Агенција за недвижности

Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Ок, сите знаеме што претставува агенцијата за недвижности, продавање, изнајмување, купување на куќа, стан, деловен простор... но она што мене ме интересира е како функционира работата во една ваква агенција?
Се работи за многу мала фиксна плата и плус на процент, во зависност од тоа колку договори ќе успееш да склучиш, колку повеќе толку поголема плата. Што мислите дали е тоа правиот начин за одредување на платата и дали е преголем ризик, бидејќи ете некогаш може да се случи да останеш само со таа минимална фиксна плата?!
Дали работењето (трчањето) се исплати?

Ако има некој искуство со ваква работа нека го сподели со нас :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не сум работела во таква агенција за недвижнсоти,но сум работела во такви услови:ниска фиксна+ процент.Прво и основно за таква работа треба да си роден,треба талент неможе секој да ја работи.Второ треба да си таков карактер кој ќе трпи се и сешто на своја кожа трчајќи од една локација до друга.И трето треба да имаш вишок пари,а ова да го сфатиш како за забава :)
Да бидеме реални,таргетот кој е поставен за процент е доста висок за да неможе секој да го дофати.А оној што ќе го дофати,ептен ќе се усреќи со 2-3 000 плус :)
Имам другарка која работеше во таква агенција...даде отказ.Мое мислење е дека не се исплаќа за парите тој труд.
Но сепак,ако те бива можеш да успееш,после можеш да се продадеш на друга агенција и слично.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
557
Поени од реакции
180
Јас мислам дека моментално не се исплатува да се нафаќа човек со ваква работа, гледајќи го моменталниот пазар за недвижности. Нормално дека имало добри години за заработка ама тоа било некогаш. Сега цените на недвижностите се многу високи така да тешко кој има пари за купување стан во овие времиња.
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Ах да продаваш по 100 станови 100 куќи во месецот тоа е најубава работа И НАЈЛЕСНА. Ама жалосно не е така. Се продава многу малце
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Абе така е, остај што е криза и кога не е криза сепак мислам дека е ризична работава. Плус бараат и да се потпише договор на 6 месеци што автоматки ја прави поризична оваа работа, зашто нели ако немаш добивка од платата, тогаш си во минус :)
Бев на интервју за ваква работа, затоа и прашав за мислење, зашто согледувајќи ги условите под кои се работи се ставив во двоумење. Од една страна интересна е работата, но од друга кога ќе видиш дека можеш да заглавиш си викаш подобро не :)
баш е како за забава, но ретко кој иде да работи од забава, само тој што има вишок убаво кажа :)
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
според мене работава е губење време, затоа и секој ден објавуваат огласи за агенти:vozbud:
 
Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
да не знае некој што документација е потребно за да се отвори агенција за недвижности, дали има некоја лиценца и услови. Исто така ме интересира кој процент го земаат агенциите и на кој принцип работат?
Знам дека е ова нооб прашање :toe:
 
Член од
16 септември 2010
Мислења
34
Поени од реакции
32

Обично агенцијата потпишува договор со тој што продава
и зема 2% од сумата што ке ја договори продавачот со купувачот, во тие 2% агенцијата ги средува сите договори документи значи продавачот не мора да трча воопшто
понатаму ако продавачот сака сам да ги средува документите а агенцијата му најде купувач тогаш е 1%
процентот е мал но на сума од 30 000 евра агенцијата ке земе 600 евра а ке има трошок некаде 100 евра дали и толку
принципот на работа е едноставен, во агенцијата одат и купувачи и продавачи, агентот ги носи купувачите кај продавачите во зависност од тоа сто бараат
пошто јас бев продавач пред некој месец и успешно продадов недвижен имот, од искуство кажувам дека многу полесно ке продадес или купиш ако сам бараш или продаваш, агенциите гледаат да земат повеке пари и се договараат и со двете страни истовремено без тие да знаат :), а и несе исплака толку пари да дадес на агенција
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
малку згреши во делот кој иде во агенција... во агенција идат купувачи, а продавачите агенцијата сама ги наоѓа. бидејки има премногу агенции, треба да си луд да дигаш телефон и на сите да им се јавуваш, туку едноставно во огласник го пушташ она што го продаваш, па агенциите сами ке ти се јават.

за ДЕСПОТ, по закон, за да бидеш агенција за продавање и издавање на секаков вид НЕДВИЖНОСТ мора да си и регистриран како таков. нема лиценци нема ништо, мегутоа мора да си регистриран, зашто утре ако се деси некој спор (а се дешава доста често) ке го јадеш ти зашто си се појавил како застапник на некоја страна а немаш законско овластување за истата. јас работев во агенција за недвижности, а сопругата во две различни агенции... едната беше хепинес и таму беше тотална утка, а другата беше елегант, која е агенција со фамилијарен бизнис. оваа втората сеуште работи, а за првата иам само нај лоши зборови според она што го видов и слушнав како функционираа господата.

ЗА МАЦА, ако ти нудат опција 25% со 2000 денари размисли убаво. ни еден стан во скопје нема цена под 45.000 евра. 2% за агенцијата од таа сума се 900 евра. од нив 25% се твои, т.е. сума од околу 220-230 и нешто евра. а да не праиме муабет што во аеродром има станови и до 130.000 евра... значи треба да си трчалив и способен да истрчаш и најдеш-склопиш продажба баерм една месечно а ако успееш 2 тогаш е супер и одлично. а три веке имаш залиха за да промашиш некој месец со продажба. оние 2.000 денари ти се таман за да ти покријат трошоци за идење на работа. мегутоа, пробај. не се залетувај со потпишување договори одма... на твое место би побарал еден месец пробно без да ми исплатат аванс, а да земам 25% ско продадам. значи да не ми ги даваат оние 2.000 во замена за работење 1 месец без договор. батали ги рентањата, слабо фајде од нив. иди директ на продажбите. за 30 дена работа ке знаеш дали те бива или не т.е. дали ти лежи или не оваа работа. после одлучувај за договори дали ке тераш или не. мој совет искрен е да пробаш и да се осознаеш себеси...

п.с. ако не е тајна, во која агенција се мислиш?
 
Член од
1 април 2011
Мислења
46
Поени од реакции
0
....

--- надополнето ---

на пример да имаш агенција за недвижности луѓето сами одат во агенција за да ги продаваат становите,куќите, итн,или пак агенцијата за недвижности ги наоѓа луѓето што продаваат?????????
:nesvest:
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
малку згреши во делот кој иде во агенција... во агенција идат купувачи, а продавачите агенцијата сама ги наоѓа. бидејки има премногу агенции, треба да си луд да дигаш телефон и на сите да им се јавуваш, туку едноставно во огласник го пушташ она што го продаваш, па агенциите сами ке ти се јават.

за ДЕСПОТ, по закон, за да бидеш агенција за продавање и издавање на секаков вид НЕДВИЖНОСТ мора да си и регистриран како таков. нема лиценци нема ништо, мегутоа мора да си регистриран, зашто утре ако се деси некој спор (а се дешава доста често) ке го јадеш ти зашто си се појавил како застапник на некоја страна а немаш законско овластување за истата. јас работев во агенција за недвижности, а сопругата во две различни агенции... едната беше хепинес и таму беше тотална утка, а другата беше елегант, која е агенција со фамилијарен бизнис. оваа втората сеуште работи, а за првата иам само нај лоши зборови според она што го видов и слушнав како функционираа господата.

ЗА МАЦА, ако ти нудат опција 25% со 2000 денари размисли убаво. ни еден стан во скопје нема цена под 45.000 евра. 2% за агенцијата од таа сума се 900 евра. од нив 25% се твои, т.е. сума од околу 220-230 и нешто евра. а да не праиме муабет што во аеродром има станови и до 130.000 евра... значи треба да си трчалив и способен да истрчаш и најдеш-склопиш продажба баерм една месечно а ако успееш 2 тогаш е супер и одлично. а три веке имаш залиха за да промашиш некој месец со продажба. оние 2.000 денари ти се таман за да ти покријат трошоци за идење на работа. мегутоа, пробај. не се залетувај со потпишување договори одма... на твое место би побарал еден месец пробно без да ми исплатат аванс, а да земам 25% ско продадам. значи да не ми ги даваат оние 2.000 во замена за работење 1 месец без договор. батали ги рентањата, слабо фајде од нив. иди директ на продажбите. за 30 дена работа ке знаеш дали те бива или не т.е. дали ти лежи или не оваа работа. после одлучувај за договори дали ке тераш или не. мој совет искрен е да пробаш и да се осознаеш себеси...

п.с. ако не е тајна, во која агенција се мислиш?
Па мислам адриатик се викаше, но не сум сигурна, пред 2 години тоа беше :)
бтњ ќе проба човек, но ваму тие бараа да се потпише договор на 6 месеци... врти сучи не чини :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom