- Член од
- 12 март 2015
- Мислења
- 1.569
- Поени од реакции
- 3.215
Во време кое носи испревтени вредности и лажни херои тешко е да се биде нормален, да се биде различен од другите (заради осудување, нормално) и да се биде „обичен“ но сепак посебен.
Што според вас е карактеристика на еден џенталмен, а што на една дама? Дали сте сретнале во денешницава некои такви или се сорта во изумирање? Уште повеќе... дали имате видено ваков пар, вистински џенталмен и вистинска дама заедно фатени за рака или некаде на забава, по што делат тие од другите?
(доколку админите или модераторите сметаат дека оваа тема треба да е во некој друг форум/подфорум, нека ја преместат слободно)
Според мене, џенталменот има манири кои во денешно време се изгубени за луѓето, тотално непознати, особено за младите. Во секојдневието на еден обичен комплимент се гледа како на „пуштање“ или на секој добар гест се бара скриената намера. Од друга страна кога на некој му давате комплимент тој знае да се воздигне во облаци - што викаме да си ја крене цената - па да изиграва недостижен/а. Генерализацијата е и за двата пола подеднакво.
Сè поретко среќавам машки (без разлика на која возраст) кои знаат да отворат врата, кои знаат да посакаат добар ден или пријатно попладне чисто од култура, кои знаат да дадат компимент без да очекуваат „раширени нозе“ или нешто за возврат, да пратат пијачка во кафич или пак да испратат буќет цвеќе на домашна адреса. Дури, ако се вистински џенталмени, не мора другата страна да испрати нешто за возврат. Не среќавам ни такви кои меѓу други машки не осеќаат потреба да го измерат на „кого е подолг“, ниту пак бараат начини да се докажат дека вредат повеќе и имаат постигнато повеќе во животот.
Во однос на жените/дамите ... во изумирање е родот кој знае да се цени себе си, кој има високи морални и етички вредности и стандарди, како и на кои не им е приоритет добар парфем или годишен одмор во странство, едноставно кажано дамата не е некоја која има пари, финансиска моќ или се движи во „елитни кругови“... Сум запознал повеќе дами меѓу обичните смртници отколку меѓу оние кои живеат на висока нога, иако сум имал прилика да се движам и во двата круга на луѓе. Обично дамите ќе ги препознаете по некое префинето движење, доброто воспитување, ненападното но стилизирано облекување и нивната одмереност во реакциите, разговорот и воопшто грациозноста.
Кои вредности треба да носат еден вистински џенталмен и една вистинска дама и дали тие според вас се во изумирање?
Од една страна сите говориме дека сакаме љубов, сакаме вистински нешта, сакаме добро поминат живот со некој кој ќе ни го направи секојдневието барем малку поубаво, но прашањето е дали ги препознаваме таквите луѓе кога ќе ги сретнеме на улица, на работа, на некоја средба, веселба и слично и дали истите ги сметаме за нормални или гледаме на нив како на некои чудаци.... загрозен вид во изумирање, зомби...
Џенталменот/дамата е некој кој чита книги, кој е добро образован, има широки познавања и може да понуди различни теми на разговор, се интересира за спорт, уметност, наука... живее здрав живот или пак е некој кој потпаѓа под широкото влијание на масата па се вклопува во перцепцијата на останатите и не дели од нив?
Дали би сакале да налетате на некој таков/а во вашиот живот и која ќе биде вашата првична реакција?
Во последно време, кога сите глумат некоја лудост, јас лично имам налетано само на неколку парови кои во себе носат нешто што го гледам сè поретко.... на последниот кој го запознав им посакувам многу радости во животот... тој е вистински џенталмен (уметник по вокација), таа е вистинска дама (просветен работник). Сепак постојат и вакви парови кои се бројат на прсти и според мене привлекуваат внимание, делат од другите.