1.За мене
Крстен сум по дедо ми:Михаил. Името ми се допаѓа,иако некои од кратенките не ми се допаѓаат како Мишко и Миле,додека Мики е сосема во ред(сепак сите ме викаат Михаил).
2.Крстење
Иако и татко ми нема лошо име(Виктор),а и мајка ми,која ја вброив во долунаведените имиња кои сакам да ги има мојата ќерка(Катерина),сепак сум против тоа да се крстуваат децата според нивните дедовци и баби,освен нормално ако името ми е преубаво па ќе ми биде жал да му дадам друго.
3.Имињата кои би им ги дал на моите деца
Женско:Катерина,Каролина,Кристина,Анастасија,Татјана,Наталија,Емилија
Машки:Марко,Даниел,Кристијан,Антонио,Маријан
Кој се пронајде у имињава,убаво за него(според мене,нормално).
Кој не се пронајде,значи дека името не ми е нешто посебно убаво.
Неомилени и неубави имиња немам. Секое македонско име има своја убавина и речиси да немам чуено име поради кое сум рекол "го осакатиле детето"