Ќе се случи “Кале2“ во Чаир ?

Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Не знам зошто да коментирам нешто што е настанато како последица од 1993-1996 г. и 2002-2006 г. ???? После свадба тапани.
и така ќе го оставите нерешен проблемот? нели имате решение за сите проблеми на Македонија и Македонскиот народ.
изгледа сите проблем во државата некој друг ги направил, само вие безгрешни сте.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
и така ќе го оставите нерешен проблемот? нели имате решение за сите проблеми на Македонија и Македонскиот народ.
изгледа сите проблем во државата некој друг ги направил, само вие безгрешни сте.
Го населивте пола Косово во Македонија и сега што очекувате???
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Гледаш колку убаво ги резонираш работите, посебно кога ги гледаш косовскине телевизии.[DOUBLEPOST=1455629294][/DOUBLEPOST]

Какви лавови бре, во мода ви се орлите.

Нели шефот рече дека од мали треба да учиме албански? Ќе ни треба да ги гледаме албанските елевизии, какви Шител, какви Анал 5.
патриотско здружение кои не ги исполнува очекувањата.........сепак не било само тупкање во градите,требало МАЖИ
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
патриотско здружение кои не ги исполнува очекувањата.........сепак не било само тупкање во градите,требало МАЖИ
Ама затоа имаме патриоти кои многу ја сакаат државава и го доселија пола Косово.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.172
Не знам зошто да коментирам нешто што е настанато како последица од 1993-1996 г. и 2002-2006 г. ???? После свадба тапани.
Пак ја префрлате на друг вината... абе куртони цела деценија сте на власт, знаеш ли кое урбано силување му се случи на одтогаш на Чаир? Коце е градоначалник на цело Скопје, тој ја сноси последицата за овој хаос во Чаир, вклучително и споменикот кој ќе биде свечено отворен после во 4 часот.

УЧК на 3 километра од главниот плоштад... браво бре патриоти, се надминавте себеси.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Уште ги нема... ај ако не да почекам да заврши ова фамава со СЈО, па ВАЉДА ќе се појават и на оваа тема...
Во што е проблемот? Да, т.н. споменик треба да се отстрани.
P.S. УЧК пишува!?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Ама затоа имаме патриоти кои многу ја сакаат државава и го доселија пола Косово.
па треба да се решат и тие и тие,нема лабаво,ама тоа не се решава со преписки на форум или со статија на Сител
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Го населивте пола Косово во Македонија и сега што очекувате???
патетичен си. постојано се повторуваш. ако има проблем во државава - бранко е крив.
а вмро-дпмне нема капацитет и волја да се справува со проблемите, фокусирани се на крадење народни пари. за да останат на власт на коалициониот партнер му дозволуваат да прави што сака.
каде е полицијата сега да реагира и да го отстрани споменикот или ја користите само за да тепа протестирачи.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
каде е полицијата сега да реагира и да го отстрани споменикот или ја користите само за да тепа протестирачи.
И јас се чудам кај е полицијата да реагира. Да го прашаме Оливер што мисли да прави со споменикот?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Епа океј тогаш. Чим моменталната влада не може да се справи со проблемов, исто како што не можеле да се справат нејзините претходници, значи овие што се моментално на власт не се ништо поарни од тие пред нив, иако упорно го тврдат спротивното. Да беа бољи ќе го решеа нели? Вака значи на исто сме, а со едните, а со другите.

Убаво бар што конечно си го признаа тоа. Не дека не знаевме, али убаво е да се прочита вака.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Пак ја префрлате на друг вината... абе куртони цела деценија сте на власт, знаеш ли кое урбано силување му се случи на одтогаш на Чаир? Коце е градоначалник на цело Скопје, тој ја сноси последицата за овој хаос во Чаир, вклучително и споменикот кој ќе биде свечено отворен после во 4 часот.

УЧК на 3 километра од главниот плоштад... браво бре патриоти, се надминавте себеси.
Немаш основна култура и лепиш етикети на обичен човек зошто не мисли исто како тебе, ама тоа можно да е од премногу што си го слушал Милошевиќ и Шешељ на ТВ како мал.

Со законите за локална самоуправа и територијална поделба од 2004 година, општина Чаир си има локална самоуправа која ги решава урбанистичките проблеми и издава градежни дозволи.
Така што за урбаниот хаос во Чаир, прашај си ги оние кои што доделија 150.000 државјанства само 1994 година и кои ги донесоа законите за територијална поделба и локална самоуправа.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
Какви лавови бре, во мода ви се орлите.

Нели шефот рече дека од мали треба да учиме албански? Ќе ни треба да ги гледаме албанските елевизии, какви Шител, какви Анал 5.

Споменици за време на Вмро Дпмне

1. Споменикот на Скендербег
2. Споменик на Џемо Хаса во родното село.
3. Музеј на УЧК во Чаир
4. Споменик на Хасан Приштина
5. Споменик на Адем Јашари
6. Споменик на Иса Болетини
7. Споменик двоглав орел кај мостот пластичарска
8. Споменик во Зајас
9. Споменик двоглав орел топанско со знак на УЧК


Вмро Дпмне велеше дека тие нема да коалицираат со терористи, и за цело време на владеењето на СДСМ од 2002-2006 ги напаѓаа дека овие се предавници. Сега Дпмне и Дуи се како сијамски близнаци, неразделни.

Но да бидеме реални, иако албанците после војната беа во еуфорија, во офанзива, а од друга страна македонците во дефанзива, сепак за времето на СДСМ не ми текнува за поставување на толку споменици. Потсети ме?

ДУИ кои што во 2002 влегоа на власт сеуште со свежи идеали, не успееја да изградат споменици како што им успеа сега во време кога сите албанци велат дека во ДУИ не остана ништо од идеалите од 2001ва.

Како ќе ме убедиш дека Бранко дал државјанства, а тој убиваше албанци како од занимација.
Како ќе ме убедиш дека Дпмне се поголеми патриоти кога во нивно време се изградени огромен број споменици, а за време на предавниците не.

Објасни ми зошто за време на предавниците на СДСМ беше запрено изградбата на споменик на Нури Мазари во Струга, а струшкиот градоначалник доби една година условна казна затвор?

Сега е во мода да има многу лавови и орели, ама во бронза само.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom