Аквариумски риби (општи дискусии)

Дискусија во форумот 'Акваристика' започната од рок-кејт, 2 јуни 2007.

  1. dejanbt

    dejanbt

    Член од:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    63
    Допаѓања:
    6
    Da gi trgnam vo mrestilka sega?
  2. aquascape

    aquascape

    Член од:
    2 март 2013
    Мислења:
    21
    Допаѓања:
    7
    Не се согласувам со тоа :) . Од искуство со одгледување риби и читање литература, само женките ксифо (не платици) може да го променат полот, но промената е реверзибилна :)
    --- надополнето: 6 мај 2013 во 00:26 ---
    Молите да, за црвената риба за која викаш дека е ксифо (мене ми личи на платица - Red Wag Platy), најдобро да ја провериш кога не е најадена, зашто кога ќе се најадат добро може да изгледаат дека носат рипчиња внатре. Во принцип женките живоротки се цел живот трудни (ако има и мажјаци со нив), само нели битен е моментот на исфрлање на малечките рипчиња. :)
  3. 606

    606

    Член од:
    24 септември 2005
    Мислења:
    511
    Допаѓања:
    50
    aquascape веќе ти одговори, првото моли е при крај (неколку дена до најмногу уште една недела), второто моли (последната слика - ако не е истата риба) е следна (1-2 недели), а платито (исто така спаѓа во род Ксифофорус), исто така е трудна, ама веројатно е поголемка од овие две, па веројатно и ќе и се зголеми стомакот уште малку (2+ недели). Третата слика не ми ја отвара, не ја гледам.
  4. dejanbt

    dejanbt

    Член од:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    63
    Допаѓања:
    6
    FALA VI MNOGU FALA <3
  5. mountain

    mountain

    Член од:
    9 март 2013
    Мислења:
    1.277
    Допаѓања:
    552
    Да ми препорачате во Скопје каде има пет шопови за аквариумски риби.
    Ако не сакате да ги рекламирате пишете ми во ПП.
    Карасчиња пококретно.
  6. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    32.156
    Допаѓања:
    19.497
    Ја префрлив темата во Акваристика. Побарај во овој подфорум, можеби веќе има тема за ова.
  7. aquascape

    aquascape

    Член од:
    2 март 2013
    Мислења:
    21
    Допаѓања:
    7
    Исто колку што тебе би ти било гајле ако те дува силен ветар :LOL:
  8. aquascape

    aquascape

    Член од:
    2 март 2013
    Мислења:
    21
    Допаѓања:
    7
    Пет шопот во Тафталиџе Т.Ц. Антико , после имаш во Лептокарија 2 продавници, има уште 2 кај грчка амбасада, има еден кај млечен (тафталиџе), после кај Соборен Храм кај високите згради, кај втората зграда, потоа во близина на Ленинова на Војо петшопот кој се наоѓа до Руска Амбасада. Во Аеродром има горе на спрат Т.Ц. Бисер, има и кај Т.Ц. Скопјанка во задниот дел од зградите. Има во ГТЦ на први спрат кога влегуваш от кај „Жужу“ по скалите нагоре, лево. Има и на Зелено Пазарче една пет шоп продавница. Засега тие ми текнаа, ако не, па имаш златна книга, секој петшоп у СК ќе го најдеш ;)
  9. mountain

    mountain

    Член од:
    9 март 2013
    Мислења:
    1.277
    Допаѓања:
    552
    Може да ми објасниш во Тафталиџе и Лептокарија каде се поточно?
  10. Stefan V4EtO

    Stefan V4EtO

    Член од:
    4 април 2013
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    5
    Треба ли преку ноќта да биде изгасена светлинат, намалена или не треба во опште да ја менувам? Или преку дента да биде јака бела светлина а преку ноќта слаба плава...... :)
    --- надополнето: 16 мај 2013 во 01:14 ---
    И уште едно прашање.... :) Пред три дена, гупата ми роди гупички. За колку време од прилика ке бидат доволно големи за да ги пустам да пливат со другите риби? :)
  11. 606

    606

    Член од:
    24 септември 2005
    Мислења:
    511
    Допаѓања:
    50
    Светлина за акваристичкиот циклус по правило треба само определен број часови, односно и на аквариумот му треба природен циклус ден - ноќ. Ова особено важи ако имаш природни растенија чија физиологија се менува во зависност од дневно ноќниот циклус. Некои акваристи практикуваат да стават навечер слабо LED светло кое имитира светлина од Месечина, но тоа е повеќе визуелен ефект.

    Што се однесува до гупите почекај барем едно две недели да пркнат малце. Во зависност од типот на храната различно растат али да бидат барем половина од 2/3 од рибите кои ти се во матичниот аквариум. Воедно зависи и кој вид на риби имаш во поголемиот аквариум, зошто може да се случи и поголеми да ги изедат. Ако се сите живоротки тогаш и со две недели малите успеваат да се изборат за сопствен интегритет.
  12. Filipdavid

    Filipdavid

    Член од:
    16 мај 2013
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    0
    Да те прашам ја нешто почетник сум со акваристиката и тоа последното што си го напишал за филтерот, ја сегокаш на обична вода го перам и изгледа има некој проблем на секои два дена морам да го перам бидејки прекинува да дува воздух ?
  13. Filipdavid

    Filipdavid

    Член од:
    16 мај 2013
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    0
    може ли да ми ккажете како се препознава женка (моли)
    кога е бремена
    како да препознавам кога е денот или периодот на мрестење
  14. Zlatikevichius

    Zlatikevichius Human... or at least - trying to be

    Член од:
    17 октомври 2011
    Мислења:
    2.338
    Допаѓања:
    3.558
    А како се приготвува дрвото за да може да се стави во аквариумот? Сигурно не може да исечеш винова лоза или трендафил и туку-така да ја ставиш внатре? Слушнав дека се варело. Ја знае ли некој постапката?
  15. Jack Nolan

    Jack Nolan Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!

    Член од:
    31 јули 2011
    Мислења:
    1.495
    Допаѓања:
    1.338
    Коренот е најубав затоа што стеблото од земјата па нагоре ем нема убава форма ем е сигурно е прскано. Зовријго и потуриго со ладна вода неколку пати, повторуваја постапката уште 1 до 2 пати. После само зовривајго за да не испушта нечистотија (неколку пати) ако не пропаѓа во вода ќе земиш ќе го ставиш во некој сад за вода и поттисниго со некој камен и нека стој месец дена. Тогаш би требало да може да седи под вода. Или ако ти се брза тебе ставиму камен за да не излегува на површина!

    Али нај основното е да бидиш сигурен дека нема да испушта нечистотија во тој садот каде треба да отстојува менвајму вода секој ден!
    На Zlatikevichius му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: