Ѓаволски ѕид - Македонскиот "кинески" ѕид

Дискусија во форумот 'Македонија' започната од TpH_Bo_OkO, 30 ноември 2007.

  1. goca

    goca

    Член од:
    25 октомври 2007
    Мислења:
    1.151
    Допаѓања:
    8
    најголемата градба од древниот период се наоѓа во македонија
    сеуште не е доволно испитан па затоа не е во јавност
    наскоро ...

    се работи за столбови со пречник од 3,5 м
    се уште работат
    за повеќе информации стрпливост ...
  2. InternetMR

    InternetMR

    Член од:
    27 мај 2008
    Мислења:
    1.012
    Допаѓања:
    23
    штета шо многу битни теми се забораваат
    мистерии
    Куклици
    чудо на природата или?

  3. MakedoN_Ares

    MakedoN_Ares

    Член од:
    18 август 2008
    Мислења:
    680
    Допаѓања:
    26
    Ах,Македонијоооо!
  4. Boom Shaka Lakka

    Boom Shaka Lakka Silence!! .. I kill you!

    Член од:
    29 август 2008
    Мислења:
    6.953
    Допаѓања:
    3.445

    мистериозно е тоа што некои од камењата што се поставени се поголеми од еден човек и чудно е тоа што не се знае кој/кога ги наместил и како успеал во тоа време така да ги намести, јас имам одено таму и вреди да се погледне:smir:
  5. Zaphod Beeblebrox

    Zaphod Beeblebrox Поранешен покул Божино

    Член од:
    7 јуни 2008
    Мислења:
    16.347
    Допаѓања:
    20.020
    Најголема мистерија е зашто е направен ѕидот.
  6. Wh1speR

    Wh1speR

    Член од:
    23 ноември 2008
    Мислења:
    307
    Допаѓања:
    7
    Да и мене тоа најмногу ме чуди зошто би бил направен тој ѕид ...
  7. Виножито

    Виножито

    Член од:
    15 април 2009
    Мислења:
    130
    Допаѓања:
    32
    МАКЕДОНСКИ КИНЕСКИ ЅИД

    МИСТЕРИЈАТА НА “ЃАВОЛСКИОТ ЅИД”​
    Малку познатитот македонски раритет "Ѓаволскиот ѕид” се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Свети Николе, на јужната страна на ниската планина Богословец и покрај самиот десен брег на реката Брегалница. Од магистралниот пат Велес - Штип е оддалечен околу седум километри на југ и до него водат, наЈпрвин макадамски, а потоа излокан земјен пат и од намерникот бараат и добро теренско возило и добра физичка кондиција зашто и најупорните ќе мораат да изодат пеш околу еден километар. Восхитувачката глетка што ќе се отвори пред намерникот ќе биде доволна награда за неговата упорност. Неговата отмена слабо потемнета бела боја, грдандиозниот изглед, неговото мистично молчење без никаква резерва го одземаат здивот на секој намерник, без исклучок. Сино-зелените води на овде немирната Брегалница во неговото подножје, гордото молчење на врвот “Свети Јован” на планианта Богословец, далечните сиви планини само ја дополнуват оваа прекрасна и мистична глетка.
    - Ѓаволскитот Ѕид,- ќе запише во своите спомени, пред отприлика сто години, д-р Александадр Балабанов, познат класичен филолог и универзитетски професор во Лајпциг,- е чудо какво не постои во светот, но, ние, Македионците, како и секогаш, не знаеме да ја цениме таа убавина и оригиналност.
    Кога во веќе далечната 1970 година, познатиот археолог од Белград Милутни Гарашанин, случајно наиде на овој Ѕид восихитено изјави:
    - Ова е неверојатно! Ова е генијално дело, сеедно дали на природата или на човекот! Ова е светско чудо!
    Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина
    од петстотини метри во правец на протегањето на “Богослвоец”, и вдолж дес-ниот брег на Брегалница а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатни - на од 4 кубни метри, а помеѓу нанесе-ните камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот грдител.

    П о т е к л о ​
    Околу потеклото на овој во секој поглед монумент постојат разни гледишта. Дел од науката тврди дека станува за природна појава, односно дека ѕидот настанал со ерозија на околното земјиште. Според нив како “автор” на овој Ѕид е неуморниот неимар - природата, која овде, како ретко каде создала ремек дело. Наспроти ова тврдење има научници кои тврдат дека станува збор за градба, а не за природен феномен. Кон ова тврдење тие го наведуваат фактот дека такви камења како на градбата не постојат во неј-зината околина, потоа неверојатната вештина во градењето и постоењето на тенок врзивен материјал со црвена боја. Истовремено ваквата претпоставка наметнува дилеми околу тоа како се изведувало градењето бидејќи ѕидот се наоѓа на изразито тешко пристапен терен. До него, велат тие, тешко се стиг-нува пеш и донесувањето на огромните камења кои тежат и по четири тона барало и соодветна техника и соодветно умеење на градителите. Всушност, велат бранителите на овааа теза, тоа е еден од елементите што овој Ѕид го прават мистичен.
    П р е д а н и е.​
    НЛО приказни​
    Наспроти науката кај народот од овој регион постои верување дека градбата е дело на надеземни сили, односно на ѓаволот, па затоа и му дале име - Ѓаволски ѕид.
    - Таков Ѕид може да изгради само нечовечко суштество,- на повеќе пати ни изјавуваше стогодишниот и веќе покоен дедо Стројман од светиниколското село Амзабегово.- Да ја прегради Брегалница на тоа место и да изгради толкав ѕид може само Ѓаволот. Може некој да ми се смее од вас младите, ама така е. Човек тоа не може никогаш да го направи.
    Според легендата ѓаволот се обложил со Бог дека за една ноќ ќе изгради Ѕид и ќе ја пренасочи Брегалница преку ридот
    кон Овче Поле и ќе го поплави. Истата ноќ ѓаволот почна да го гради Ѕидот и тоа го правел со таква брзина што немало сомнение дека ќе ја оствари својата цел. Бог, откако видел дека заканата станува реалност и сакајќи да го спречи во намерата, пред време разбудил еден петел кој пропеал, па ѓаволот не успеал до крај да ја остари својата идеја.
    - Ако не го разбудел Господ петелот,- дополнуваше дедо Стројман, денес ќе го немаше Овче Поле, ќе го немаше Азмабегово, овде ќе беше езеро.
    Врз темелите на таа приказна се наметнало името Ѓаволски ѕид, кој истовремно ја изразувал немоќта на човекот да ја објасни велелепноста на градбата, да ја означи нејзината мистериозност и да предизивкува стравопочит. Сите тие три елементи кај месното население се присутни и денес.
    Исто така, кај народот, во малку подревна форма, постои верување дека овој ѕид е дело на вонземјани
    и како факт се наведуваат приказни според кои во последните пет децении наводно над овој ѕид биле забележани педесетина НЛО. Пред три години, во повеќе наврати во наши слободни разговори извесен Дедо Иљо од селото Богословец тврдеше дека уште кога бил дете збележувал со неговите другари необични летала што мошне често го надлетувале Ѕидот што предизвикувало страв кај месното население..
    - Необичните "ароплани” ги гледаа скоро сите од селото и кришум се крстеја. Не смееја да кажат на никого оти се плашеа да не ги прогласат за луди.
    Приказни со НЛО - основа се особено присутни и последниве четири - пет години. Голем број на риболовци и ловци од овој
    регион се спремни да се заколнат дека мошне често видувале необични летала како го надлетувале Ѕидот, па дури и се спуштале до него.
    - Пред три години, - тврди долгододишниот риболовец Злате,- цела ноќ над Ѕидот надлетуваа летала кои не испуштаа никакви звуци и фрлаа необична сина, но продорна светлина. Цела ноќ, од другата страна на Брегалница од страв завиваа волци и кучиња. Утрото додјоа некои непознати луѓе о Штип, најдоа некој необичен метал, го зедоа и си заминаа без збор.
    Тоа особено често било
    во летните месеци, особено Август, најчесто ноќе, иако ги имало и дење. За ваквите необични и чести појави во 2000 година неколку пати се пишуваше и зборуваше и во повеќе медиуми во Македонија и странство.
    О п а с н о с т ​
    Кај трагачите на злато постои приказна според која ова е ѕид од римскиот период, односно дека тој крие еден тунел со неверојатно големо богатство. Тој тунел е вцртан и на одредени топографски карти што на наивните трагачи по богатство им ги продаваат вешти измамници од околните земји. Тој тунел, според нив, е главната причина што последните години диви копачи на богатство сî повеќе го посетуваат овој ѕид и го оштетуваат. Последниве две години предмет на вакво опсервирање и активности Ѕидот бил и на одредени НАТО војници кои со хелихоптери често се спуштале крај самиот Ѕид. Во август минатата година медиумтие пишуваа дека еден ваков НАТО- хеликоптер кренал огромна плоча од подножјето на Ѕидот и наводно очевидци тврделе дека при тоа е однесено големо богатвство. Исто така, на повеќе пати се забележани и диви копачи од соседните земји, така што тие стануваат најголемата опасност за состојбата на овој редок феономен.
    - Ако не се спречат дивите копачи кои скоро секоја ноќ “вршлаат” околу Ѕидот барајќи измислено злато, наскоро, сосема наскоро тој ќе се сруши од теме,- предупредуваат група вљубеници во овој феномен што го краси дивиот простор зад Богословец.- Во тој контекст Ѕидот треба да биде ставен под заштита како национално богатство, да биде наша гордост.
    И, за сето тоа време Ѕидот спокојно им одолева на забот на времето, на опасностите што му ги носи човекот и зрачи со сета своја велелепна убавина, грандиозност и мистериозност што го одземаат здивот и предизвикуваат вистинска стравопочит.


    повеќе слики на www.gavolskizid.com.mk
  8. Apokalipto

    Apokalipto (М)

    Член од:
    4 март 2007
    Мислења:
    15.584
    Допаѓања:
    2.518
    Темата на Виножито за Ѓаволов Ѕид е споена со веќе постоечката :) - продолжете тука.
  9. startrack11

    startrack11

    Член од:
    22 јуни 2009
    Мислења:
    89
    Допаѓања:
    2
    Ova e anticka opservatorija Neli.
    Slicno na Kokino e i Kuklice!
    Zasto Vladava ne istrazuva???
  10. Veterk0

    Veterk0

    Член од:
    7 јули 2009
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    "Таков Ѕид може да изгради само нечовечко суштествo"...нема врска.Човекот може да изгради што сакал/сака и кога сакал/сака.

    Иначе интересно ѕидиште :)
  11. cige

    cige abdal

    Член од:
    6 ноември 2008
    Мислења:
    3.352
    Допаѓања:
    1.333
    јас и ти да не сме братучеди:vozbud:
    баба ми (бог да ја прости) по татко беше по потекло од Богословец.
    Ама никогаш ми нема ништо спомнато за оваа мистерија, иако јас покрај нејзе живеев од како сум роден се до смртта пред 2 години, не сум одел во градинка, таа ме чуваше.
    Стално ми раскажуваше дека во Богословец имало рудник за Азбест и таму работеле речиси сите селани, а ма за ова камењава јас не се сеќавам некогаш да ги спомнала, незнам зошто:nesum:
    Мислам дека сега во селото нема народ, сите расселени во Штип, СвНиколе и Велес
  12. Силен

    Силен

    Член од:
    19 јули 2006
    Мислења:
    3.181
    Допаѓања:
    125
    По сликите личи дека е ѕидот правен но слика може и да лаже. Најубаво е да се чуе мислење од некој кој бил на лице место. Ако е правен се поставува прашање кога?

    Чул ли некој нешто за ова?

    Веќе 2 години поминаа а нема ништо!
  13. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.513
    Допаѓања:
    723
    Нема ни да има.
  14. Zaphod Beeblebrox

    Zaphod Beeblebrox Поранешен покул Божино

    Член од:
    7 јуни 2008
    Мислења:
    16.347
    Допаѓања:
    20.020
    [​IMG]


    [​IMG]

    [​IMG]


    Импозантно нешто. Се гледа дека имало големо значење. Али еве до сега никој да не чепне да провери што е ова и колку е старо. Да не немало осет за вредност.
  15. Силен

    Силен

    Член од:
    19 јули 2006
    Мислења:
    3.181
    Допаѓања:
    125
    Некој што бил да каже мислење?

Сподели преку: