Џенталмен vs. Дама

XИкса

Гласник на вистината
Член од
13 август 2015
Мислења
27
Поени од реакции
31
Да, сменети се времињата, а со тоа и луѓето... Поимите џенталмен и дама имаат различно значење, што значи различни карактеристики во зависност од полот. А тоа се смета за нешто што е во ред. Со тоа дефинира разликата помеѓу половите. Но, тоа се сметало за коректно, бидејќи во тоа време дискриминацијата на жените била нормална. Заедничките особини се љубезност, толеранција, почит, внимателност... Но, особините со кои се отсликува разликата се во тоа што џенталменски се смета дека е постојаната помош која ја нудат на жените (пр. отварање на врата, местење стол, плаќање). Ваквите гестови мене искрено многу ме иритираат. Да ми отвара некој врата, да плаќа наместо мене заради тоа што сум женско? Не, благодарам. Не сум финансиски зависна од некој. Не сум нешто помалку ако сум женско. Не се сум ни инвалид, не сум ни неспособна, немам потреба од тоа некој да не омаловажува. Во денешно време менталитетот на луѓето е во транзиција, сеуште не е постигната целосна рамноправност, но промената е сепак голема. Затоа сметам дека таквите понижувачки гестови треба да се исфрлат, но да се задржи љубезност, почит, толеранција, пристојност, убави манири... Со тоа поимите џенталмен и дама ќе си добијат современа форма. А жените кои сакаат вакви гестови очекуваат рамноправност (ОК, не сакаат сите рамноправност, има и такви што се сметаат помалку вредни од мажите), а од друга страна прифаќаат понижување?
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.821
џенталмен бе....
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750

Главно се сложувам. Тие џентлменски работи, отварање врата, плаќање сметка, често не се со намера да ја омаловажат жената. Иако сосема разбирам зошто така би се чувствувала таа. Сите тие "манири" се вртат околу идејата дека жените се послаб пол, дека им треба помош итн.
Мој начин да излезам на чисто со ова е следното: истите правила да важат за двајцата. Некогаш јас плаќам некогаш таа. Некогаш јас ја затворам врата некогаш таа. Некогаш јас ќе и купам цвеќе некогаш таа.
Ако нешто на мене би ми било омаловажувачко таа да ми направи, нема ниту јас да и направам, исто важи и за неа. Нпр. Таа секогаш да ми плаќа пијачки би ми било омаловажувачко, чекај имам мои пари, не сум сиромав итн. исто и таа би мислела.
 
Баш така! Мило ми е што го делиме истото мислење. Штета што повеќето сеуште ги делат професиите на машки и женски. Кога би размислувале со своја глава, без влијание на општеството е тогаш би оформиле фер став. Околината им ја полни главата додека се мали, а потоа тешко да се промени мислењето ако не погледнат од други агли.
 
D

Daedalus

Гостин
Позади џентлменскиот однос најчесто (не секогаш) не постојат некакви алтруистички пориви. Целта (најчесто) е да се легне „дамата“ у питање и тука нема ништо лошо. Дамското и џентлменското однесување најчесто во историјата подразбирале елитизам и одвојување на буржоазијата од секојдневниот шлајм иако овие концепти треба да претставуваат нешто поблагородно.

Според мене, манирите кои се поставени како некои општествени стандарди за добро однесување, само ја извештачуваат комуникацијата помеѓу двата пола. Со тоа, не сакам да кажам дека не треба да постои коректен однос и почит, туку дека како и за секоја форма на бонтон, ако некој прави нешто поради тоа што постои стандард во општеството дека тоа е акт на џентлменство или дамство, тогаш тоа што е направено најчесто не е искрено и ја лишува индивидуата од слободата да се изразува согласно со нејзиниот темперамент, со што мора да следи некој код на однесување кој е „правилен“.
Е сеа, некој може искрено да верува во тоа и кога се однесува така, да сигнализира почит и внимание пошто тоа е во склад со личните принципи и у тој случај тоа е сосема во ред.

Ја лично, дефиницијата за џентлмен и дама би ја донел на некое друго ниво, а тоа е било кој однос кој суштински укажува на почит кон другиот без разлика на формата која варира од човек до човек. Некој може да не отвара врати и да трга столчиња и наместо тоа, да ја смее „дамата“ и да не ја однесе на официјална вечера во некој елитен ресторан кајшто ќе го плати цехот за да ја покаже својата социјална и економска моќ, туку да ја однесе на хамбургер и кока кола и пак да биде џентлмен бидејќи суштински ја почитува и ја вреднува како личност.
Џентлменството и дамството се концепти кои не треба да подлежат на некои шаблони на однесување.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Мислам дека @Daedalus до сега најдобро ја долови суштината...
не дека е изумрен ваквиот вид на сооднос помеѓу половите но можеби треба или веќе најде некоја своја нова форма.
И не, секако дека не, се сфаќа дека ако некој сака да отвори врата или пак да плати сметка е над жената (во случајот), дека таа е обесправена или пак дека би била полово нерамноправна. Како што кажаа погоре @XИкса и @Nekojx сметката може да ја плати машкото или пак женското, сеедно. Битно е некој да се понуди...
генерално, мое мислење е дека е изгубена таа љубезност и благонаклонетост... не љубезност „ради реда“, туку тоа домашно воспитување кое треба сите да го имаме во односот кон другите луѓе (ако е полесно тука читајте спротивниот пол) се меша со папучарство, би те нарекле луѓето педер или пак ако е женско веднаш ќе има квалификации дека истата таква е надмена, крената и било што...

Од друга страна, ако налетате во случајот на некој простак кој нема да се понуди да плати сметка, нема ниту еднаш да ве насмее, да ви понуди превоз до дома или пак да ви посака пријатна ноќ сигурно ќе кажете дека одамна изумреа вистинските „мажи“. И ова нема никаква врска со рамноправност меѓу половите... никој не вели дека женско не може да плати вечера или пак да го однеси партнерот (познаникот, другарот) до дома.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Во последно време, кога сите глумат некоја лудост, јас лично имам налетано само на неколку парови кои во себе носат нешто што го гледам сè поретко....
Во изумирање се баш...
Јас знам еден пар, далечни роднини а блиски како пријатели
Двајцата имаат свое мислење. Двајцата имаат некоја култура во понашањето, нема шанси таа да работи некоја работа што може тој да ја сработи, со поглед се разбираат нема расправии или некој некого да го понижи
Многу се спуштени на земја, како да имаат разбирање за сите а нивниот живот е како заштитен на дистанца од сите. Многу се пријатни, и мило ми е што ги имам во животов
Ама друг пар како нив не можам да се сетам. Или само женско што има држење како дама или само машко како џентлмен, ама и тоа не е тоа изгледа едното не може без другото. Како ќе бидиш дама ако ти е партнерот во состојба да испие 5 кила пиво и да ждригне од дното на пивскиот стомак пред сите :)
 
баш така.
овие јас што ги познавам не дека нема да испијат пиво или нема да одат на свирка или незз што, но како што викаш и ти имаат култура на понашање, единствени се. дури и нивниот начин на функционирање секогаш дели од другите, секогаш насмеани, секогаш добро облечени, со позитивен став кон животот и секогаш спремни да помогнат на било кого. нивното однесување кон луѓето е позитивно (без разлика од кој пол се) и гледано од страна иако изгледа чудно, сепак е карактеристика за почит.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.356
Сменети се времињата. Сега половите тежнеат кон рамноправност. Мислам дека е невозможно да се бараат такви вредности денес. Мажите се феминизираат а жените стануваат Х? (досега не сум го сретнал зборот кој укажува на жена што користи машки манири). А згора на тоа и се соочуваме со нов феномен на дигитален живот и имаме измешана перцепција за реален и виртуелен свет.
Сега и љубовта е поразлична од онаа љубов што била некогаш која што инспирирала поети да ја воспеваат итн. Можеби денеска стануваме покемони?
А на крај краишта однесувајќи се како џентлмен или дама може да добиш тужба за сексуално малтретирање и полова дискриминација. Некое си чудно време е денес.
Жити се, како успеа да поврзеш убаво однесување со рамноправност?
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Жити се, како успеа да поврзеш убаво однесување со рамноправност?
Сум поврзал и многу побизарни работи. Луѓето различно те доживуваат, светот е психотично место. Па затоа е најдобро да си седиш мадро.
Не дека свеотот е таков во целост, но од време на време ќе налеташ на некоја луда случка.
Убаво однесување, не е тоа џентелменство. Убавто однесување се поврзува со домашна култура, бон тон и нешто слично на тоа. Додека џентлмен, треба да биде нежен спрема дамата и таа убаво да се чуствува покрај него, да и помага и да мисли како да ја развесели. Што пак може да се протолкува и како дека можеш да си бедеш и малце сељак, но секап да си џентлмен.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Инаку кога ќе се сретнат во град или некаде машко и женско, не ли е според бон-тон манирите правилно поздравување со здраво, и само ако и женското прво пружи рака тогаш се ракуваат?
Сум гледал ситуации каде машките први пружаат рака на девојките, иако според мене треба да биде обратно, ако дамата прва пружи рака тогаш и машкото треба да пружи рака.
Кои се вашите мислење за ваквите ситуации?
 
chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Џентлмен постои еден пример пред некое време и отварам врата и чекам додека да влезе една ДАМА т.е сељандура пази што праи влегува нит да кимне со глава нит да каже нешто со висока крената глава мисли дека е богиња прошиша.Епа драги мои дами од такви како неа нема џентлмени.Пола и повише не ни знаат што е џентлмен мислат само добро понашање културен да си воспитан и толку.Далеку сме од тие поими како џентлмен дама уште сме назад едно 100 години.Не викам дека нема.
Пример:додека ние во 1903 сме се тепале како првобитна заедница и правеле топчиња од цреша во светот се дешавало нешто друго возила мостови книги театри и др.
Не е ни чудо што денеска сме стигнати до ова дереџе.Погледни наоколу се палат на Парови Малдиви Гранд Пинк исто америчко срање и познати личности.Што нудат тие како продукт овдека се лапа у највеќе и погледнете ги нашите млади дами и момци како финален производ што носат памет
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.825
Поени од реакции
5.934
Според мене, манирите кои се поставени како некои општествени стандарди за добро однесување, само ја извештачуваат комуникацијата помеѓу двата пола. Со тоа, не сакам да кажам дека не треба да постои коректен однос и почит, туку дека како и за секоја форма на бонтон, ако некој прави нешто поради тоа што постои стандард во општеството дека тоа е акт на џентлменство или дамство, тогаш тоа што е направено најчесто не е искрено и ја лишува индивидуата од слободата да се изразува согласно со нејзиниот темперамент, со што мора да следи некој код на однесување кој е „правилен“.
Е сеа, некој може искрено да верува во тоа и кога се однесува така, да сигнализира почит и внимание пошто тоа е во склад со личните принципи и у тој случај тоа е сосема во ред.
Некои од тие бонтон манири за однесување се застарени и тотално отфрлени денес, но некои од нив треба или поточно речено би требало да продолжат да се користат и не сметам дека истите го гушат индивидуализмот кај личноста која ги применува, него сугерираат на добро културно поткована особа која внимава на мали и ситни детали кои се за почит, а истите може, но и не мора да имплицираат на тоа дека служат за полесно да се освои некоја особа.
Примерот на отварање/задржување на врата е гест за почит кој сигурно ќе измами позитивна реакција кај другата страна. Истото не се применува само кон згодна млада женска, него и постари личности, па и личности од сопствениот пол. Ова и не знам зошто некој би го сметал како акт на џентлменство.
Отстапување на место во превозно средство, помагање со торбици/ранци или било каков терет, помагање на лице со некаков инвалидитет е исто така акт кој би требало да се применува независно од полот. Ова се работи кои треба да ги среќаваме секојдневно, но за жал, се поретко се гледаат во денешниов модерен свет.
Пример: Имам забележано средовечни жени со торбици како се мачат да се качат нагоре по скалите на железничката во Скопје. Или пак студентки кои си одат дома со куфери и ранци, натоварени скроз и машките ги одминуваат и најчесто зјапаат кога им се позади грб, нели, :D а никој од нив не му текнува да понуди помош. Тука не се работи за џентлменство, него за општа култура. :)
Верувам дека воопшто не мислеше на овие акти горе(се надевам), него за манирите кои би требало(или не) да се применуваат кога сме на дејт или во некаков контакт со особа која сакаме да ја освоиме.
Отварање на врата на автомобил, местење на столчето во ресторан или земање на капутот/палтото, дозволување на предност во изборот нарачувањето на пиење/јадење, при пешачење на улица мажот да се наоѓа поблиску до коловозот, плаќање сметка итн. итн.
Тогаш да, зависи од индивидуализмот и истите не би требало да се наметнуваат, иако би било пожелно. Сега колку е тоа пожелно денес и ценето треба да се изјаснат дамите. :D
Од мое лично искуство, секогаш кога ќе сум направел некој таков мал гест, дали намерно или тотално незабележително, сум измамувал позитивна реакција од девојката и истото не останало неприметено, независно дали се работи за некоја која живее на "висока нога" или девојка со која си тераш лабав муабет уз пивце у парк. :)
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Џентлмен е некој кој ќе направи да се чуствуваш опуштено во негова близина.
Сигурна си дека нема да ти се смее заради нешто, не се срамиш да ги кажеш и нај не-дамските работи што си ги направила и знаеш дека нема да те понижи поради тоа, се чуствуваш самоуверено, ти годи да си во негово присуство. Тоа е џентлмен.
Да ти ја задржи вратата, да те испрати после излегување, да знае како да се поздрави...на џентлменот природно му доаѓаат ваквите манири. Не треба да ги учи.
Не дека и наученото нема вредност, секогаш ни ласкаат такви ситници на нас жените, ама кога не е природно, се познава : )

Истово оди и на другата страна. Девојка со која се чуствуваш опуштено, не се срамиш да бидеш свој, со која се чуствуваш самоуверено - таа е дама.
Има многу "дами" што само знаат како да седнат со прекрстени нозе и да држат цигара Малена style. И само тоа. Од вакви само плачете по форумов дека ние девојките сме ве откачувале.
Ама сепак...
Ми се чини повеќе има девојки што би свртиле два реда муабет од куртоазија со некој што не им се допаѓа, отколку мажи што само од куртоазија ќе ти ја задржат вратата....
 
Член од
6 април 2014
Мислења
32
Поени од реакции
31
ај да кажам еден фенси збор
Чуму да бидам џентлмен кога 90 % од денешниве ДАМИ слушаат бела циганка, пијат повеќе од мене, се погласни од мене, пцујат, одма ке и дознаеш километража.... и воопшто нема да реагираат на џентлемнски став ако не си кремче и немаш јак кеш од татко ти.
пример - сега кога ги исклучив тие некои ситни џентлменски потези и сум по сељак и по дрзок ... по плодна сезона имам :P

онли гад кен џаџ ми = НАЈГОЛЕМИ ДАМИ (особено ако е истетовирано на цицка)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom