Алтернативни горива за загревање

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.769
Поени од реакции
21.177
@мкд владе јас го замислувам тоа како права цевка во прав оџак, без притисок, едноставен изменувач на топлина. Би требало да може да се пресмета потребната должина на изменувачот (цевката) ако точно се измерат: температурата на чадот, волуменот на чад што проаѓа за единица време. Проблем би бил изборот на материјал, пошто на високи температури се дешава брза корозија.

Тие таканаречени штедач бории не ми се допаѓаат, не мислам дека проблемот е до тоа што толку оддаваат топлина колку што го спречуваат движењето на чадот.
Искрено нејасно ми е зошто инсистираш водата во изменувачот да не е под притисок. Да не дојде до експлозија? Инаку имаше едни бољери комбинирани ги викаја, можи и сеуште има каде водата се загреваше на многу сличен принцип како што ти тука сакаш. Разликата е што резервоарот со вода е околу боријата, да не речам горилникот беше точно под бољерот и боријата врви сред резервоар и така ја предава топлината. И тие бољери не беа под притисок. Бољерот како бољер беше бакарен, а боријата беше мислам поцинкуван лим или некој друг сличен мек материјал кој беше споен со калај со бољерот. Така да немаше некој фенси материјал и немаше некој проблеми со корозија од топлината и чадот.
Инаку ако размислам малце тоа со притисокот некако ми нема логика. Водата врие во вакум па према тоа колку е поголем притисокот потешко би требало да заврие водата а не обратно. Можеби и затое е под притисок системот, за да се поткрени малце температурата на вриење на водата. Ама искрено нити сум се замарал посебно за тоа нити се разбирам. Ова е што би рекле размислување на глас и немора да значи дека е точно.
За штедач бориите ако се собери дијаметарот на сите посебни мали боривчиња мислам дека е многу поголем од 12 см. Така да отежнатиот проток сепак иди дека е прозивод на слабиот цуг на оџакот и неефикасното согорување како последица на тој слаб цуг, а тоа е пак директна причина да додји до затнување со гареж на штедачборијата која уште повеќе ке го намали протокот и така се во круг.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.286
Поени од реакции
29.760
@мкд владе
Колку е понизок притисокот, толку пониска температура е доволна за да се дојде до точката на вриење.
На пример температура на вриење на водата е 100 степени целзиуси, ама тоа е на 0метри на надморска висина (значи на нивото на морињата). Како се оди на повисока надморска висина, така паѓа притисокот и со тоа е потребна помала температура за да дојде до вриење на водата.
На сето ова само отприлика се сеќавав, па побарав малку на нетот за да се уверам дека не грешам и дефинитивно е така: понизок притисокот = пониска точка на вриење

Еве табела доле. Како што и ти напомна, на доволно низок притисок водата почнува да врие и на 0степени целзиусови.

Temperature (degrees Celsius) Vapor Pressure (MPa)
0.01 0.000 612
25 0.003 17
50 0.012 35
75 0.0386
100 0.1014
150 0.4762
200 1.555
250 3.976
300 8.588
350 16.529
373.946 22.064


Искрено нејасно ми е зошто инсистираш водата во изменувачот да не е под притисок. Да не дојде до експлозија?
Ма не.
Јас и би сакал да можам да направам изменувач каде водата ќе биде под понизок притисок, ама да се направи такво нешто е многу посложено од... едноставно ставање на една цевка од дебел поцинкуван челик во оџакот. :)

Јасно е дека манипулации со притисокот ќе го направат изменувачот поефикасен. Но како што веќе кажав, количината на топлинска енергија која ќе оди во изменувачот, можам да ја регулирам и преку големината на самиот изменувач. Колку поголем изменувач (во случајов подолга цевка) толку поголема површина (и поголем трансфер на топлинска енергија).
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ЗЕМJОДЕЛЦИТЕ НЕ ГО КОРИСТАТ ОТПАДОТ ОД ЛОЗJАТА И ОД ОВОШТАРНИЦИТЕ

ВО ТИКВЕШКО ГОРАТ МИЛИОНИ ЕВРА



И пролетва горат милиони евра во Тиквешко со лозовите прачки што остануваат по резидбата на лозјата. Истата слика се повторува со години. На меѓата речиси од секоја нива лозарите во распламтените огнови ставаат лозови прачки, кои светот знае да ги искористи разумно. Огромни чадови од сите страни.

Упатените и годинава апелираат дека таа суровина со години неповратно оди во воздухот. А може да се искористи барем за две работи, за производство на иверица и за производство на брикети за огрев. Нешто што во светот одамна се практикува.

- Ако од лозовите прачки се направат брикети за огрев, ќе се намали сечата на шумските дрва. Одамна сум размислувал на оваа тема, но мислам дека крајно време е некој да се сети и од тоа да направи бизнис. Досега никој не се нафати да ја направи таа важна работа. Потребно е организирано да се собираат лозовите прачки од регионот, кои ги има во изобилство по резидбата. Лозарите би добиле соодветна цена за изнесување на отпадот од сопствените лозја. Отпад, кој всушност претставува неискористена енергија, која така се фрла без соодветно да се употреби - вели Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија“ од Kавадарци.

Тој додава дека неискористени, исто така, остануваат и гранките од кроењето на прасковите дрвца во најголемиот регион за производство на праски во Македонија, Росоманскиот. И овде се фрла голем отпад од овоштарниците што произведуваат еден процент од светското производство на праски.

Лозарите Тасо Бошков од кавадаречкото село Сопот и Воислав Стошиќ од росоманското село Сирково кажуваат дека е мал бројот на лозарите и на овоштарите што имаат посебни машини за мелење на прачките.

- Со дробењето со посебна дробилка, прачките од лозјата и гранките од прасковите дрвца остануваат во нивите и ги ѓубрат. Убаво е да се има таква машина - велат двајцата, кои во Тиквешко важат за големи и искусни производители на грозје.

Некои од лозарите со кои разговараме ни рекоа дека за да купат дробилки потребни им се и појаки трактори, оти нивните ги немале потребните коњски сили за да може на нив да се постави една таква опрема.

Рака на срце, има и такви што дел од лозовите прачки ги складираат, па со нив горат оган кога прават зимница во ќумбињата по дворовите или во казаните кога печат ракија. Некои зиме со нив си ги потпалуваат домашните огнови.

- За постојано да се грееме со нив кога не се во брикети не можеме оти набрзина горат. Треба постојано да ја отвораме и затвораме вратата од шпоретот при што ни се чадат домовите - објаснуваат Тиквешани со кои разговаравме на оваа тема.

Има и такви што на шега коментираат дека виновите лози како да знаат колку несериозно се однесуваат луѓето со отсечените лозови прачки, па затоа плачат при резидбата.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=77E3BF39FD98504AB85E114C9ED7D8B6
Брикети од лозови прачки? Колку е ова изводливо,исплатливо?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Брикети од лозови прачки? Колку е ова изводливо,исплатливо?
Ова е жалосно. Не само прачки, се гори и слама и стебла од пченка, и што уште не...
Не се неопходни брикети. Ова е идеално гориво за за градски топлани.
Виена се грее на биомаса.
Грешката е во школството. Кај нас децата во училиштата учат дека Македонија е многу богата, а децата во Јапонија учат дека Јапонија е сиромашна и дека треба да работат и да штедат.
Еден килограм од овие прачки содржи 4,5 киловатчасови енергија. Ако скопска или некоја друга топлификација ги одкупи за само 3 денари по килограм, мислам дека земјоделците ќе бидат задоволни. А тоа значи цената на еден киловат час ќе биде 3 : 4.5 = 0,67 денари
За споредба киловатчас од гас чини 3 денари, а од мазут 3,5 денари
Но кому да кажеш....
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Текстов можеби не е за тука, надлежните нека префрлат каде мислат дека треба.
Но вреди да се прочита.
МАГИСТЕР ПО ПРАВНИ НАУKИ ПРОИЗВЕДУВА БИОДИЗЕЛ

ПРЕГОРЕНО МАСЛО НАМЕСТО ВО ОДВОД, КАКО ПОГОНСКО ГОРИВО



Магистерот по правни науки, дваесет и осумгодишниот Александар Димитриевски, своите дипломи ги остави во фиока и реши да се посвети на приватен бизнис и тоа на нешто што нема никаква врска со она за што се школувал - производство на биодизел, и тоа од прегорено масло кое како отпад се фрла во мијалниците и во тоалетите.

На излезот од скопската населба Радишани, во месноста Бел Kамен, тој и неговиот две години постар брат Жарко, кој е машински техничар, направија мал капацитет во кој веќе неколку месеци произведуваат гориво, кое се смета за едно од најнезагадувачките. Ова гориво без проблеми го користат во своите возила, но и го продаваат, засега најмногу на камионски превозници, но и на други фирми.

- Идејата да произведуваме биодизел ја добивме пред една година следејќи ги информациите од другите земји каде што има многу производители на биодизел, кое е алтернативно гориво и не ја загадува животната средина како фосилните горива. Ваквото гориво има 0,03 отсто загадување, не е канцерогено и штетно, односно дури и солта е поштетна за здравјето од биогоривото - вели Димитриевски.

Опремата што ја имаат браќата во својата работилница е набавена, како што објаснуваат делумно од соседна Србија, а делумно и од други земји. Со процес на вриење се добива хемиска реакција, со која се одвојува биодизелот, а на дното останува талогот. Горивото на клиентите им го испорачуваат во контејнери, а талогот засега го складираат.

- Во развиени земји талогот што се добива со производство на биогоривото се користи во индустријата за производство на течни сапуни, а и во козметиката. Kај нас с` уште нема некое вакво производство, иако имаше најави дека во околината на Струмица ќе се отвора таков капацитет. Засега талогот го складираме, па можеби, кога ќе имаме поголеми количини, ако кај нас нема каде да се пласира, ќе го извеземе - објаснува Димитриевски.

Суровината за производство е „отпадот“ од кафеаните и од сендвичарниците, кои претходно прегореното масло го фрлале најчесто во одводите, од што тие многу често и се затнуваат и создаваат проблеми. И, секако, ја загадуваат животната средина бидејќи еден литар прегорен зејтин загадува 1.000 литри вода. Сега на приближно 150 вакви угостителски објекти, со кои имаат договори, им се оставаат канистери во кои тие го собираат искористеното масло, а браќата потоа го собираат и го рециклираат во својот погон.

- Пред да почнеме со производството регистриравме фирма „Метил естер“, што е во суштина латинско име на биодизелот. Јас бев девет месеци на обука и положив за управител на отпад бидејќи маслото што се собира е отпад и има правила како со него да се ракува и како да се складира. Од Здружението „Цепросард“ ни помогнаа во изработка на потребниот елаборат за заштита на животната средина, кој беше неопходен за да ја добиеме потребната дозвола од Министерството за животна средина и почнавме со работа, која засега оди добро. Односно, преработуваме толку колку што ќе собереме прегорено масло - вели Димитриевски.

Kапацитетот за производство им е поголем од она што сега го преработуваат и за да го зголемат, планираат да воспостават соработка со некои од фирмите кои исто така собираат прегорено масло, но го извезуваат бидејќи така домашните ресурси би останале во земјата.

Биодизелот, кој го произведуваат, како што велат, може да го користат сите возила произведени до 2006 година, без притоа да додаваат фосилни горива. За поновите возила произведени по оваа година мора да се изврши мешање. Ваквото гориво е одлично и за користење во земјоделската механизација. Со користење на биодизелот, според Димитриевски, потрошувачката на гориво е помала за 30 отсто во споредба со фосилното гориво. А она што го продаваат во оваа мала фирма, како што велат, е за 10 денари поевтино отколку на бензинските пумпи, па затоа и побарувачката станува с` поголема.

Биодизел од листовите од паловнија
За разлика од процесот на добивање биодизел од отпадно масло, тоа може да се добива од земјоделски производи, односно од маслодајни растенија. Може да се користат сончоглед, маслодајна репка или соја, но и палмино масло и други видови вакви растенија, а кое растение ќе се користи зависи од поднебјето. Па, така, ако, на пример, во Европа се користат стандардните маслодајни култури - сончоглед и репка, во САД најмногу се користи соја, а во Индонезија - палмино масло.

Димитриески планира да проба да добива масло од листовите на брзорастечкото дрво паловнија за кое се тврди дека има голема концентрација на масло, кое се истиснува со пресирање. Затоа има засадено 200 садници од ова дрво, чии листови планира да ги користи за биодизел, а дрвената маса како дрво за огрев, за добивање брикети или за извоз.

Еколошко гориво
Со користење биодизел се намалува емисијата на гасови и се избегнува ефектот на стаклена градина. Тоа не испушта јаглероден диоксид, во себе не содржи сулфур, олово, ниту азотни соединенија. Подобро согорува во моторот, а со неговото користење се намалува загадувањето на воздухот и на водата дури за 300 пати бидејќи е биолошки разградлив.

Испитувањата покажаа дека дизел-мотори со погон на биодизел имаат за 40 отсто помала емисија на чад и честички, а пониска емисија се постигнува и кога се прави мешавина од биодизел и фосилни горива. Kористењето на ова гориво особено се препорачува на места каде што е неопходна мала емисија на штетни гасови, како пластеници, рудници или национални паркови.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=D9AC3F64A16BEF429C18E1E446D4F4ED
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.286
Поени од реакции
29.760
Друже секоја чест на бизнисот, и навистина ви посакувам успех. Ама те молам не претерувај, нема смисла да спамираш на оваа тема: нема ништно алтернативно во пелетите како гориво.
Постираше на темата за економично греење и ајде тоа е ОК донекаде. Ама не смарај на несоодветни места. Прво ефектот е спротивен од тоа што го сакаш (реклама) а второ некој може да те пријави на администраторите и да те банираат и да ти ги избришат постовите.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Текстов можеби не е за тука, надлежните нека префрлат каде мислат дека треба.
Но вреди да се прочита.
МАГИСТЕР ПО ПРАВНИ НАУKИ ПРОИЗВЕДУВА БИОДИЗЕЛ

ПРЕГОРЕНО МАСЛО НАМЕСТО ВО ОДВОД, КАКО ПОГОНСКО ГОРИВО

Еколошко гориво
Со користење биодизел се намалува емисијата на гасови и се избегнува ефектот на стаклена градина. Тоа не испушта јаглероден диоксид, во себе не содржи сулфур, олово, ниту азотни соединенија. Подобро согорува во моторот, а со неговото користење се намалува загадувањето на воздухот и на водата дури за 300 пати бидејќи е биолошки разградлив.

Испитувањата покажаа дека дизел-мотори со погон на биодизел имаат за 40 отсто помала емисија на чад и честички, а пониска емисија се постигнува и кога се прави мешавина од биодизел и фосилни горива. Kористењето на ова гориво особено се препорачува на места каде што е неопходна мала емисија на штетни гасови, како пластеници, рудници или национални паркови.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=D9AC3F64A16BEF429C18E1E446D4F4ED
...секое согорување е исто, нема некое што не испушта јаглен двеоксид.
Цаката со биодизелот е дека гори нешто што некои растенија го произвеле при тоа врзувајќи го карбонот , а ослободувајќи го кислородот. Тоест нешто слично со водата испарува, па се кондензира , па врне, па полни акумулации, па врти турбини и дава струја , па оди понатака и на сонце испарува...., демек имаме некакво кружење ин некој биланс на материјалите.
Горењето на фосилните горива значи ВРАЌАЊЕ на со стотици милиони години складираниот јагленород во земја, назад во атмосферата со сите последици.
Но... нажалост НЕМА ТОЛКУ СУРОВИНИ колку што би сакале за биодизел..., дури и луѓето да престанат да конзумираат масла...;)
Целата приказна сеа се базира на подмачкувањето. Растителните масла се одлични лубриканти, а со еколошкото извлекувањето на сулфорот од горивото.., на светски план во големите бројки се забележа забрзано абење на моторите. Со 5-8% биодизел изблендиран во дизелот се средуваат работите...., а таман за некои максимум 10% има и биодизел по разумна цена. Затоа и замреа амбициозните најави по свет за супституција на фосилната нафта со биодизел. Едноставно се виде дека алтернативата е ГЛАД....
Штета за многуте прашуми кои се исекоа заради садење на палми.....само бог знае какви се не врсти билки битни за човекот исчезнаа:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom