Среда, 19.11.2008
Еден бездомник е осуден на речиси 4 години затвор и треба да плати повеќе од 101 милион долари казна за предизвикување на два пожари, вклучувајќи го и оној кој уништи повеќе од 163.000 хектари во Калифорнија пред две години.

Педесет и седум годишниот Стивен Емори Бучер беше обвинет и изведен пред суд во февруари оваа година, поради сомневање дека е одговорен за предизвикување на пожарите во Лос Падрес Националната шума во 2002 и 2006-та година.
Пожарот од пред две години беснееше повеќе од еден месец и направи штета од 78 милиони долари. Во него беа повредени 18 луѓе и беше петтиот најголем пожар во историјата на Калифорнија, според податоците од Калифорнискиот оддел за шумарство и заштита од пожари.