Многу убаво. Така треба!
2/3 уништен локалитет: Градиште
село Граиште, Демир Хисар
Извештај од терен:
Акрополот на археолошкиот локалитет е 2/3 уништен засекогаш со копање основа за антени на мобилни оператори. Копано е до длабочина од 30-40см, а некаде прекопувано и до 60-70 см за да се направат ископи за темели на базните станици токму во центарот на локалитетот. Со машини е ископан 200 метри долг и 1 метро длабок канал (ров). Багерот кој го направил тоа се уште стои горе на самиот локалитет. Парчиња керамика и делови од садови можат да се пронајдат раздробени на сите страни.
Видео од уништувањето на археолошкото наоѓалиште:
Тука
Повеќе:
Како мобилните оператори ги уништуваат археолошките локалитети во Република Македонија
Извештај од терен - Увид во оштетувањата на локалитетот Градиште, с. Граиште од страна на мобилните оператори
Кратка историја на местото:
Сместено е на висок конусен рид со зарамнето плато, опкружено од три страни со речни долини. Оградено е со три појаси од одбранбени ѕидови градени од камен без малтер, кои во вид на тераси опфаќаат простор од околу 10 хектари. По површината се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Најдени се повеќе од 200 монети од IV-II век пред н.е. Во западното подножје се откопани гробови со златен накит. На највисокото плато, остатоците од раноантичкото градиште, кои се на површина од околу 3 хектара, се опфатени со доцноантичкиот бедем ѕидан од кршен камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и монети. Предложена е идентификација со деуриопскиот град BRYANION
Според Иван Микулчиќ (Средновековни градови и тврдини во Македонија, МАНУ, Скопје, 1996, стр.193-197) на зарамнетиот врв на купата и на двете тераси јужно од него, во раната антика бил изграден градот Брианион, со површина од 12 ха. Во доцната антика врвот бил повторно укрепен, со малтерно обѕидие зајакнато со 8 кули. Кастелот зафаќал 2 ха, а на терасите под него се раширило подградието. Наоди: стотини монети од доцниот 3. до 6. век; многу железна згура и топено олово. Ова несомнено бил центарот на целиот рудоносен регион ДЕРИОП
Средновековните остатоци се во северниот дел на акрополата каде се протега еден внатрешен ѕид, влечен во прави потези но граден без малтер, што затворал простор со димензии 90 х 30 м. На северната и на западната страна се потпирал врз доцноантичкиот ѕид, кој што останал добро запазен и во подоцнежните векови. Ова било јадрото на средновековниот фрурион („град”) ДОБРУН, потврден со повеќе наоди: средновековна грнчарија, ситните предмети исковани од железо и повеќето византиски монети: анонимни фолиси од средината на 11. век, бакарни скифати од 12. и 13. век. (во музеите во Битола и Скопје).
![]()
Objektive se iskrseni od lugje?
Kolku sum glup... mislev deka vremeto ne moze da krsi predmeti...
Ubavo si mislev na pocetok... istorijata ne e nauka na idninata...
Mora od nekade da se pocne....
И кој го дозволи ова?
Да ти се мочам во државата,има бе власт овде или во турско се вративме?
О мајко моја, родино мила, земја си красна рајска градина !
Насловот треба да биде : " Уништување на македонското историско наследство "
Срамота е ова што се случува, како може да им се дозволи копање во археолошко наоѓалиште. Треба итно државата да реагира на ова.
<-- Aut viam inveniam aut faciam -->
Пиши и на Арвена од www.arheo.com.mk
Мислам дека нема да имаш проблем со тоа, но сепак дозвола е дозвола![]()
За оваа треба некој затвор да оди,а не само празни зборови демек се грижиме за културното наследство
Update на ситуацијата:
Канал5 известуваше денес:
http://www.youtube.com/watch?v=EP9r-u3R1Hs
Разгласи