Агробизнис

Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
1.Јаболката џабе и годинава ко шо слушам (ако воопшто се продадат).
2.Компирите тешко да се продадат. Никој не прашува.
3.Кромидот засега велат српски има на кванташки а нашиот никој сеуште не го бара. Пролетоска исфрливме 6-7 милиони килограми(голем срам), в пролет можда 5. Цената е ирелевантна. Никој не прашува.
4.Доматите уште ги има зачудо и уште се преефтини. Ако.
5.Житото беше џабе. Додуша субвенциите ги покрија трошоците. Профит нема.
6.Пиперката се продаде цела по ефтина цена(40% пониска од лани). Слана сегде падна на 15 октомври. Природен ризик но солидни загуби. Имаше многу и квалитетна пиперка. Но:
7.Момчило Ивановски од Бонум најверојатно сака да пери пари со помош на институциите па еве и оваа година не престана да купува медиумски простор за да каже како тоа немало количини кај нас за да му дозволат некаков бесцарински интервентен увоз како што ете му дозволиле лани, што е сосем апсурдно со оглед на тоа колку пиперка купија Бугарите и лани и годинава. Овој криминалец и неспособник ништо друго не кажа а често го гледаме на телевизија. Еве последно на иста маса еден до друг со новиот заменик министер кој е можда полош и од криминалецот Кристијан Делев, Момчулче кажа нормално: немаме количини, голем проблем. Ова само како пример за гад. Си перат пари љугето на штета на земјоделството.
8.
mzsv.gov.mk пак го снемува негде. Знам зошто: бидејќи се кријат содржините! Бидејќи транспарентното работење може да спречи кражби а мачкалуците да разоткријат афери.
9.
Постои само сајтот на: http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp. Оваа агенција за рурален развој е перачница за пари. Одобренија за барања за повраток на инвестирани средства оваа година добиваат само оние кои секој ден му висат на директорот над главата со виша партиска препорака - обично манипулатори. Ретко вистински посветени земјоделци кои имаат план и намера да се шират добиваат одобрение. Тријат раце криминалците, бидејќи в година фазла ќе има да се дели, па ете и ипард фондови - супер е, омразата кај народот расте, мнозинството вистински земјоделци се неинформирани и незадоволни. Се се работи тајно и без теренска обука, теренски предавања, теренски семинари за секој селанин.
10.Никој не знае кој што колку и за каде произвел (индивидуален сектор). Администрацијата троши и си зема високи плати а не работи апсолутно ништо. Никогаш не цапнал службеник(ниту еден) на терен за да види како изгледа една нива, да праша кои се проблемите и да собере податоци.
11.
Млекото купено од земјоделците ја има најниската можна цена но во супермаркетите не е баш ниска. Луѓето уште кукаат заради Сведмилк, срамот на Македонија оваа година.
12.Бруки, дебакли, невидени потфрлања на Владата во сектор земјоделство. Иако даваат субвенции, иако се фалат со голем буџет, кои се резултатите? Дали го зголемивме производството и профитите на земјоделците? Полошо за земјоделството во Македонија не памтам да било. Сиромашните ситни земјоделци(70%) се презадолжени по банките и само тонат во сиромаштија. Трговците го бричат народот а не инвестираат ни денар. Нам не ни требаат мизерни субвенции, ами учители по сметководство ни требаат на терен и еднаков третман за сите, и нам ни треба организиран пласман и чисти општини со обновена патна инфраструктура.
13.Ај да видиме баш со тутунот шо ќе биди. Уште тука ако се олцни нешто, значи некој многу вешто работел на сотирање на нашето земјоделство, и ете, речиси го сотрел. Во секој случај мислам дека нема да ги дадат најавените 60 денари по килограм. 45 можда, 60 тешко. Многу е изедено за плати, горивце, телефонче и други неземјоделски луксузи.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Најблиска тема па решив тука да ја сместам. Mислам дека оваа информација е доста битна (со негативни последици) за земјоделството во Македонија.

Ќе го забрани ли СЗО производството на тутун во земјава



Се доведува ли прашањето на егзистенција на македонските тутунари.
Наредниот месец СЗО ќе расправа по предлогот на Канада, ЕУ и Норвешка за забрана за производство на ориентален тутун. Зошто тоа ја погодува и Македонија? Дури 99% од производството на тутун во земјава отпаѓа на ориенталниот тутун. Ако СЗО донесе одлука за забрана тогаш околу 35 илјади семејства ќе бидат приморани да запрат со одгледување на тутун.

- Ако се помножи со четворица од секое семејство дали би можеле да замислите што ќе значи тоа, вели Кирил Филиповски, претседател на здружение на производители на тутун. Тој уште додава дека целото производство на цигари се од типот на бленд, марка што се користи од ориенталниот тутун.

Филиповски тврди дека предлогот на Канада е неаргументиран, затоа што дури 70 % од светското производство отпаѓа на ориенталниот тутун. За Македонија е значајно бидејќи сите го произведуваат овој тип на тутун. Земјава остварува прилив од 80 милиони евра годишно од извозот, а најголем дел се извезува на американскиот пазар.

Според Филиповски, пред три години претставници од ЕУ ја испитувале можноста за алтернативно производство на површините каде сега се сади тутун. Но податоците биле катастрофални. Садење на било која друга култура нема да го даде ниту половина од доходот што сега се остварува од тутунот.

Во меѓувреме тутунарите бараат од Владата да лобира кај соседите за да се не ја подржат ваквата иницијатива.
Дали уште една индустриска култура ќе оди "под стечај" (како и памукот, шеќерната репка, афионот...па донекаде и сончогледот), а со тоа намалување на економската моќ на земјоделецот и државата во целина. Иако тежок за одгледување, истиот беше исплатлив за земјоделците, но и за државата и нејзиниот девизен прилив. Ако се испочитува оваа одлука, се доведува во прашање не само македонското туку и тутунопроизводството (преку него и приливот во државите и во семејствата и нивната егзистенција) во регионот.
Turkish tobacco, is a sun-cured, highly aromatic, small-leafed variety (Nicotiana tabacum) that is grown in Turkey, Greece, Bulgaria, and Macedonia. Originally grown in regions historically part of the Ottoman Empire, it is also known as "oriental". Many of the early brands of cigarettes were made mostly or entirely of Turkish tobacco; today, its main use is in blends of pipe and especially cigarette tobacco (a typical American cigarette is a blend of bright Virginia, burley and Turkish).
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
факт е дека културите кој што највеќе успеваат на одредено поднебје и се со најголем квалитет во светски рамки поголемите производители се обидуваат да ги уништат односно го фафоризираат нивниот производ до таа мера што одат на забрана на одредена култура,е сега ако се забрани ориенталниот тутун секогаш ке може нашиве да се префрлат на вирџинија али јебига цената не е ни приближно иста со таа на ориенталниот, потребно е да се насадат десетпати поголеми површини вирџинија за да се достигне економскиот ефект на ориенталниот тутун а ние тие површини ги немаме ама затоа канада и амрекика ги имаат
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ако прекинат со откуп и обработка на ориентален тутун, од што ќе живеат луѓето овде? Индустрија нема кој украде украде, кој пропадна пропадна два загубари кој никој нејќи да ги купи катастрофа тоа и сега се чека на пензиите од пензионерите тогаш има да биде мнооогу полошо.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Буци спремај нов бизнис,готов е тутунот чим Канада потегна!
Колку идат јаболката има некој информација?
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945
Ако го забранат тутунот одма префрлање на афион и тоа масовно,а ако пробаат да ја спречат таквата рокада, веднаш да се организираат протести и тоа као грчките -до пиче мамино..
Нас единствена реална опција да акумулираме солиден капитал за кратко време ни е афионот,со сите пропратни елементи-лаборатории за производство на опиумски дестилати,организирани мрежи за извоз и.т.н..
Ако сакаме да направиме пари,да акумулираме капитал во државава преку трговскиот суфицит што ќе го остваруваме, нема друго..Тоа странски инвестиции,Нато,ЕУ и сите други прикаски што ги слушаме 20 години се гола вода и служат само за замајување на јавноста додека се граба и распродава капиталот кој нашите родители го стварале и акумулирале, и од кој за жал скоро ништо и не остана..
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ова забрана ќе се однесува за глобални рамки или само за ЕУ и Канада. Како можи СЗО да го забрани производството на тутун? СЗО не е правна институција, јас би рекол може да индицира или поточно кажано да сугерира да се забрани, крајна линија ако целокупната идеа им е борба против пушењето и ако ја имаат таа моќ нека ја забранат продажбата на цигари тогаш нека ги затвораат тутунските корпорации, така по дифолт ќе се намали или искорени производството на тутун.

Македонија е одлично поднебје за афион и мислам дека сме една од земјите на кој им е дозволено со правна легислатива одгледување на афион, не за џабе ни е на грбот од државата.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ова заслужува цела тема да се отвори и што повеќе да се сподели сајтов на што можно повеќе луѓе одлична е идејава.
Темава беше отворена со таква идеја, еве конечно после 3 години некаква реализација. Слободно споделете :)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Темава беше отворена со таква идеја, еве конечно после 3 години некаква реализација. Слободно споделете :)
Сега ја споделив со луѓе што работат во оваа гранка се надевам ќе падне некоја добра зделка на обострана нивна корист:)
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Министерот кажа дека оризот во Кочани ќе се откупува по 25 денари но сите го откупуваат 17 денари, и штама едноставно штама. СРАМОТА
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.959
Поени од реакции
1.234
Да не знае некој каде може да се најде сушара за овошје и зеленчук ? Било каква.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom