Александар Сариевски

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Една од најголемите легенди на македонската музика. Безмерно ја задолжи македонската култура воопшто пред се сопремостувањето на океаните и во минатото и денес, во потврдувањето на нераскинливата врска со родниот крај, со трајноста на македонското име.
Во текот на своето 60- годишно уметничко живеењеСариевски испиша богати биографски страници, остави над 400 трајни звучни записи.
Во своите песни ги опеа родниот Галичник, невозвратената љубов, печалбарството, а испеа имногу хумористични песни.

Во прегратките на неговиот Галичник​


Александар Сариевски е роден на 20. јуни 1922. во Галичник, а почина на19. декември 2002. во Скопје.
Почнал да свири на хармоника пом завршувањето на средното образование во Скопје, а во 1946. во Македонското радио ја сними првата песна „А бре невесто око калешо“. Тој е еден од основачите на ансамблот „Танец“, а на првата турнеја, од Ниш до Сплит, тргнуваво далечната 1950. година и оттогаш постојано патува низ светот ширејќи ја приказната за македонската оригинална традиционална музика. Имал концерти буквално на сите меридијани, а само воСАД настапувал 15-тина пати.
Кирил Тодевски напиша монографијата за Александар Македонски, а ја започнува со изреката: „Ако сакаш поблиску да запознаеш еден народ - чуј ја неговата песна“.
Изјави на некои од неговите пријатели и најблиски соработници:
Виолета Томовска: „Тој ќе остане богато музичко наследство за идните генерации“.
Анка Гиева: „Александар беше идол, историја, најдобар како музичар, пејач, колега, другар“.
Наум Петревски: „Тој беше физички ситен човек, но со голема душа“.
Посебно „врзана“ за Сариевски е „приказната“ за „Тешкото“ и „Танец“.
„Тешкото“ секоја година се игра прво во Лазарополе, а на печалба не се заминувало без него, па потоа ,,Зајди, зајди јасно сонце“, па ,,Параходот“...

Македонските легенди на едно место​


На првата интернационална турнеја на македонскиот професионален државен ансамбл за народни песни и ора во Ланголен , Англија, за првпат е изиграно орото пред светската јавност. Во таа 1950. годинаја освојува првата награда . Учесник е и ненадминатиот и неповторливиот Александар Сариевски, и тоа како тапанџија во оркестарот.
Сариевски го раскажувал можеби решавачкиот момент за таква врвна изведба: деветтемина играорци при настапот биле нервозни, имало моменти на трема се до моментот кога легендарниот и ненадминат ороводец на „Тешкото“ Дојчин Матевски се качил на тапанот Сариевски ги видел лицата на исплашените и пребледнати играчи, па му рекол на „Баци ме, Дојчине!“.Го бакнал и во тој момент како да се спуштила тежината од рамењата на младите момчиња. На лицата им се разлеала насмевка и тие го заиграле орото онака како што треба- цврсто и достоинствено докрајот.

Од времето кога беше тапанџија​


Публиката и жирито биле воодушевени и набрзо им било доделено највисокото признание на фестивалот. Во образложението меѓу другото се вели :
„Македонската група даде јасно сурова игра, откината од најдлабоките народни пазуви, во која не се препозна никаков допир на индивидуална уметничка рака ... таа игра е доказ дека таму живее народ со висока култура“.
Исказ на Александар Сариевски за се она што го создал и испеал:
„Ако сум успеал со својата песна, со својата интерпретација да се наметнам, ако соберам се по шест децении пеење и занимавање со музика и присуство на естрадата, можам да кажам дека се чувствувам горд. Јас мислам дека сум можел и повеќе. Меѓутоа, и од ова што го направив јас сум задоволен. Ќе бидам почестен ако другите кажат колку сум придонел со својата песна да му се оддолжам на својот народ, на неговата култура и историја“.
Сариевски ќе остане запаметен по песните „Зајди, зајди, јасно сонце“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Јано мори“, „Дејгиди, луди млади години“, „Абер дојде, Донке“,„Зајко кукурајко“, „Кандисал Ајредин паша“ и многу други.

Многумина се обидуваа да ја испеат легендарната песна "Зајди, зајди јасно сонце", но никој од нив не може да ја надмине интерпретацијата на генијалецот Александар Сариевски...



НЕГОВАТА ПЕСНА

Авторот Кирил Тодевски монографијата ја започнува со изреката: "Ако сакаш поблиску да го запознаеш еден народ - чуј ја неговата песна". Понатаму во својот предговор вели дека "песната е најверен регистратор и толкувач на социјалните и историските премрежја во животописот на Македонецот. Таа е сенароден продукт, со децении и децении нејзината мело-поетска порака се пренесувала во устен пат, се збогатувала со инветивната дарба на анонимните песнопојци, кои заокружувајќи го овој природен процес, во аманет на својот народ му оставија непресушно духовно богатство”.


Многубројни ЛП плочи испишани со неговото име​


Сариевски со Кирил Тодевски, автор на монографијата​

Тој аманет Александар Сариевски го почитуваше и достојно го пренесуваше насекаде особено кај Македонците во Австралија, Канада, Америка... Авторот Тодевски инспириран од кажувањата на Сариевски ни го приближува чувството на македонската легенда вво дијаспората. Тој вели дека Сариевски првата средба со нашинците во далечната Австралија во 1966 година посебно ја паметел. Но, секоја средба со нашите иселеници каде и да се во светот завршувале со песни и солзи радосници.

СЕСТРАНА ЛИЧНОСТ

Покрај забележаните кажувања на Сариевски, авторот Кирил Тодевски, инаку познат етно-музиколог, во монографијата го има претставено и репартоарот кој опфаќа опус од над триста песни во кои се опфатени песни со најразлични содржински пораки односно песни во духот на традиционалната македонска мелодија. Посебно место во репертоарот на Сариевски заземаат песните за неговиот роден крај Галичник. Така започнувајќи го својот чекор по врвиците на фолклорната уметност од родното село Галичник, тој застанува од првите денови пред микрофонот на Радио Скопје, а исто така застана и во челните редови на првата генерација на Ансамблот "Танец". Во неговиот професионален период тој ја има и функцијата - раководител на Оркестарот на народни инструменти на тогашната Радио-телевизија Скопје. Сестраниот уметник работи и како рецензент продуцент за дискографската продукција на Радио-телевизија Белград со што го заокружува својот работен век во 1984 година, но како што повеќето го познаваат тој беше човек со немирен дух, човек со голем пејачки елан кој продолжи и понатаму да твори. Последните години од неговиот работен век Сариевски ги помина во знакот на самостојната уметничка дејност. Во негова чест беше организиран и концерт како едно големо признание за неговата долгогодишна музичка мисија.

“Е, години, години, летнавте
како сиви галаби, но, остана
песната, таа леснокрила
убавица, што цел живот ќе биде
мојот сопатник, ќе ја грее мојата
душа”

Александар Сариевски

(Извадок од монографијата
"Од Галичник до легенда - Александар Сариевски")
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Нема збор, македонска музичка легенда. Се прослави со повеќе песни, посебно со Зајди, зајди. Сепак мислам дека оваа песна Тоше ја испеа подобро. Знам дека не е фер од моја страна, но мене и покрај сета величина на Сариевски од секогаш ми пречел токму неговиот глас, несомнено добар, но тенок, претенок дури. Но што е тука, тука е, тој, Васка Илиева, која btw исто така ме нервираше поради изворниот, премногу рурален и селски глас, и уште неколкумина други пеачи од овие генерации се светлосни години понапред од многу сегашни „изведувачи“ во било кој музички правец.
 
Член од
17 февруари 2006
Мислења
63
Поени од реакции
5
Ми се бендисува тоа што некој се сетил да ги спомне луѓето што уште од времето ја "рекламирале" Македонија (на многу поубав начин отколку како реклама на CNN или кај и да беа) и нејзината култура и што тоа го правеле мнооогу подобро него некои наши "амбасадори".Поентата е тоа што нема тука многу дискусија.Типот се трудел,правел напори да постигне нешто што ке остане како културно богатство (иако денес се помалку се цени тоа богатство),но тоа е тоа.Убаво би било кога би се спомнувале неговите успеси како пример за тоа како треба да се претставуваме пред светот,но бидејќи западњачкиот стил на рекламирање е попопуларен тоа е нашиот избор.јбг,тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom