Јеховини сведоци

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Сте слушнале за Јеховините сведоци?
Познавате некој што е Јеховин сведок?
Што мислите за уште еден ваков правец кој христијаните без двоумење би го нарекле богохулење?


Прво да кажам што ме наведе да ја отворам темата.
Бериме вчера пари за 8-ми март,за класната и викаме една девојка и и велиме ајде дај пари,за 8ми март. И таа ни вели не,не давам јас пари,не заради тоа што немам туку од религиозни причини.
И тука сите ние еден голем знак прашалник ?
Не поминаа ни 5 минути слушам од назад некој вика по неа: -Протестанту! Секташ!
И сега јас,пошто нели сме другарки,се загрижив што е работата и ја викам да ми каже. Ми вели:- Јас не сум христијанка и се надевам дека тој нема да има никакво влијание врз другарството. И велам:-Секако дека нема да има,ама какви се тие ”религиозни причини’’? Ми вели нешто како демек,јас припаѓам на Јеховините сведоци. И јас,ок,добро,у реду. Ми вели не сум само јас,туку целата моја фамилија сме. Е добро. А кој те наведе на тоа? - Мајка ми. -Аха,добро.А кој ја наведе мајка ти? - Па кога мајка ми беше студентка,и беше очајна,во депресија,заради тоа што баба ми била непосредно пред смрт,таа одела по улица и сретнала човек кој што ја фасцинирал со неговото мислење за смртта и од тогаш и таа станала дел од тоа братство. -Аха. -Што има лошо во тоа секогаш да имаш некој на кој можеш да се потприш? -Во која смисла да се потприш,финансиски? -Па,секако. Финансиски не,бидејќи двата родители работат,ама други луѓе кои се послаби финансиски,ние ги потпомагаме,храниме,облекуваме...-Аха.А дали знаеш ти која е функцијата на таквите ”браќа’’?Да привлечат т.е навлечат што повеќе ”нови браќа’’ за тоа верување,значи велам верување оти не е тоа религија,тоа е само верување, ако може да постигне толкав број на ”браќа’’ за да може да стане религија и разноразна пропаганда. Мислам не ти зборувам гледано од религиозен аспект,ти зборувам од научен. -Не гледам ништо лошо во тоа.

Е добро..точно - секој има право да верува во што сака,ама после 5-10 минути разговор со неа,девојката звучеше како типичен секташ кој се обидува да навлече и други,дури и веб страна ми даде! ( http://www.watchtower.org/ )

Инаку, Јеховините сведоци почнале да делуваат во 1870тите, и од своето настанување повеќе пати го менувале името.Во почетокот се викале „Истражувачи на Библијата’’,а во 1931 го усвоиле библиското име ”Јеховини сведоци’’.

Јехова е старо хебрејско име на монотеистички бог. Името ”Јеховини сведоци’’ го поврзуваат со цитат од Стариот завет: „-Вие сте мои сведоци,вели Јехова,вие и слугата мој,кого го избрав,да знаете,да верувате и да разбирате дека тоа сум јас. Пред мене немаше Бог,ниту ќе го има после мене.Јас сум,јас сум Јехова и освен мене нема друг спасител’’.

”Јеховините сведоци’’ ги основал Чарлс Тејз Расел,во Питсбург (Пенсилванија),САД. Се занимавал со трговија,но набрзо после тоа се прогласил за проучувач на Светото Писмо.

Во последно време околу 14 милиони Јеховини сведоци и други заинтересирани луѓе се собираат на ”Меморијалот на Исусовата смрт’’.

Јеховините сведоци веруваат во Семоќниот Бог - Јехова,создавателот на небото и земјата. Не слават Божиќ,Велигден,Нова Година,родендени,8ми март :)
Ги отфрлаат христијанските симболи,бидејќи ги сметаат за многубожнички. Главна точка во нивното учење е хилијазамот односно вербата во повторното доаѓање на Христос на илјадагодишното земјено царство и дека вечниот живот на небото е резервиран само за 144.000 праведници кои се одбрани.

Признати се од Европската Унија,и многу други останати заедници, и освен веб страната постојат и весници како "Watch tower" и "Wake up!"

И ова им е седиштето во Бруклин,Њу Јорк.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
Абе што има да мислиш за Јеховините сведоци... Тие не се ништо ново, уште само една група која ја следи аријанската ерес, т.е. негирањето дека Христос бил и Господ.

Само тоа што ме чуди, е што многумина од овој форум се уствари поблиски до Јеховините сведоци (иако тоа ниту го знаат и ниту го признаваат), отколку до христијанството...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Ни доаѓале често вакви пред врата да ни нудат, книги и разни текстови околу ова верување но ништо од тоа немам прочитано ниту сакам да прочитам.
Само ме чуди, примерот што го даде со 8ми март.
Каква врска има тоа со верата? Ај Велигден, Божик, тоа може не го слават. Ама 8ми март?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Свекрва ми и золвите мои се навлечени у тие Јеховини Сведоци. Не веруваат дека Исус бил распнат на крст, него на колец. Мислам, ај ти се молам, кога у тоа време Исус не бил ни прв ни последен да биде распнат на крст. Тоа било една од казните за криминалци. А тоа што не слават ни државни празници што немаат ама никаква врска со религија и мене ми е чудно. Колку што знам родендени не слават ради тоа што ги сматраат пагански.

Се сеќавам кога брат му на маж ми правеше крштевка за детето негово, нити золвите нити свекрва ми отидоа у црква. По мое мислење, пример, ако другар мој е муслиман и има нешто што од респект би требала да се појавам у џамија - ја би отишла, без разлика дали ја лично верувам у тоа или не. Тоа нема ама баш никакво влијание врз религиозните верувања на една особа.

Знам само дека кога ќе отидам на гости кај свекрва ми и ако таму има Јеховини сведоци, ми прават да се осеќам незгодно. Еднаш ме тераа да седнам со нив да „учам“. Ја ги одбив, велејќи дека маж ми не би ми дозволил и одговорот што го добив беше - па он не мора да знае. Па, нели е тоа против нивните свети мислења за лажење и односи измеѓу не само брачни партнери, него меѓу сите луѓе.

Маж ми еднаш и се спротивстави на мајка му да не го вика Господ по име, пошто тоа не покажува никаков респект. Она вели дека тоа е неговото име и дека така треба да му се обратиме, а не по титула. Маж ми „Ти си ми мајка, така? Тоа ти е титула, нели? Е, па од сега ќе те викам по име, чим така требало да биде“....Еееееее, ова баш и не и се свиѓаше
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Секташи бе?!
Има некој што јавно викнува така спрема некого?
Ќе го линчував да бев таму...
Него...
Верување си е верување. Почитувајте...и не се чудите...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Како да се почитува, кога они упорно покушаваат да се наметнат со одење по врати, секојпат кога ќе бидеш на исто место у исто време со некој од нив покушаваат да те натераат некако или да одиш у нивното зборно место или пак да учиш со нив? Ствараат одвратнот, а не поштовање
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
Абе види, и тоа што се обидуваат да придобијат луѓе, треба да се гледа со риспект. Зарем човек ако е убеден дека пронашол нешто вредно, не треба од самата радост за верата, за убавината нејзина, да се обидува да им каже и на другите за тоа?

Многу поише го поштувам тоа, бидејќи покажуваат дека имаат љубов кон тоа што го веруваат, колку и да не се слагам со нивните безвезни верувања, отколку овој „баш ми е гајле за верата” стил на нашиве „велико”-достојници...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Верувам дека повеќето од луѓето се запознаети со нив и каде да ги најдат у случај ако се заинтересирани да ги слушаат. Нема потреба за такво гушење ко што они прават. А тоа што си веруваат, нека си го веруваат, ама ич не ме интересира се додека ме оставаат на раат.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
Абе види, сум имал неколку средби со нив, и никад не ми се десило моето „не, благодарам”, да биде недоволно... Т.е. секогаш ако им се каже уредно, не те „гушат”... така да не знам за какво гушење станува збор... Ако ти дадат парче хартија у ГТЦ? Па и онака досеа ми тутнале и реклами за женска долна облека и 100 др. глупости и што сеа?
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
А зошо се Јеховини сведоци, ќе се женел тој, па сведоци да му се?:tv:

`Ангелче` напиша:
Прво да кажам што ме наведе да ја отворам темата.
Бериме вчера пари за 8-ми март,за класната и викаме една девојка и и велиме ајде дај пари,за 8ми март. И таа ни вели не,не давам јас пари,не заради тоа што немам туку од религиозни причини.
8-ми март е светски ден на ЖЕНАТА: кај е тука Христос, или нешо со религија поврзано? не и се давале пари, то ќе да е
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
Јеховините сведоци се типично култски организирани, така да ако еден каже дека 8 март е пагански обичај, тоа сите мора да не го слават...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Чорбаџи напиша:
Абе види, сум имал неколку средби со нив, и никад не ми се десило моето „не, благодарам”, да биде недоволно... Т.е. секогаш ако им се каже уредно, не те „гушат”... така да не знам за какво гушење станува збор... Ако ти дадат парче хартија у ГТЦ? Па и онака досеа ми тутнале и реклами за женска долна облека и 100 др. глупости и што сеа?

У мој случај едно „Не, фала“ никад не е доста. Стално е зошто, па како и све такви прашања за да најдат како да те натераат да слушаш. Барем тие што одат кај свекрва ми на гости ме научија и не ме замуабетуваат на такви теми.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Многу е мерачки да ги отераш во три лепе кога ќе ти заѕвонат на врата во ручек време!
Толку знам, и доста ми е:)
Не, се заебавам, им го имам читнато тоа весничето два три пати. Стандардни повраќаници за стандардно перење мозок.
 

Necrophilia

Optimal Сasual Dating - Authentic Ladies
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
кога живеев во германија бев опкружен со овакви луѓе.
често ми доагаат на работа и ми делат по некој проспект.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Fantom_oh напиша:
8-ми март е светски ден на ЖЕНАТА: кај е тука Христос, или нешо со религија поврзано? не и се давале пари, то ќе да е
Е да де,и јас и го реков истото. И викам 8-ми март е денот на жената која се изборила за своите права и станала рамноправна со мажите,нема врска со религијата,а таа ми рече дека во Библијата пишувало дека жената и не само жената туку и мажот треба да се почитуваат секој ден,не само на тој ден. Заради тоа не се слават и другите празници. Абе шајзе невидено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom