Среда, 12.11.2008
Иако сеуште е непознато кој ќе го облече костимот на супер јунакот, се знае кој ќе седне на режисерското столче. Честа му припадна на Џо Џонстон, режисерот на "Паркот Јура 3" и "Џуманџи".
Наводно, Џо Џонстон бил во преговори со Marvel Studios уште од 2006 година, но дури сега потпишал договор за режирање на филмот кој во кината треба да се појави во 2011 година.
Џонстон неодамна го заврши и снимањето на "Човекот Волк" со Бенисио дел Торо и Ентони Хопкинс.
Сеуште не се знае кој ќе го облече црвено-циниот костим. Авторот на стрипот Стен Ли наводно е загреан за Вил Смит, но се повеќе се шушка дека би можекл да биде Метју Меконахи.