Авторски права за музика на свадба?

Член од
18 март 2011
Мислења
60
Поени од реакции
12
Во Јуни оваа година правевме свадба накоја ни беше најавено дека за авторски права за музиката која ке свирела ке требало да и платиме на државата околу 100 евра, и дури пред два дена стаса писмо со кое не известуват дека треба да платиме 12 000 денари?

Некој со вакво искуство како да се направи нешто да се намали? бидејќи пишува дека е можна корекција доколку направиле некоја грешка !!! Доколку некој има вакво искуство нека сподели :)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298

Што, да не имаат листа на автори и песни кои се изведени на свадбата, па да им ги поделат на нив парите?
Чекај, ова сериозно? Може ли да ставиш скенирана верзија од писмото за да прочитаме што пишува? Секако, сокриј ги личните податоци пред да го ставиш...

12.000 денари за авторски права за свадба? Човече, се надевам дека ова е некаква заебанција. За тие пари ќе го викнеш авторот на песната да ти пее на свадба :))
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Слично му се случи на братучет ми. Покрај тоа што платил за бендот кој му свиреше на свадба, му дојде писмо од ЗАМП дека треба да плати авторски права и на нив. Сега се тужи со ЗАМП.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
зар дојде инспекција и ви пиша нешто? ...
а и зошто вие да плаќате, треба да платат музичарите ... ти ги ангажираш и тие пеат (ако им побараш заштитена песна, требало да кажат дека не смеат да ја пеат без накнада) ...
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Ќе го забранат и пеењето по дома уште малце како тргнале треба да ставаш звучна изолација да не слуша комшијата зашто можат да ти стегнат некоја казна , што уште нема да им текне само за пари да извадат мене вака да ми дојде писмо ич не ми плаќам .(n)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
зар дојде инспекција и ви пиша нешто? ...
а и зошто вие да плаќате, треба да платат музичарите ... ти ги ангажираш и тие пеат (ако им побараш заштитена песна, требало да кажат дека не смеат да ја пеат без накнада) ...
Тоа сакав сега да го пишам. Ако веќе сакаат да глумат Европа (иако сум сигурен дека никаде ја нема оваа глупост), тогаш би требало музичарите да си ги регулираат авторските права со авторите на песните, а не крајниот корисник. Тоа е исто како ти да земеш интернет од ОНЕ, а освен парите што ќе ги дадеш за сметка, да треба да платиш и на АЕК пари за лиценца за користење на фрекфренцијата на базните станици. Каков апсурд човече, нека се лечат.
 
-G-

Успешен
Член од
15 јуни 2009
Мислења
636
Поени од реакции
255
Си одиш по патот и си свиркаш македонско девојче ти доаѓаат двајца инспектори стој дечко да платиш за авторски права ти нормален ли си свиреш песна што не е твоја а? така ли те учеа од дома? никакво домашно воспитание еј..
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас правев свадба во септември, ми нема уште ништо стигнато. А не верувам и да стигне. Од кај знаат они јас дали воопшто сум правела веселба и дали сум имала музичари на свадбата?
 
бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Што, да не имаат листа на автори и песни кои се изведени на свадбата, па да им ги поделат на нив парите?
Чекај, ова сериозно? Може ли да ставиш скенирана верзија од писмото за да прочитаме што пишува? Секако, сокриј ги личните податоци пред да го ставиш...

12.000 денари за авторски права за свадба? Човече, се надевам дека ова е некаква заебанција. За тие пари ќе го викнеш авторот на песната да ти пее на свадба :))
За жал ацид не е ....

За музика пуштена на свадба, кршетвка, сунет, на журка на отворено или затворено… секој организатор ќе мора да плаќа по 12.000 денари на Организацијата на македонската музичка индустрија (ММИ). Црквите, џамиите и воените објекти имаат попуст – 6000 денари. На листата на ММИ се и аеробик и фитнес клубовите како и јавните паркинзи и гаражи каде се пушта музика кои ќе плаќаат по 6.000 денари месечно. По 600 денари е предвидена и тарифа за пуштена музика во капела.
 
Член од
18 март 2011
Мислења
60
Поени од реакции
12
Значи ова е веке нешто како официјално со закон дефинирано ,л усте во самата сала кога се договаравме главниот келнер не извести за тој документ и прв него го потпишавме тогаш и не се гледаше некоја голема пара дека е 5-6000 али ова 12000 некако многу е !!! ке пробам деновиве да го закачам документот што е стигнат да ве уверам тие што се чудите !!! некој од вас извлекол некаков поенок крај некое конкретно искуство ??? однапред фала !!! :)
--- надополнето: 6 декември 2012 во 21:24 ---
Доколку некој има конкретен линк законски документ) каде е пропишано ова веке наметнато правило ве молам постирајте го сакам детално да се информирам од правен аспект за овој случај.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
LOL бе треба да идеме на свадба со појачало,звучки и лаптоп да си пуштаме што сакаме после и за тоа ќе измислат нешто и за што да дадам ја 12.000 ? За некој у џеб да си стаи :pos:
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Значи ова е веке нешто како официјално со закон дефинирано ,л усте во самата сала кога се договаравме главниот келнер не извести за тој документ и прв него го потпишавме
а што ако се свири само народни песни ... кому авторски права?
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
На другар пред 2 години му земаа 6000 денари, ама само ЗАМП, а сеа 12 000 е најверојатно заради ММИ, по пола си делат со ЗАМП.

Инаку музичарите му рекле сакаш ти да си платиш или на нас да ни дадеш пари да платиме, оти ако не си платиш ти ние ќе ти ја кренеме цената за 100 евра кои фактички се истите кои ти би ги платил на ЗАМП директно.

Е сеа ко што спомна некој, ако земеш лаптоп и си пушташ музика од јутјуб, дали ќе ти наплатат!?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom