Агенции за недвижности-на кого да му веруваме дека нема да не излаже

Член од
7 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
0
Сакам да отворам нова тема бидејки не најдов на форумов. Кај да е треба да почнам да размислувам на тоа да си купам стан, па ме интересираат вашите искуства околу агенции за недвижности како посредници помеѓу вас и оној што го продава станот. Дали вие кои имате купувано стан/ови досега имате работено со некоја агенција која до крајот коректно си ја извршила работата и не сте биле изиграни или излажани од нивна страна? Се повеќе слушам работи од типот: Не им верувај сите лажат...Ама се надевам има сеуште чесни луѓе кои си стојат на зборот и си ја знаат работата и на крајот сите среќни и весели. Па ајде ако има такви пишувајте ке ми биде од гооооолема помош да знам, за да не лутам :) Фала
 
Член од
19 јуни 2014
Мислења
52
Поени од реакции
42
Nе е до толку работата дека ќе бидеш заебен колку што ти лапаат уште 1000 евра без потреба ! 95 % од становите што ги нудат , ги има огласено по реклама5 , пазар3 и слично , така да потруди се малце и прескокни ги , едноставно не се коректни во поглед на тоа што бараш , ќе се шеташ безвезе низ град а нема да ти го покажат она што го бараш :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.908
Поени од реакции
10.540
и јас стварно не сфаќам зашто сам не си побараш, кога и така и така ке идеш ти да ги разгледуваш становите....
ако толку те мрзи да бараш по огласи дај ми мене некој денар провизија кажи ми што бараш и на кое место и сто пути поише ке се потрудам од агенцииве :icon_lol:
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
не давај пари на агенции, јас пред неколку месеци си купив сам стан, се јавував по огласи одев гледав се пазарев и на крај најдов она што ми требаше по според мене прифатлива цена(иако цените се превисоки).
Пред се барај да имаат чист имотен лист за станот тоа можеш да го провериш на http://katastar.gov.mk/mk/Page.aspx?Id=575, подрумот и заедничките простории на зградата, потоа да се платени сите сметки за комуналиите, обавезно да се сложува и брачниот другар за продажбата оти ако е стекнат во брак на нотар мора и он де се потпише на купопродажниот договор (за секој случај ако те убедуваат дека се ќе платат задржи им 100 евра од цената со образложение дека откако ќе ти ги покажат сите сметки платени ќе им ги доплатиш ако се чесни и имат намера нема да прават проблем ако не ќе се тегнат )
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Кога станува збор за недвижнини, не му верувај на никој. Ни на поширока ни на потесна фамилија. Фората е, недвижнини, односно трансакција со недвижнини е бизнис со огромен обрт на пари. Луѓе се алчат многу у овој сектор.

не давај пари на агенции, јас пред неколку месеци си купив сам стан, се јавував по огласи одев гледав се пазарев и на крај најдов она што ми требаше по според мене прифатлива цена(иако цените се превисоки).
Пред се барај да имаат чист имотен лист за станот тоа можеш да го провериш на http://katastar.gov.mk/mk/Page.aspx?Id=575, подрумот и заедничките простории на зградата, потоа да се платени сите сметки за комуналиите, обавезно да се сложува и брачниот другар за продажбата оти ако е стекнат во брак на нотар мора и он де се потпише на купопродажниот договор (за секој случај ако те убедуваат дека се ќе платат задржи им 100 евра од цената со образложение дека откако ќе ти ги покажат сите сметки платени ќе им ги доплатиш ако се чесни и имат намера нема да прават проблем ако не ќе се тегнат )
Плус многу од кваките се вртат околу паркинг место, односно купуваш стан и ОП не ти следува паркинг место и испаѓа дека треба да доплатиш.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Па јас до сега не сум слушнал за агенција која некого го има излажено или преварено, но агенција како агенција ќе ти лапне 1000 евра.
Најпаметно ти е да си уклучиш Пазар 3, Реклама 5... и да си бараш стан/куќа:)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Од неколкуте агенции преку кои барав стан, ниедна не беше професионална. Тоа не значи дека не беа чесни или сакаат да ме излажат, туку едноставно ме носеа по станови од огласи во кои и тие првпат влегуваат.
Ако веќе ангажирам агенција што ќе ми лапне процент од вредноста, очекувам да ми понуди точно тоа што го барам во смисол на големина, местоположба, состојба и цена на недвижнината, не да ме шета и ми губи време по станови кои ни оддалеку не се тоа што го барам.
Можеби оние што работат со луксузни објекти работат на тој начин, ама од такви објекти немав потреба за да се обратам кај нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom