеја печката да работи „ на пиролиза “ е да горивото се гасифицира. Тоа подразбира да согорува во услови на мањак на кислород и да се формира јаглен моноксид. Овој јаглен моноксид рагира со вода и се формира чист водород плус јаглен диоксид.
Е сега прашање е колку е тоа ефикасно кај овој тип печки?
Гасификацијата на камениот јагленот се врши на начин кој го опишав но камениот јагленот суштествено се разликува од дрвото како гориво.
Камениот јаглен содржи малку испарливи материи а многу јагленород.
Кај дрвото има многу испарливи материи.
Еве уште еднаш погледнете ја самата конструкција за овие печки


Она што можете да забележите дека сите ваквите печки имаат имаа систем за чистење на димните цевки ( означено со В )
Значи се појавува нафаќање на чаџ, а тоа е чист јагленород. Значи во ложиштето не согорува само јаглен моноксид и водород туку и цврст јагленород. На цврстиот јагленород му е потребно подолго време да изгори, а очигледно кај овие печки нема услови за ова.Од друга страна, ваквиот цврст јагленород ако се допре до студената површина на цевките веднаш ќе се угаси и нема да согори
Погледнете го ова подобрување

За согорување е предвидена топла комора каде ќе има доволно време за да согорат цврстите материи
Jас се „ оладив “ за овој тип печки
Какво е Вашето мислење?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725

вакво нешто пробал некој или е глупости во боја?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Свеќи во саксија... дали греат?
Секако дека што има согорување: се испушта и топлина.

Следно прашање е... дали се исплати?
Ако се свеќите многу евтини, можеби и се исплати. Но доаѓаме до главното прашање, а тоа е: Зошто нормален човек би се греел на отворен оган внатре во просторија каде завршуваат и чадот од согорувањето на свеќите?

Манете се од ќорава работа и од луѓе што измислуваат топла вода.





Jас се „ оладив “ за овој тип печки
Какво е Вашето мислење?
Премногу комплицирање = посложена технологија + слаб интерес (заради слабо позвавање на предностите) од широката популација = многу скап производ = несплатлива инвестиција.

Плус колку е посложена технологијата, толку повеќе работи може да се расипат и ќе коштаат скапо за поправање/замена (пошто малку мајстори/сервисери ги работат).
Заради ова зборував за концептот на „соодветна технологија„. Ако нешто е прескапо, тотално сеедно е колку е напредно од технолошки или научен аспект.

Затоа толку ми се допаѓа принципот на ракетните печки, ама алас, не гледам како да ставам котел/изменувач на таква печка... а мене ми е потребно парно греење.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
@Vanlok
Печките и котлите на дрва кои во моментов се користат, се користат со многу низок степен на корисно дејство
Тоа е причината што бараме подобрување
Едно вентилаторче ( аспираторче ) чини 600 денари. зошто да не ставиме
@мкд владе покажа дека со додавање на довод на секундарен воздух добил одлични резултати
Значи треба да се бараат подобрувања
Трговците нудат се и сешто, но што е она што се исплатува да се употреби?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
е
@мкд владе покажа дека со додавање на довод на секундарен воздух добил одлични резултати
Значи треба да се бараат подобрувања
Трговците нудат се и сешто, но што е она што се исплатува да се употреби?
Добро прашање, а мене ме интересира дали има комерцијално достапна (таква печка со секундарен (па и терциерен) довор на воздух/кислород, но да има и котел за парно греење.

Него ајде ќе гледам утре да отворам нова тема за печки на дрво... глупо е што упорно ја киднапираме темава, дрвото сеуште не е алтернативно гориво! ;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Добро прашање, а мене ме интересира дали има комерцијално достапна (таква печка со секундарен (па и терциерен) довор на воздух/кислород, но да има и котел за парно греење.

Него ајде ќе гледам утре да отворам нова тема за печки на дрво... глупо е што упорно ја киднапираме темава, дрвото сеуште не е алтернативно гориво! ;)
Нема потреба да отвараш нова тема има таква:
http://forum.kajgana.com/threads/Парно-на-дрва-Потрошувачка.73004/
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Еве една сериозна мала книга од 35 страни. Потекнува од Шумарскиот факултет во Белград и е посветена на согорувањето на дрвото и дрвените одпадоци. Има податоци на топлотната моќност, хемискиот состав густината на дрвото и тн
http://www.peletiranje.co.rs/pdf/Energija_u_preradi_drveta-1.pdf
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
кочани има јаки термални извори и од апсект на количина и од аспект на температура. сведочам за тоа... поголемите објекти низ кочани имаат геотермални пумпи ставено, од што излага толку жешка вода од пумпите, системите мора да им се разладуваат... општината, школите итн итн...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
кравји лепешки:icon_lol:
и facebook i HP најавија дека ќе користат алтернативно гориво
HP планира да отвори своја фарма со 1000 крави кои годишно ќе произведуваат околу 200 000 тони лепешки .
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Eлектростопанството на Србија распишало конкурс со кој сака да испита дали е можно во Србија да се одгледува вид трска какобио гориво за термоелектрани
http://bi.mk/srbija-razmisluva-da-odgleduva-trska-za-proizvodstvo-na-struja-kako-zamena-za-jaglen/
Еве на Јутуб за оваа трска
https://www.youtube.com/watch?v=Fn-sVQrNW1o
Еве и на Википедија
http://en.wikipedia.org/wiki/Miscanthus_giganteus

Топлотната моќ и е 5 KWh/кг, а на еден хектар се произведуваат до 20 тони
 
Член од
11 мај 2014
Мислења
1.020
Поени од реакции
575
кравји лепешки:icon_lol:
и facebook i HP најавија дека ќе користат алтернативно гориво
HP планира да отвори своја фарма со 1000 крави кои годишно ќе произведуваат околу 200 000 тони лепешки .
бел
Да горат, испуштаат густ бел чад и даваат добра топлина, а држат и жар богами :), но нели нормално со што се хранала кравата, дололку јадела само трева ќе бидат полесни и побрзо горат (поради остатоците од сеното низ нив). Е сега доколку ги чуваш во обична штала ќе ги газат самите, доколку се така поставени кравите при што паѓаат постојано на исто место (обично во понапредните земји, за кај нас не сум запознаен дали е имплементирано користат подвижна лента).[DOUBLEPOST=1418810366][/DOUBLEPOST]П.С нафтава ако продолжи вака ОПЕК да ја симнува ќе стане исплатлива и со неа да се грееме :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom