Јаничарите

Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
За Македонците една власт се заменила со друга... И едните земале данок и другите. Затоа Турците биле сепак почитувани како власт, која сепак не правела геноцид (како што правеле на пример другите христијански “браќа“, врз Индијанците и другите “неверници“) не го малтретирала претерано населението (можеби ништо повеќе од византиската власт на пр.), а нормално е дека секоја власт ќе реагира жестоко доколку некој се побуни против неа... (ништо подобри не биле ниту Англичаните, насекаде каде што имале колонии, последната реакција им беше конфликтот за Фолкландските острови).
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.033
Поени од реакции
6.623
.........а Македонците среќно и задоволно живееле,па немало потреба од кревање на буни и востанија против Османлиите......
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
ако е така, наведи ни примери за земени јаничари од т.н. грчко православие...
зборот јаничари значи нова војска, а она што ние го подразбираме под тој поим, е погрешен.
земените деца, биле во разни функции, но едно е сигурно, мајчиниот јазик никогаш не им бил забранет, напротив, прашање е дали тие разбирале и зборувале турски.

на балканот, оваа тема е претставена како црно-бело, каква е и сликата за отоманската империја.
на балканот, а и во светот, ретко кој ги читал турските архиви, или читале што им одговара...зошто не кажуват дка народот балкански, на многу места ги дочекувал турците со цвеќиња (харикирано)..
како Босна експресно стана муслиманска земја...

отоманската империја, како да имаше 2 дела..
еден за балканот, друг за блискиот исток и северна африка...
какви грозоморни работи имало во другиот дел, балканот не бил ни блиску до тоа...

да не заборавиме, христијанството опстоило на балканот, мезиња по црковни собори со ракија и вино...исчезнале од другиот дел..

самиот велиш румелија...тоа е сепак почит кон имеријата ромејска, која конечно ја снема, откога турција ја освоила цела македонија...

за споредба, нели хабзбурговци сосила ги тераа поданиците на германизација...
Да се што напишавте е издржано јас од мој личен пример јас имав давајца прадедовци и двата знаеја одлично турски од кои едниот дедо Атанас бил и османлиски војник во периодот 1910 до 1913 во Јемен кој тој до својата смрт го нарекуваше Џенем.Кога доаѓале турците во село му велеле вака,смрам ми е Танас ефенди да ти речам по каурски оти појќе од нас знајш турски.Инаку ние сме од Битолско за да не збуните поради дијалектот.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
.........а Македонците среќно и задоволно живееле,па немало потреба од кревање на буни и востанија против Османлиите......
Како и против секоја друга власт...
Сакав да кажам дека турското ропство е иссилено претставено како премногу негативно. Тоа е така претставено со цел да се прикажат наредните ропства како “помало зло“, всушност како тие ропства да не постоеле, односно новите поробувачи “нас не ослободувале“ од страшното турско ропство, а не дека не поробиле...
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
за Васко Г..
па, многу пократок период бевме во братство со сервите, па денес дури и оние кои се вчера родени, обичаат сербски....
за разлика од сервите, турците кого принудиле да зборува турски, да го смени името, презимето?
секако, има исклучоци, но генерално, има разлика по тоа прашање...

Македонците учеле турски од практични причини, трговија на пример, даноци, но никој не учел шќиптарски, од практични причини, немало трговија, даноци и т.н...
исто, и сервски...

треба да знаеме и тоа дека , многумина од Турците, не биле Турци, туку конвертирани во Исламот Македонци...како најдрастичен пример, цела Тракија...
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Повеќе сме пателе од брќата отколку од турците.зборови на мојот покоен дедо
 
Член од
9 февруари 2007
Мислења
441
Поени од реакции
61
Вистината е дека родителите се натпревеварувале кој да го даде своето дете. Со оваа со закон има забележено дека имало деца кои се бегале од часовите или не се сакала да одат. Таквите деца веднаш биле враќани на семејствата, и такви деца не се земале те. не се примале.


Според законикот христијанските деца, се избирале они кои навистина вредат. Се избрирало од семејства каде имало повеќе деца во семејството, оние што се од фамилијата погодна со здрави деца.

Во фамилиите каде имало само по едно машко дете , од такви фамилии не се земало дете, се враќал на фамилијата да му служи на татко му и фамилијата.





moze li nekoj da kaze dali ova e vistina???
zatoa sto jas imam sosema poinakva zamisla kako se zemale decata za janicari
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Вистината е дека родителите се натпревеварувале кој да го даде своето дете. Со оваа со закон има забележено дека имало деца кои се бегале од часовите или не се сакала да одат. Таквите деца веднаш биле враќани на семејствата, и такви деца не се земале те. не се примале.


Според законикот христијанските деца, се избирале они кои навистина вредат. Се избрирало од семејства каде имало повеќе деца во семејството, оние што се од фамилијата погодна со здрави деца.

Во фамилиите каде имало само по едно машко дете , од такви фамилии не се земало дете, се враќал на фамилијата да му служи на татко му и фамилијата.





moze li nekoj da kaze dali ova e vistina???
zatoa sto jas imam sosema poinakva zamisla kako se zemale decata za janicari
од кај ти е ова.да не се однесува на јаничарите.
 
Член од
9 февруари 2007
Мислења
441
Поени од реакции
61
од кај ти е ова.да не се однесува на јаничарите.



ova e od prvite mislenja na temava znaci tamo e pisano poopsirno
znaci samo toj del mi e zbunuvacki zatoa sto jas odsekogas sum znael poinaku deka decata se zimani so sila a ne roditelite dobrovolno da gi davaat
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Децата биле земани на сила кој родител би си го дал детето да го однесат во Бурса или Одеса.Децата биле насилно земани потоа покрстувани и обично се земале деца на 7 или 8 години.За процесот што се случувал послем ова можеш да прочиташ во погорните постови.
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
немам никакво мислење за исламот, и не се поврзувам во никаков контекст со него.
но некои луѓе, се тотално против него, и поради нивните писанија, е формирано мислење какво што владее, да речеме на балканот...
според историјата, исламот кога влегол во Палестина, Светата Земја, настанал пуздер таму на христијаните...археологијата контра тоа вели нема никакви оштетувања на христијански храмови од тој период, некои опстојуваат до ден денес.
раниот ислам таму. и оној на балканот, од султаните, не е ист со оној од подоцна...

во раниот период од турската окупација, нема опресија врз христијаните, напротив има чудна кохезија помеѓу нив.
тоа ми е мене разбирливо,на обичниот народ многу му било гајле дали е управуван од Римски цар или Турски султан.

но, постојат записи дека Турските султани шетале низ царството и биле дочекувани и со цвеќиња, за разлика од Римските пред нив...
познато е дека во Сервија, никогаш некои сервски принцови -семејства не престанале да собираат даноци за нив, а не за Султанот, по султански декрети....кои им признавале автономија, што велиме...
знаеме, христијаните, богатите, на функции, си ги давале ќерките за султани...

цела Тракија, Македонци оттаму, преминаа во Ислам, тие се денес Тракиските Турци во гејлада...

веројатно, покрај замислата за девширме, некои луѓе би можеле да видат иднина за своите деца во новата империја...
Јаничарите се само дел од ефектот од девширме...
децата оделе и за други работи, а не само за јаничари...

знаеме, деца служеле по цркви, манастири низ ЕУ...имало давање од родителите..
па и денес, луѓе си ги продаваат дури и бебињата за пари...

но, турската империја загубила територии, водела многу војни...
внатре, не се модернизирала, напротив се впуштила во верско-клановски (спахиите) експерименти, кои донесле состојба на невидена корупција и деспотизам...
девширме се престорило во монструм институција, според нашето гледиште...
секако, имало радикална пресвртница во она што го велиме девширме, да споредиме со Хитлер кога ги праќаше Ариевските деца да го бранат, а не еврејски, словенски...

децата се политички злоуботребувани и во 20 век, Сталин, титовите пионери, хитлер југенд...
но кога му служат на нашиот лидер, тогаш е ок...два аршина..

народот секогаш бил курназ...
додека немал зорт, гледаме од турските пописи, селото е христијанско...
по некој зорт, гледаме од турските пописи, селото е муслиманско..
со ист брј куќи и жители...

реално, ние немаме автентични записи од тоа време, и како било што било, се само нагодувања..
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
напротив се впуштила во верско-клановски (спахиите) експерименти, кои донесле состојба на невидена корупција и деспотизам...
Тоа (насилство, корупција и деспотизам) ти се должи брат на нашите богати семејства кои се потурчиле за да бидат аги и бегови... Србите викаат “нема горег турак од потурак“ :)
 
Член од
2 декември 2010
Мислења
170
Поени од реакции
78
Тоа (насилство, корупција и деспотизам) ти се должи брат на нашите богати семејства кои се потурчиле за да бидат аги и бегови... Србите викаат “нема горег турак од потурак“ :)
''NEMA GORI TURAK OD POTURAK''
''AKO JE TURCIN KRVAV DO LAKATA POTURICA MORA BITI KRVAV DO RAMENA''
''OD TURCE PO TURCE''
 

Kajgana Shop

На врв Bottom