L
Lu
Гостин
@Handball Master пред се' добредојде на форумов и ако може да пишуваш на кирилица, бидејќи поголеми постови се заморни за читање на латиница.
Многу убав одговор ти даде @3pi0 и се согласувам со се што кажа он, само јас неговиот одговор ќе го надополнам многу поопширно со повеќе инфо.
Како прво имаш многу солидна литража на аквариум од 260 л. само му фалат уште растенија да засадиш, да биде погусто, али тоа со тек на време ќе се среди.
Лично за да добиеш перфектен изглед на аквариумот и отсликување на природата, и стилски убаво да изгледа, би ти препорачала да го извадиш тој големиот камен, и да ставиш неколку дрва внатре.
И позадината обавезно црна, купи црна фолија и залепија, да видиш како одма стилски ќе изгледа многу поубаво и поелегантно, и плус се' што имаш во аквариумот ќе се истакне и ќе дојде до израз (најмногу рибите), поради црната позадина ... тоа е визуелен трик кој што се користи во акваристиката.
Е вака нешто да ти изгледа аквариумот, ќе ти биде екстра.
Сега конкретно за комбинацијата на риби во твојот аквариум ...
На третата слика (од горе надолу) во твојот аквариум забележав 2 Плати (латинско име: Xiphophorus maculatus), еве ти линк (клик) со повеќе инфо за нив.
Не забележав инфо за тоа дали се живоротки или икраши, али речиси 100% сум сигурна дека Платите се живоротки.
А генерално правило во акваристиката е да не се мешаат живоротки со икраши, а Скаларите, Колисите и Неонките ти се икраши.
Освен Платите, само овие 3 вида (Скалари, Колиси и Неонки) успеав да ги забележам во твојот аквариум, можда имаш уште некој вид на риби, што не се гледа, што е скриен позади каменот и тревите.
Така да би ти препорачала да ги тргнеш Платите од аквариумот, затоа што не идат во комбинација со Скалари, Колиси и Неонки, и башка Платите бараат нешто поладна вода (околу 25 степени), заразлика од Скаларите, Колисите и Неонките што 27 - 28 степени им се идеални.
А сега за комбинацијата што планираш да ја додадеш во аквариумот ...
Дискусите (клик) се прекрасни риби, јас што ги нарекувам кралеви во слатководната акваристика, али бараат многу висока температура на вода во однос на останатите слатководни риби.
За Дискусите идеална температура е околу 30 - 31 степени, што не е погодна речи си за нитуеден друг слатководен вид, и затоа Дискусите најпожелно е да се чуваат сами, тоест исклучиво аквариум само со Дискуси, да не се комбинираат со други видови на риби.
Оскарот (клик) спаѓа во групата на циклиди, убави се на изглед, али имаат многу незгоден и жесток карактер, всушност како и скоро секој циклид.
Јас чував Оскар, кога му давав да јаде, рипаше над водата, и за прст неколку пати ме имаше закачено турајќи му храна, многу храбра риба е карактерно.
А Оскарите растат многу големи, огромни, до 45 цм. во должина знаат да пораснат, а во твојот аквариум со твојата прилично солидна литража, некои си 20 - 25 цм. сигурно би пораснал, и тогаш збогувај се со Неонките, има да ги голтне за доручек
Гледам 4 Африкански циклиди си ставил на сликите (колона 1 - слика 2 и 5, и колона 2 - исто слика 2 и 5), знај дека Африканските циклиди не се мешаат со други видови на риби, поради нивниот жесток карактер ... за воља на вистината и Дискусот и Скаларот (клик) спаѓаат во групата на циклиди, али Дискусот и Скаларот потекнуваат од Амазон и спаѓаат во групата на циклиди со помирен карактер.
Конкретно од овие 4 Африкански циклиди што си ги ставил на сликите, лично искуство имам со (колона 2 - слика 2) односно Labidochromis caeruleus (клик).
Лабидохромис Каерулеус ти е циклид со потекло од езерото Малави од источна Африка.
Лично на мене Лабидохромисот ми е еден од омилените видови на циклиди, поради темпераментниот и интересен љубопитен карактер, но воедно и прилично агресивен.
Скоро повеќето Африкански циклиди потекнуваат од езерото Малави ... ние акваристите ги нарекуваме Малави циклиди ... а исто така има и доста циклиди што потекнуваат и од езерото Тангањика од централна Африка.
Кога сум веќе кај циклидите, да го пренесам моето лично искуство со нив.
Лично на мене, Малави циклидите ми се омилениот вид на слатководни риби, затоа што се риби со карактер (јак карактер), во буквална смисла на зборот.
И рибите имаат карактер, а карактерот на Малави циклидите и нивната интелигенција се на многу високо ниво.
Јас чував долги години само Малави циклиди, и тоа што се дешаваше во аквариумот е тешко да се опише, кој чувал - знае!
Беа како семејство, имав и мали, ми се размножуваа.
Максимум сум имала дома 5 активни аквариуми истовремено 2 големи и уште 3 помали за размножување, сите полни и активни во ист период.
И буквално се понашаа како хммм ... како да го доловам описот ни сама незнам, интелигентно, тоа е правиот опис за нивниот карактер.
Имав мажјак и женка пар, меѓу останатите циклиди, и парот функционираше како семејство буквално, а еве зашто, ќе опишам што се дешаваше ...
Циклидите се икраши (се размножуваат со икра) и прво пред мајката да ги исфрли икрите, заедно и мајката и таткото ќе одбереа најсигурна околина за опстанок на икрите, најчесто го „копаа“ песокот и под камењата правеа како тунели.
Кога ќе си ја одбереа најсигурната локација и ќе го направеа „нивниот дом“ , мајката ги исфрлаше икрите, и цело време пливеше само врз и околу нив, скоро и да не јадеше ништо мајката, затоа што не сакаше да се одвои од икрите, а таткото беше чувар на подалечен терен, сите останати риби ги бркаше кога ќе се приближеа кон икрите на одредена далечина, премногу заштитнички се понашаа.
Потоа кога ќе се родеа малите, беше истата постапка, таткото го чуваше теренот на поголема далечина, али откако ќе се родеа исто така и мајката се вклучуваше во одбрана на своите мали, но во многу помал терен, затоа што не сакаше да се оддалечува премногу од малите, поради нивна безбедност.
И најинтересен факт е тоа што ако мајката осетеше дека малите се во голема опасност, во тој момент ги собираше во уста (буквално), ги голташе сите мали и внатре во устата ги чуваше, додека да помине опасноста, односно додека таткото ги избрка останатите риби што премногу блиску се приближиле до малите.
А исто така имав случај кога некако, незнам како, им се растури тунелот што го имаа ископано под каменот, односно домот нивни што си го сметаа, и мајката одма ги собра сите мали во уста, а таткото во тој период додека мајката ги чуваше малите во уста, одма направи нов тунел под каменот и кога беше се средено и обезбедено, мајката тогаш ги пушти малите од устата.
Ете тоа се викаат риби со карактер, затоа и ги обожавам
Еве едно кусо видео, за тоа што го кажав погоре, за тоа дека мајките циклиди се исклучително грижливи родители ... особено моментот на 3:11 минутка од видеото