Јаков Дренковски

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Во денешно време нашата македонска естрада ја трујат имиња како Јован Јованов, Елвир Мекич, Врчак, Слаткар, Тони Зен, и останати да не набројувам, затоа што темата не е за нив.

А каде замина квалитетната македонска музика? И дали воопшто има уште нешто добро останато за слушање?
Јаков Дренковски го запознав прв пат со песната Скитник, мислам дека оваа му е една од првите песни во далечната 1978ма година, ама добро, јас ја слушнав две декади подоцна.

Многумина слушнале за него, гитарист, пејач. Живее во Скопје. Некогаш на МТВ 1 даваат негов концерт и баш таа програма ја гледам повеќе од 15 минути во таа прилика.
Имам неколку негови песни дома, и сите ми се убави, стихови кои имаат убава метафора и некои песни треба да се сфатат од повеќе слушања.

Сигурно некој од постарите би се присетил на неговите хитови - Сеќавање на првата љубов, Темен ерос, Човек на ноќта, Тетовирани срца, Порочна си оди си...

Да не должам многу, има и мај спејс, тука има само 3-4 песни ако добро забележав.
http://www.myspace.com/jakovdrenkovski

Додека на Јутјуб најдов само една негова песна, другите скоро и да не можеш да ги најдеш на нет.

Ако има некој негови песни, или случајно нашол линк на нет, може да испрати по пп.
 
В

Вори

Гостин
За овој знам дека е добар гитарист,и дека се бања не знам на кој ден беше,на Водици изгледа во Матка.
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Секоја чест за темата Џимеј.
Со Јаков Дренковски се имам запознаено пред некоја година, уште кога бев во основно.Беше патронен празник, а бидејќи тој има учено во истото училиште каде и јас, беше поканет како гостин.И плус ја имаше составено и химната за нашето училиште.
Пред се е извонредна особа која плени со позитивна енергија, секогаш расположен , насмеан, со гитарата во рака, спремен во секое време да запее некој стих од некоја стаара песна, да те воодушеви и остави без зборови.
Со еден збор, вистински уметник.Се прашувам зошто легендите како него згаснуваат.Во која насока се движи нашата напатена музичка сцена?Жално...
 
Член од
9 јануари 2009
Мислења
188
Поени од реакции
72
Од него имам слушано само една песна, Темен ерос. Песната е одлична.
Ќе пробам да најдам уште од него баш да слушнам повеќе
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
267
Поени од реакции
4
Скитник е легендарна песна, снимена дури во 1978 година но има и други истотака одлични песни.

На пример Миднајт Каубој е истотака легендарна песна. МИслам дека е снимена некаде 1991ва. Оние постарите ја памтат како најавна и одјавна шпица на Канал 4 ноќната програма насловена Миднајт Каубој ). Мене посебно ми се допаѓа Сеќавања на Првата Љубов, снимена некаде 1994-5та. Фантастична песна, "Зошто без збор минуваме, зарем се сме си кажале"

Други добри песни му се C'est La Vie (Не ти, не ќе бидеш нов Салвадор Дали), Темен Ерос, Повелете Купете Илузии, една ептен стара Сликар.

Јаков е типичен боем, музичар зошто ја сака музиката и го пее животот низ неговата гитара. Најблиску до Балашевич што го имаме ние. Го запознав во 1995 кога ја водев емисијата за македонска музика на едно од македонските радија. ВО универзална сала имаше неколку изведби, меѓи кои и Сеќавања на Првата Љубов.


Имаше една песна пред 3-4 години што Јаков ја пееше на макфест или некој од фестивалите. Дали знае некој како се викаше песната и дали некој ја има?

Еве ја Сеќавања на првата Љубов

Деновите минуваат сништата се враќаат
сништата за ноќите, за љубовта, за солзите
кога еден за друг живеевме, кога еден за друг мечтаевме
среќна беше ти, среќен бев и јас

Сонцето во утрата заедно го чекавме
ѕвездите во ноќите долго ги испраќавме
само едно тогаш чуствувавме дека сосем близу се ѕвездите
сосем блиску се но не се меѓу нас

реф: Зошто не си пак со мене, зошто јас со друга сум
зошто твојте очи плачат, мојте раце празни се
зошто без збор минуваме, зарем се сме си кажале
о-о кажи ми помниш ли?

Ако некогаш во утрата сонцето го пречекаш
ако некогаш во ноќите со ѕвездите пак другаруваш
немој не им кажувај за нас ти, немој не ги откривај ти нашите сни
сите денови и нашиот сон

реф: Одам, одам, одам сега, не запирајте ме веќе
нејќам спомени и сништа нејќам љубов нејќам тага
сакам само малку среќа малку спокој во мојте ноќи
малку спокој барам јас



Еве ви линк за акорди http://web.1asphost.com/solevnikola/makedonska/jakov drenkovski/jakov drenkovskilista.htm

 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Јаков Дренковски, без сериозна конкуренција најдобриот пејач од Македонија на сите времиња,текстови кои одолеваат на забот на времето,шансониер во земја на турбо-шабанерија...секоја чест.

Ако некој има линк од негови песни за даунлоуд молам да ми прати по пп бидејќи е тешко да се најдат неговите песни...

Вива Јаков!
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
267
Поени од реакции
4
Jas imam dosta pesni od nego koi gi simnav od makedonskiot traker
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Пишав на Гугл Јаков Дренковски и не најдов ништо освен малку овации на Кајгана. Како е можно волку добар пејач да остане толку малку познат? Нема ни википедија, нема ни албуми, единствнео „Скитник“ песната што ја има на јутуб, ништо друго... Иначе се сликав со него на Пиволенд 2013 и му дадов неколку бесплатни картички за пиво, а заборавив да прашам каде да најдам повеќе песни од него.. А тоа приказнава за ритуалот дека се бања у зима, на 5 јануари е. : )
 
Член од
14 мај 2010
Мислења
109
Поени од реакции
18
Во денешно време нашата македонска естрада ја трујат имиња како Јован Јованов, Елвир Мекич, Врчак, Слаткар, Тони Зен, и останати да не набројувам, затоа што темата не е за нив.

А каде замина квалитетната македонска музика? И дали воопшто има уште нешто добро останато за слушање?
Јаков Дренковски го запознав прв пат со песната Скитник, мислам дека оваа му е една од првите песни во далечната 1978ма година, ама добро, јас ја слушнав две декади подоцна.

Многумина слушнале за него, гитарист, пејач. Живее во Скопје. Некогаш на МТВ 1 даваат негов концерт и баш таа програма ја гледам повеќе од 15 минути во таа прилика.
Имам неколку негови песни дома, и сите ми се убави, стихови кои имаат убава метафора и некои песни треба да се сфатат од повеќе слушања.

Сигурно некој од постарите би се присетил на неговите хитови - Сеќавање на првата љубов, Темен ерос, Човек на ноќта, Тетовирани срца, Порочна си оди си...

Да не должам многу, има и мај спејс, тука има само 3-4 песни ако добро забележав.
http://www.myspace.com/jakovdrenkovski

Додека на Јутјуб најдов само една негова песна, другите скоро и да не можеш да ги најдеш на нет.

Ако има некој негови песни, или случајно нашол линк на нет, може да испрати по пп.

Тие „пеачи“ што се горе наведени треба со закон да се забранат. Ако на еден знак пишува да возиш 40 а ти возиш 50 ќе те запрат и ќе те казнат, а вие животот што ни го труат секој ден со нивните глупости не знам што треба да им направиме.

Некој можеби ќе рече ако не ми се свиѓаат да не ги слушам, ама не е така. Тие се јавни личности тие работат за ние да ги гледаме а не да ги игнорираме, па така јас како еден потенцијален обожаватен нивни ако го свртам радиото или телевизорот тие кога ќе бидат во етер, тогаш они зошто постојат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom