Јаболков оцет

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Dzings, 30 септември 2007.

  1. Aleks_ko

    Aleks_ko

    Член од:
    25 март 2009
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    0
    Imam slusano deka e mnogu korisen.Se pie i za slabeenje, gi cisti masnotiite vo krvta.. ako nekoj znae nesto poveke ili go koristi neka pise.
  2. Феномен

    Феномен Џомба

    Член од:
    21 август 2008
    Мислења:
    4.837
    Допаѓања:
    111
    Има посебен јаболков оцет за слабеење.
  3. Sp4wN-

    Sp4wN-

    Член од:
    22 февруари 2007
    Мислења:
    1.848
    Допаѓања:
    1.363

    Абе може има , ама бабами на пример да не знаела дека у аптека тој што е содржи други говнарии за разлика од овој обичниов. Нема везе каков наболков оцет е, на сабајле на празен стомак ке си земеш 1-2 лажички, да прочистува крвоточни канали, крвта, воедно служи за ослободување од вишокот килограми(сеа ако ти дремеш дома и седиш, се крмиш и сакаш јаболковиот оцет да ти помогне .. епа нема). Само едно нешто , пиј го 1 месец на пример па направи пауза, зошто прекоумерното конзумирање може да го оштети желудникот па да не си имаш некои проблеми, не е ништо страшно ама само како предупредување... инаку слободно земај го, едно од најздравите природни суплементи во исхраната. :smir:
  4. devojka111

    devojka111 i'm real

    Член од:
    28 декември 2008
    Мислења:
    1.944
    Допаѓања:
    141
    Што е оцетот од јаболка?
    Тоа е продукт на ферментација,а ферментацијата е процес кој ја прават следните фази:првин шеќерите во продуктот се претвараат во алкохол,а потоа ако алкохолот и понатаму се ферментира се добива оцет.
    Главна состојка на јаболковиот оцет,како и кај другите оцети е оцетната киселина.Останатите состојки се други киселини,витамини,минерални соли и аминокиселина.

    Дали е исправно да се смета оцетот од јаболка за „лек за се„?Одaмна е познат како народен лек и му се препишувани многу „волшебни„ особини.Наводно лекува вошливост,подмладува,го олеснува варењето и ги одстранува токсините од организмот.Многу од овие тези не се научно подржани.

    Сепак во некои случаеви оцетот од јаболка помогнува:

    Дијабетис.Оцетот од јаболка делува на нивото на гликозата во крвта.Некои испитувања докажаа дека може да го намали нивото на гликозата.Испитаниците земале две кафени лажичиња јаболков оцет пред спиење а наутро нивото на гликозата им бил намален за 6%.Сепак ова испитување е направено на глувци и треба да се провери на луѓето.

    Го намалува нивото на холестерол

    Помага кај високиот крвен притисок и кај срцевите болни. Луѓето кои јадат салати со јаболков оцет помалку заболуваат од срцеви болести а и го намалува крвниот притисок.

    Помага при губење на килограмите.Направено е испитување на 12 испитаници.Едни јаделе лебче со едно лажиче натопено во оцет а другите обичен леб.Од првата група испитаниците чувствувале подолго време ситост од останатата група.

    Оцетот се употребува за закиселување на салати,супи и чорби но никако не смее да се внесува со пиење.Народните лекови можат да се од помош,но сепак користете ги со доза на внимание.
    На blue ladybug му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sp4wN-

    Sp4wN-

    Член од:
    22 февруари 2007
    Мислења:
    1.848
    Допаѓања:
    1.363
    Имено 1 супена лажица јаболков оцет содржи:
    *од поважните

    Масти - 0%
    Содиум - 0%
    Карбонхидрати - 0%
    Протеини - 0%
    Калории - 20 ( Калории од Масти - 0 )

    *За ослободување од телесната тежина, докажано е дека високото ниво на калиум, ензими и витамини, високото ниво на витаминот Б6 и лецитин кои ги содржи јаболковиот оцет делуваат одлично на метаболизмот, со тоа тие во најголема мера побагаат во ослободувањето од вишокот на килограми и делуваат како природен аналгетик и антибиотик на организмот.
  6. NICE GIRL

    NICE GIRL

    Член од:
    23 мај 2009
    Мислења:
    793
    Допаѓања:
    14
    и јас пиев едно време јаболков оцет за да симнам некое килце ама не се издржува вкусот премногу грдо одвратно повраќав
  7. indian

    indian

    Член од:
    14 април 2012
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    0
    Od kolku godini mozi da se konzumira ?
  8. влијателен

    влијателен Гостин

    Познавам девојка која пиела јаболков оцет и заврши со проблеми со бубрезите.
  9. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    169
    Допаѓања:
    117
    Јаболковиот Оцет сигурно не и предизвикал проблеми на бубрезите

    http://www.earthclinic.com/Remedies/acvinegar.html има различни комбинации па кој му се чита нека чита. Тука пишуваат дека и на деца од 2 год им давале .

    Најчестите начини на кој се конзумира е:
    а) 2 супени лажици Јаболков оцет , 250 мл вода и една лажица мед (или колку Вие сакате .
    б) 2 супени лажици Јаболков оцет ставате во празна чаша (од 200 или 250 мл) после додавате пола кафена лажичка (или со трите прсти колку фатите ) Сода бикарбона. Чекате 1-2 мин па додавате вода и мед.
  10. indian

    indian

    Член од:
    14 април 2012
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    0
    Kazete se slabee so Jabolkovata kiselina ?
  11. Racija

    Racija

    Член од:
    23 април 2012
    Мислења:
    44
    Допаѓања:
    38
    Мале имаше една момичка тука каде нас проба сос јабаков оцет(тука го викаме Оцет од чиселици) да ослабне и и се појави бактерија на желуднико и ден денеска си има проблеми.Нека дое тове Хиперактив на него мајка му мисла оти е стручњак за тиа работи и он че ни пренесе дали е здраво или не :D
    На Sagan му/ѝ се допаѓа ова.
  12. yupiii

    yupiii

    Член од:
    3 февруари 2013
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Би ве замолила да ми кажете каде можам да најдам природен јаболков оцет од причина што многу време е потребно за сама да го направам а итно ми треба.Никаде не сум слушнала каде би можело да има некој да продава па ќе ви бидам многу благодарна ако ме упатите каде да купам или ако има некој човек сам што прави да ми дадете контакт број или адреса или е маил.....ефектот на природен и овој купечкиов немаат везе еден со друг па затоа ви се обраќам.....фала
    --- надополнето: 3 февруари 2013 во 22:08 ---
    Пријателе дајте ни контакт од каде може да го купиме оцетот штом го произведувате...
  13. bmrhgj

    bmrhgj Neumoren

    Член од:
    1 мај 2009
    Мислења:
    198
    Допаѓања:
    35
    Се слабее...
    Спречува често мокрење...
    Помага при главоболки...

    Доволно е 1. лажоче наутро со 100. млл. вода.

    Се отстрануваат старечки флеки на рацете и нозете/
    На blue ladybug му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jovanoskimkd

    jovanoskimkd

    Член од:
    20 септември 2011
    Мислења:
    49
    Допаѓања:
    28
    Јаболковиот оцет - apple cider vinegar ( добиен исклучиво од диви планински јаболка) -е најмоќниот природен универзален лек. Поседува исклучителни антибиотски и антивирусни својства, многу посилни од оние на антибиотиците со таа разлика што нема негативни ефекти врз организмот. Многу болни луѓе, кога би знаеле за овој лек, би ги отфрлиле сосема фармацевтските лекови од употреба. Се разбира, доколку се употребува правилно: во 300 мл. топла вода ( не потопла од тоа што да може да се пие) се ставаат 2-3 супени лажици јаболкова киселина, а потоа со додава третина кафено лажиче сода бикарбона и мешаме, по што настапува пенеење на напитокот ( на овој начин се неутрализира киселоста). По потреба додаваме уште малку сода бикарбона со врвот на лажичето, и повторно мешаме се додека не се уверме дека нема повеќе пенеење, односно додека PH вредноста на напитокот не дојде до 7.0. За болни се пие на гладно, голтка по голтка, во текот на 15 мин., а потоа половина час ниту се јаде ниту се пие. И така 3 пати во денот, 5 дена по ред, а потоа се прави пауза од 2 дена и пак одново. За здрави луѓе се пие 1 во денот, најдобро на наутро, и секогаш на гладно.
    На blue ladybug му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gregor

    Gregor Оbserver

    Член од:
    6 февруари 2013
    Мислења:
    1.021
    Допаѓања:
    1.914

    pH вредноста никогаш нема да ја дотераш до 7, пошто натриум малат е сол на слаба киселина и јака база, секогаш ќе хидролизира базно т.е. ќе има pH над 7.

    Шо знам, може вака е поарно да се внесува, имам по дома јаболков домашен, пиев некое време ама желудникот ме кине од киселинава, ај да пробам вака можеби ќе делува, мада се сомневам, пошто малатот во присуство на јака желудочна киселина пак ќе се протонира во јаболкова киселина...

Сподели преку: