Шоубизнис

» поопширно



Мики Маус го прослави 80-от роденден

Петок, 14.11.2008

Мики Маус е создаден во време на лична невоља и моментална инспирација на легендарниот Волт Дизни, откако го изгубил судскиот спор околу правото над неговиот претходен лик од цртаните филмови, Освалд - среќниот зајак.

Барајќи замена за зајакот Освалд, Дизни размислувал за креирање на лик, олицетворение на коњ, куче, мачка, жаба и крава, но неговите мисли постојано се навраќале на сеќавањата од детството кога на фамилијарната фарма како свое милениче - имал едно глувче.

Дизниевата луцидност била во тоа што создал антропоморфно суштество со немирен дух и "чарли чаплиновски" шарм. Волт бил доволно мудар да го послуша советот на својата сопруга на која не и се допаднал предлогот на нејзиниот сопруг за именување на глувчето како Мортимер - па така паднала одлуката  името на легендарниот анимиран лик да биде кратко и привлечно за публиката - едноставно, Мики Маус.

Мики станал хит веќе од своето филмско деби во "Парабродот Вили", премиерно прикажан на 18-ти ноември 1928 година. Низ годините, Мики го менувал карактерот и изгледот, што според биолозите и стручњаците за еволуција било клучно за зацврстувањето на неговото посебно место во срцата на луѓето. Нивниот впечаток е дека Мики се трансформирал (менување на пропорциите на главата, намалување на должината на екстремитетите, зголемување на очите) во прикриена варијанта на човечко бебе - слика која луѓето од еволуциски причини ја сакаат повеќе од се.

И покрај "староста" Мики Маус не планира да се пензионира. "Тој и денес е подеднакво важен како и пред 80 години, кога за прв пат се појави' - изјави портпаролот на компанијата Дизни. Епа, среќен роденден Мики Маус.

http://forum.kajgana.com/statija_3979.html

Запрена испораката на гас во Македонија
06.01.2009 | 16:32
Шеснаесетгодишно девојче загина во пожар
06.01.2009 | 16:29
Двајца Македонци загинаа во сообраќајка во Италија
06.01.2009 | 16:27

Ало, пожарна? Holly Madison

Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball BucketBall
Frustration Xmas Contrast Cannon Mario Combat

Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика Стоп!
Плачот на мисирките Петер Солберг се посрамоти Time Warp: прст vs. пила

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com