Актуелни случувања во светот, со осврти од геополитички аспект

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
Сувопарни податоци наведуваш, и тоа само тие најопшто познатите.

...групата постоеше долго пред да избувне војната во Сирија, под разни имиња и формации. Се појавуваат негде после Американската интервенција во Ирак.
Исто како и зилион други, огромен дел од нив овака или онака поттикнати на делување од.... блинг блинг... наградно прашање, КОЈ?
Немаше да биде ништо од нив без финансирањето и помошта на САД, така да... Да, тие ги конструираа и ИСИС/ИСИЛ се нивна конструкција која директно (или посредно) работи за нив, САД.
ОК сеедно, одиме понатаму.

Точно дека ИС се поддржани од САД, Турција, СА, Катар и сл. во борбата против Асад, но израстија премногу големи и сега се закануваат на целиот регион. Природно, поддржани се од добар дел од населението каде моментално дејствуваат, што е една од причините за нивниот голем успех.
Првото е релевантно, и што е поважно, ТОЧНО! (а воедно е и одговор на прашањето од претходниот пасос)


САД одлучија да интеревенираат единствено кога ИС ги нападнаа Курдите, кои пак и тоа како претставуваат (и ќе претставуваат) фактор на Блискиот исток, заради клучниот регион што го држат и најверојатно заради фактот што Курдската држава (ќе биде реалност за некое време) ќе биде клучен сојузник на САД во годините што идат (ако изиграат добро).
Така некако, со таа разлика што САД не реагираат според развојот на настаните таму. Таму на Блискиот Исток САД го креираат развојот на настаните!

Интересно ќе биде како ќе реагира Турција на развојот со Курдите. Иначе во областа има и други моменти (помали фактори), на пример Асирците кои патем се христијани.

Моменталнаата ситуација и постоењето на ИС во тој регион супер им одговара на С.Арабија, која има за цел да биде регионална сила потиснувајќи го Иран. Конфликт меѓу сунитите и шиитите на повисоко ниво е сосем реален во наредните години.
Саудиска Арабија е главниот партнер на САД во регионот, а конфликт меѓу сунитите и шиитите од интерес на САД. Воопшто нестабилност на целиот регион е интерес на САД.
Ништо од ова што се случува не е непланирано и без контрола на САД.



Тешко дека негогаш било каков гасовод Катар-ЕУ ќе го види светлото од денот.
Во толку конфликтно подрачје, незамисливо е да се изгради бензиска пумпа, а камоли гасовод.
Токму ова е една од најважните стратешки цели на САД. Единствен реален проблем за тој гасовод е режимот во Сирија, кој требаше да биде соборен преку буновниците кои ги финансираат и подржуваат .... блинг блинг... наградно прашање, КОЈ? ;)

Извини за шегувањето, не е смешна работава. Само Катар има толкави резерви и количини на гас да може да ја замени Русија како снабдувач на Европа... Нешто што САД очајно го посакува.
Со тоа и отргнување на ЕУ од растечкото влијание на Руската Федерација (и се поголемите трговски сојузи кои ги ствараат РФ и Кина).
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
@Human еве поконкретно, да не губам време во пишување:

US Begins Selling “Syria Intervention” Using ISIS Pretext
http://www.thedailysheeple.com/us-begins-selling-syria-intervention-using-isis-pretext_082014




Од аспект на целава работа со ИСИС/ИСИЛ кои САД демек ќе ги спречуваат со тоа што ќе ја бомбардираат Сирија... нели е логично прво да престанат да ги финансираат и да ги вооружуваат? ;)


Како и да е, еве неколку интересни линкови за ситуацијата со ИСИС/ИСИЛ:

Advanced U.S. Weapons Flow to Syrian Rebels
http://online.wsj.com/news/articles/SB10001424052702304626304579509401865454762

Syrian Rebels Describe U.S.-Backed Training in Qatar
http://www.pbs.org/wgbh/pages/frontline/foreign-affairs-defense/syria-arming-the-rebels/syrian-rebels-describe-u-s-backed-training-in-qatar/

Official says CIA-funded weapons have begun to reach Syrian rebels
http://edition.cnn.com/2013/09/12/politics/syria-arming-rebels/




За крај нешто што МОРА ДА СЕ ПРОЧИТА!
Малку не толку одамнешна историја на Блискиот Исток, и на Левантот првенствено. Прочитајте, за тие што не се запознаети со историјата на Блискиот Исток ова ќе биде вистински „отварач на очи„:

ISIS: The Spoils of the "Great Loot" in the Middle East - FPIF
http://fpif.org/isis-spoils-great-loot-middle-east/[/quote]
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.563
Поени од реакции
26.078
Сувопарни податоци наведуваш, и тоа само тие најопшто познатите.


Исто како и зилион други, огромен дел од нив овака или онака поттикнати на делување од.... блинг блинг... наградно прашање, КОЈ?
Немаше да биде ништо од нив без финансирањето и помошта на САД, така да... Да, тие ги конструираа и ИСИС/ИСИЛ се нивна конструкција која директно (или посредно) работи за нив, САД.
Кој ги обучуваше исламистите пред да стапат САД на сцената во Авганистан? Европско седиште на муслманските браќа беше Загреб. Истите тие што го бутнаа и го убија Гадафи во Арапската пролет, беа обучувани во 70-тите и 80-тите во Либија, додека САД ги бомбардираше.

Како и сите групи и ИСИЛ добива подршка во зависност од целта што е пред нив. Тие не се чедо на САД, туку едноставно го искористиле моментот да добијат Америчко оружје како подршка во војната во Сирија. И на крајот на краиштата, оружјето не е тоа кое убива, туку луѓето. ИСИС има 20.000 прекалени борци. Еве собери ти копуци кај нас со истото тоа оружје и бујрум во војна :)

Како тоа ќе го искористат САД, и дали ќе продолжат со подршката, зависи само од САД и нивните аналитичари. Тоа не значи дека ќе им биде све според планот, ниту пак дека ќе имаат целосна контрола врз ИСИЛ. Тоа никад и не им било намерата. Контролата е детаљ кој на ваков вид на групација нема да може САД да им наметне.

САД е моќна држава, но не се семоќни. Поради тоа ги користат теориите на заговор.

Целта на теориите на заговор се да се постигне "The God effect" за да има помала линија на отпор на самоволието на големите сили. Така било одсекогаш. Теориите на заговор се пуштаат во употреба баш од тие против кои се збори во тие теории. Речиси сите тематики се одработени во Холивудските филмови. Теориите на заговор се Америчка пропаганда која има цел да ги заплаши луѓето од големиот брат, кој гледа све и знае све што правиш.

САД тоа го работат по методот на големата инквизиција. Буквално. CNN и сличните медиуми ја имаат улогата на „светиот“ суд.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
САД е моќна држава, но не се семоќни. Поради тоа ги користат теориите на заговор.

Целта на теориите на заговор се да се постигне "The God effect" за да има помала линија на отпор на самоволието на големите сили. Така било одсекогаш. Теориите на заговор се пуштаат во употреба баш од тие против кои се збори во тие теории. Речиси сите тематики се одработени во Холивудските филмови. Теориите на заговор се Америчка пропаганда која има цел да ги заплаши луѓето од големиот брат, кој гледа све и знае све што правиш.

САД тоа го работат по методот на големата инквизиција. Буквално. CNN и сличните медиуми ја имаат улогата на „светиот“ суд.
Не дека нема логика и смисла во ова што го пишуваш, напротив. Но јас не реков дека САД ги контролираат ИСИС/ИСИЛ (и поголемиот дел од сличните групи).
Реков дека САД ги конструираат, финансираат и наоружуваат ИСИС/ИСИЛ и таквите како нив.

Но ни тоа НЕ Е главната поента во тоа што се обидов да го покажам... ОК ајде да побанално и конкретно: работата е во тоа што и САД и ИСИС/ИСИЛ се управувани од исто место.
О да, се разбира дека таквите како ИСИС/ИСИЛ никогаш не се 100% контролирани, но во голема мера СЕ контролирани.


И се разбира дека сето ова звучи како теорија на заговор. Не ни може поинаку да биде во свет во кој толку енергија и ресурси се вложуваат не во развој на науката и технологијата, туку во контрола на популацијата и ресурсите.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Викендов, кризата ескалираше по отворените критики на министерот за економија Арно Монтебург на сметка на политиката на штедење која ја спроведува владата, а која според него, е наметната од Германија.

„Мораме да го дигнеме гласот. Германија е заглавена во политика на штедење која и ја наметнува на цела Европа“, рече Монтебург. Тој соопшти дека побарал од Валс и Оланд „драстична промена“ во економската политика.


http://www.dw.de/нова-политичка-криза-во-франција/a-17875411?maca=maz-rss-maz-pol_evropa_timemk-4728-xml-mrss
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Вреди да се погледа целото интервју:

Dr. Daniele Ganser interviewed by Tommy Hansen

https://www.youtube.com/watch?v=xxjzfkw3coI

Dr. Daniele Ganser is a swiss historian and peace researcher. His publications are e.g. about NATO's secret army, Operation Gladio, 9/11 and peak oil. Tommy Hansen, who is a Danish journalist and founder of the free21.org-project about authentic journalism, met Ganser in his Swiss Institute for Peace and Energy Research in Basel, Switzerland.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
Вреди да се погледа целото интервју:

Dr. Daniele Ganser interviewed by Tommy Hansen

https://www.youtube.com/watch?v=xxjzfkw3coI
И тоа како вреди да се погледа и послуша ова интервју. Многу убаво се кажани некои вистини за светов, и многу е лесно за слушање и за разбирање, посебно за неупатените во сево ова. Вистински „отварач за очи„ што би рекле Америте. Најпосле човеков сепак е едуциран историчар и предавач од независна држава со историја на независност и слобода на говорот.

Но ако некој ете од некои причини нема време (или трпение)... мој хајлајт на интервјуто, и посебно од геополитичкиот аспект на темава, би биле неколкуте минути во овој дел на интервјуто:
https://www.youtube.com/watch?v=xxjzfkw3coI#t=4610

Се разбира, ги препорачувам и последните минути со (на жалост) утописката завршница на интервјуто. Рушењето на врвот од пирамидата (повторно на жалост), по се изгледа ќе може да се случи само со многу крв.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Западни медиуми: Во светот се појавува нова „Г-7“

Во светот се појави нова „голема седумка“, вклучувајќи во своите редови и Русија, пишува Financial Times.

Економските набљудувачи на везникот во „големата седумка“ ги вклуија сите држави БРИКС, Бразил, Русија, Индија и Кина, како и Мексико, Индонезија и Турција.

Мислењето на експертите е дадено во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд, во кој се соопштува дека показателот на БДП на овие држави изнесува 37,8 трилиони долари, односно, го надминува показателот на БДП на традиционалната „Г-7“.

Изданието забележува дека новите показатели зборуваат за големи промени: веќе половината од дваесетте најголеми пазари во светот припаѓаат на земјите во развој.
http://mk.rbth.com/news/2014/10/10/zapadni_mediumi_vo_svetot_se_pojavuva_nova_g-7_37799.html
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
И тоа како вреди да се погледа и послуша ова интервју. Многу убаво се кажани некои вистини за светов, и многу е лесно за слушање и за разбирање, посебно за неупатените во сево ова. Вистински „отварач за очи„ што би рекле Америте. Најпосле човеков сепак е едуциран историчар и предавач од независна држава со историја на независност и слобода на говорот.

Но ако некој ете од некои причини нема време (или трпение)... мој хајлајт на интервјуто, и посебно од геополитичкиот аспект на темава, би биле неколкуте минути во овој дел на интервјуто:
https://www.youtube.com/watch?v=xxjzfkw3coI#t=4610

Се разбира, ги препорачувам и последните минути со (на жалост) утописката завршница на интервјуто. Рушењето на врвот од пирамидата (повторно на жалост), по се изгледа ќе може да се случи само со многу крв.
Екстра се стокмено и изџвакано како што треба, ми требаа триста извори за овие инфо а сега се има тука
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
Екстра се стокмено и изџвакано како што треба, ми требаа триста извори за овие инфо а сега се има тука
Oд мое искуство, има повеќе вакви познавачи со комплетни излагања... разликата е почесто во очите на сведителот.

Порано многу работи ги гледав со предрасуди и ги земав здраво за готово. Алас, влијанието на меинстим пропагандата е огромно... што несомнено воопшто не е чудно со сите тие огромни средства што елитата ги вложува во социјалниот инжинеринг на широките народни маси.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
Без осврт, графикот зборува сам за себе:

 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.592
Интересно, @INDIJANEC123
Се разбира пресимплифицирано, и со пар сомнителни информации како поткрепа на тврдењата... но генерално реално гледиште.

Единствениот проблем е што на САД се гледа како на самостоен играч (лошите момци), кога вистината е дека тие се под контрола на банкарската елита и како такви, само нивна алатка. Интересите на банкарите се само нивни, и не мора повеќе да се совпаѓаат со интересите на САД.
Впрочем, се поприметно е целосно преселување на најголемите бизниси и индустрии надвор од САД. Тоа е најдобар показател за претстојниот пад на доларот како светска валута. Американците ќе наебат, но тоа нема да ги засегне тие што ги контролираат преку долгите пипци на корупцијата. Напротив, ќе профитираат и од тоа, пошто ниедна криза не смее да се остави неискористена.
Како тогаш доларот се крена за 3-3.5 денари од летото досега? Или тоа само кај нас?[DOUBLEPOST=1413395174][/DOUBLEPOST]
Да не има некаде да се (с)пушти ова во пакет со превод српски/бугарски, не за мене туку дома да им пуштам да гледаат.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom