Љубојна

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1.jpg

Составот Љубојна, кој најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос, го темели творештвото не само на сопственото слегување до „изворот“, туку и длабоко навлегува во она што се нарекува современа звуковност. Станува збор за македонска музика од 21-от век, со сета нејзина страст, ентузијазам и енергија. Елегантна музика со жесток ритмички пулс. Допирајќи се до различни музички стилови, втемелена врз македонскиот бит, музиката е изговорена како универзален музички јазик, според антрополошкиот и космополитски код кој го носи во себе.

Групата страсно ја свири оваа музика во сите нејзини форми: во нејзината изворна, класична, популарна, експериментална форма, и ја соопштува преку пејачката експресија на Вера Милошевска. За неа велат дека е наследничка на познатите Вања Лазарова и Мирвет Беловска. Критичарите ја нарекуваат Верче – Славејче. Таа плени со својата непосредност на кафе – пејачка. Ученичка на Вања Лазарова и етнолог, поврзувајќи се со Оливер Јосифовски, контрабасист и композитор, и ја дава суштинската нијанса на музиката на Љубојна. Зад музичарите се крие богато музичко искуство и вештина предадена од мајстори на овој занает, кај некои од нив уште од најрани години како потомци на познати чалгаџии.

Љубојна стои зад повеќе театарски проекти: претстави, балет, перформанси, прави музика за филмови и од 2002 групата настапува на разновидни музички и театарски фестивали во светот. 2005 го издава својот прв студиски албум „П.С.О.“, со сугестивна емоција и концептуален израз на тема: "Парите се отепувачка", според романот на Ристо Крле „Парите се отепувачка“. Вториот албум пак (2008), е снимен во живо, насловен е „Macedonia fresh“ има концертна форма и носи кадифен оркестарски, растегнат и шербетен чалгиски звук. Нивниот трет по ред албум „Песна за мојата песна“ (2009) е работен врз поезијата на Петре М. Андреевски, се појавува како нов исчекор на музичката мисла на Љубојна во однос на македонската современа музика. Музиката има радиски звук и е избалансирана низ естетиката на различни музички стилови. Сите три изданија се производ на сопствената музичка продукциска куќа Бајро закон корпорејшн.

Љубојна е кованица од два збора: љубов и бој, истовремено антагонисти и љубовници. Музиката пак, длабоко во себе европска, а со манири и влијанија од Исток, создава една мешавина од слатко – солени вкусови и префинетост од чувства што нишаат и носат во радосна тага. Заживеана и поделена на двете страни од Виа Игнација, меѓу Исток и Запад, Љубојна пее за некогаш и денес, за неповторливо оригиналниот, вистински и отсекогаш модерен бит.

2.png

Дискографија

"П.С.О."
(2005, Bajro Zakon Korporejshn)

Албумот П.С.О. содржи 11 композиции. Поделен е на четири дела исто како драмата на Ристо Крле Парите се отепувачка. Музиката е снимана, миксана и мастерирана во студио SoundDesign Пловдив во Бугарија од средина на јануари 2005 година до крајот на февруари 2005 година од Мишел Нахабедјан и Јавор Димитров. Продуцент на албумот е Оливер Јосифовски. Албумот е излезен под издавачката куќа Бајро Закон Коорпорејшн. Групата, музиката ја изведуваше за театарската претстава П.С.О. Приказна од вчера,денес,утре... засекогаш ... Приказна за тагата, радоста, мирот, немирот, страста, зависта... За вистината, лагата, богатството, сиромаштијата, младоста, староста... За восхитот, падот, алчноста... Приказна за еден патник Ангеле, а всушност за сите човечки животи. Претставата гостуваше насекаде во светот во периодот од 2002 до 2005 година и освои гран-при за најдобра театарска претстава на следниве фестивали: Војдан Чернодрински 2002 во Прилеп, Славија 2003 во Белград и Меѓународен театарски фестивал „Славјански венец“ 2003 во Москва.

"MACEDONIA FRESH"
(2008, Bajro Zakon Korporejshn)

Вториот албум на Љубојна насловен „Macedonia fresh“, е снимен во живо на фестивалот „Балкански плоштад“ на 6ти август 2006 год. и „Љубојна unplugged“ во МКЦ на 7ми декември 2007. Албумот го снимаше Бојан Угриновски, миксан е и мастериран во студиото „Chicken madness“ во Скопје исто така од Бојан Угриновски. Издаден е за продуцентската куќа на Љубојна, „ Бајро закон корпорејшн“, продуцент: Оливер Јосифовски.Ова издание носи широк концертен звук опфатен во осум нумери, со богат кадифен и растегнат оркестарски шмек. Користејќи ја класичноста на чалгиската музика и нејзиниот грув и популарност, Љубојна во овој албум ја актуелизира свежата и современа енергија на чалгијата низ непосредна изведба на оркестарот. „Питка“ и софистицирана музика.На албумот гостуваат неколку значајни музчари: Исмаил Лумановски – кларинет (Њујорк), Александар Петров – перкусии (Франција) и Башар Калиф – перкусии (Либан).

4.jpg

"ПЕСНА ЗА МОЈАТА ПЕСНА"
(2009, Bajro Zakon Korporejshn)

„Песна за мојата песна“, трет по ред албум на Љубојна, е насловен според истоимената поема од, најпозната збирка стихови на Петре М. Андреевски, „Дениција“. Музиката на ова издание е во потполност вдахновена од поезијата на Петре М. Андреевски (1934 – 2006, поет и прозаист, еден од најголемите македонски писатели воопшто). Албумот содржи 7 нумери во времетраење од четириесеттина минути и има радиски звук. Со овој албум, според критиките, Љубојна прави сериозен исчекор во македонската современа музика и како нова музичка мисла, води кон изговарање на македонската музика како универзален музички јазик. Ова издание го снимаше Ален Хаџи-Стефанов, миксано е во радио JAZZ FM 100.8 и мастерирано од Кокан Димушевски. Сликите и цртежите на обвивката се на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, а издадено е 2009 година, за продукциската куќа Бајро закон корпорејшн, продуцент Оливер Јосифовски.

"LJUBOJNA IN LIFE"
(2011)

"Љубојна е единствениот домашен состав којна оригинален и уникатен начин го инкорпорира македонското музичко наследство во сопствената музика. Без никакво силување на народниот мелос (не постои нивна верзија на „Јовано, Јованке“, на пример), туку напротив – внимателно користење на музичкото наследство од овие простори во создавањето на нивните композиции. Се работи за „Ljubojna in life“, концерт снимен во живо, отсвирен минатата година во Универзалната сала во Скопје. Отсвирен одлично, овој концерт со себе носи и еден „панк“ сензибилитет кој нема да го забележите на нивните студиски снимки.

Преземено од нивната официјална страница.

6.jpg

Стоиш на работ од рајот... Гласот на Вера поново ти ја евоцира и исцртува картата на светот во сите земни бои, ти нуди безвизно патување низ тунелот на љубовта, безгрижно капење во таа дестилирана убавина (шо од музика, шо од поезија).

Нивната музика ти нуди бранувања на душата, разбивање на рутината на секојдневието, рапсодија од изгрејсонца, мирис на спомените и традицијата обоени во сите бои на виножитото, ежење, радости, копнежи, свилени илузии, разгледници, грст бакнежи, реки од вистини...



 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Заедно со Чалгија Саунд Систем вистинско национално богатство
Прекрасен спој на традицијата и современиот звук,
Вокалната изведба на Верче :cuc:


 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Tvojte oci Lenoooo
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Пичка ти матер што не си ја кажуел групава!!!

Не ми се верува дека 2 милиони народ може да роди толкав број на талентирани луѓе...
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Зашто немаат настапи во Скопјево почесто,никако да ги начекам.. Прв (и последен) пат во живо ги слушав во Мкц чинам, пред некои 3 години и предобри беа. Мелем за уши.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Стиховите на Петре М. Андреевски + гласот на Вера Милошевска, есенција уживање, спокој и восхит.

Еве ја кај Ана Јовковска.

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Многу ми се допаѓаа импровизациите на живите настапи навремето - како да слушав македонски етно џез! Секогаш кога ќе го видам типот што свири на контрабас во бендот добивам желба да сум на негово место. :P И одлични беа, навистина - се до „Песна за мојата песна“.

Но Вера во скоро време тргна по малку поинаков пат, со проектот Љубојна Brass Fantasy, што воопшто не ми се допаѓа. Станаа ко македонска верзија на „оркестрите“ на Бреговиќ! Еве нешто од поновото, па кажете дали не сум во право!!!

А еве како звучи Твоите очи Лено (една од моите најомилени македонски народни песни, за најубавото име на светот - секогаш и ја посветувам на мајка ми) од Љубојна Brass Fantasy :sick:

а како звучеше во изведба настарата добра Љубојна: :vozbud:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
@Zlatikevichius сепак мислам дека Чалгија саунд систем се моментално лидерите во оваа бранша. Отсабајлечки (додека чекаме 13-та плата на работа:cool:) ги збрцав Љубојна ко за силно светнал ден, али се разочарав тотално ( у тоа плех верзиите). То шо е умислена дека е Горан Бреговиќ дури делува дегутантно. Единствен трон кој моментално би и го доделил е тој за нагрудеста пејачка на нашево поднебје. #масивност
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
@Zlatikevichius сепак мислам дека Чалгија саунд систем се моментално лидерите во оваа бранша. Отсабајлечки (додека чекаме 13-та плата на работа:cool:) ги збрцав Љубојна ко за силно светнал ден, али се разочарав тотално ( у тоа плех верзиите). То шо е умислена дека е Горан Бреговиќ дури делува дегутантно. Единствен трон кој моментално би и го доделил е тој за нагрудеста пејачка на нашево поднебје. #масивност
Абе нели ова го кажав ја еднаш? Сеа ме парафразираш, или само си замислувам? :scratch:
Не знам од кај им е идејата за Љубојна Брас Фантази, ама мене лично ми недостига старата Љубојна. Ми недостига Љубојна со контрабасот, а не Љубојна со тубата! Уште мислам дека изведбата на „Твоите очи, Лено“ и „Што си толку, Лено, гајлелија“ на unplugged концертот на Алфа ТВ се ненадминати! А од друга страна, Чалгија Саунд Систем ја имаат една „Стојана мајка учеше“ што ме наежува од глава до пети одново и одново. Да не се изгубеше Вера во желбата да стане Бреговиќ (не знам и од кај им е идејата дека плех оркестарот би требало на било кој начин да биде поврзан со македонската традиција, кога не е така - ваквиот тип на дувачи немаат врска со нашата традиционална музика и мене не ми звучи убаво кога се комбинираат), немаше да можам да се одлучам меѓу Љубојна и ЧСС. Вака: ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ, фала лепо!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Абе нели ова го кажав ја еднаш? Сеа ме парафразираш, или само си замислувам? :scratch:
Не знам од кај им е идејата за Љубојна Брас Фантази, ама мене лично ми недостига старата Љубојна. Ми недостига Љубојна со контрабасот, а не Љубојна со тубата! Уште мислам дека изведбата на „Твоите очи, Лено“ и „Што си толку, Лено, гајлелија“ на unplugged концертот на Алфа ТВ се ненадминати! А од друга страна, Чалгија Саунд Систем ја имаат една „Стојана мајка учеше“ што ме наежува од глава до пети одново и одново. Да не се изгубеше Вера во желбата да стане Бреговиќ (не знам и од кај им е идејата дека плех оркестарот би требало на било кој начин да биде поврзан со македонската традиција, кога не е така - ваквиот тип на дувачи немаат врска со нашата традиционална музика и мене не ми звучи убаво кога се комбинираат), немаше да можам да се одлучам меѓу Љубојна и ЧСС. Вака: ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ, фала лепо!
Ало диво, касни сникерс!

Па дека го имаш речено затоа и те тагнав де, кобајаги за дискусија (уствари за величење на Чсс).


Тука со она: „Тоа! Сите на нозе ве молам, сите на нозе!Тоааа!", ме потсеќа на муабетот на Драган Даутовски ко биле на турнеја ко ДД Синтезис у Острелија и ко он сакал да си пука у десното колено (и покрај тоа шо му е омилено колено) шо нашинците таму завртиле оро на нивната музика (на пауза меѓу две фалења за тоа дека поседуваат перална дома. ПЕРАЛНА!).

Вера има раскошен глас. Ова брас фантази не знам како да го сварам. Цицкотрес, враќање кон корените со разуздани аранжмани или чиста комерцијала за пари, како и да е и мене не ми се допаѓа.

P.s Изведбава не е постирана:

 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Знае некој кај може да се купи албум? Југотон?[DOUBLEPOST=1421592469][/DOUBLEPOST].
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom