Петок, 14.11.2008
Како што наведува производителот, се работи за првиот мобилен телефон на светот кој освен што е способен за поврзување на вообичаени мобилни мрежи, способен е и за WiMAX конективност.

HTC најави дека моделот Max 4G најпрво ќе се појави на рускиот пазар. Уредот поддржува мобилен WiMAX во распон од 2.5-2.7 GHz, има димензии од 114 х 63 х 14 милиметри, тежи 151 грам, има дисплеј на допир со дијагонала од 3.1 инчи и резолуција од 480 х 800 пиксели, а оперативниот систем е Windows Mobile 6.1 Professional со добропознатиот TouchFlo 3D интерфејс на HTC.
Max 4G има две камери - предната за видео разговори со VGA резолуција, а на задната страна се наоѓа камерата со резолуција од 5 мегапиксели. За складирање на податоци, на располагање на корисниците ќе им бидат 8GB меморија.
Батеријата би требало да овозможи до 420 минути GSM разговори и преку 230 минути VoIP, додека во мирување би требало да издржи 50 часа.
