Резултати од барањето

  1. H

    Македонска латиница

    Вистина, не знам каква е законската регулатива, и дали воопшто постои. Сепак, јас се водам секогаш според латинската транскрипција што ја имаме во Македонскиот правопис, и која сме ја учеле сите во второ одделение. А за коментарот погоре дека и буквата č можат да ја прочитаат различно, и за тоа...
  2. H

    Македонска латиница

    Za transliteracijata, mislam deka imame makedonska latinica, čija upotreba se ograničuva na dokumenti, patni ispravi i slično. Spored mene, onie izmeni vo dokumentite (Delchevo mesto Delčevo) vea najgolema glupost, bidejkji sekoj stranski govoritel različno kje gi izgovara našite iminja - kako...
  3. H

    Книги кои заслужуваат екранизација!

    Ај да слушнам мислење од поначитаниве на форумов, што мислите за евентуална екранизација на циклусот романи од Славко Јаневски. Тука првенствено мислам на неговата трилогија „Миракули на грозомората“ („Легионите на Свети Адофонис“, „Кучешко распетие“ и „Чекајќи чума“), но и на „Тврдоглави“ како...
  4. H

    Омилени стихови од македонски поети

    Поеше - земја галеше гално галено милено, поеше - па шепнуеше меко мекичко свилено скришни им думи таени. Нели се земја разгали сонлива, пазви разгрна, истури дуњи мирисни карамфил пупки црвени леко си раци протегна. Рацин.
  5. H

    Како да се преведе? Прашања и примери за превод од и на македонски

    За ова во моментот не ми текнува нешто добро, ќе размислам. Бидејќи, на македонски тешко може да се изведе глагол, или глаголска придавка од именката „род“.
  6. H

    Како да се преведе? Прашања и примери за превод од и на македонски

    to embrace the differences. Прво, мислам дека најблиску е „да се прифатат разликите“. Бидејќи, ова е веќе скоро скаменета фраза во англискиот јазик, и тоа ни диктира да најдеме и кај нас таква една колку-толку фиксна фраза, а мислам дека горенаведенава го исполнува тоа. Бидејќи, преку честата...
  7. H

    Како да се преведе? Прашања и примери за превод од и на македонски

    Преводот на benchmark најмногу ќе зависи од контекстот. Најопшто и најшироко значење би било „мерило/аршин“, ама тоа е само за почеток. Е сега, ако се работи за економски контекст, тогаш најчесто се преведува со „граница // најниска/најисока вредност“, ама во политички и „евроинтеграциски“...
  8. H

    Промени во стандардниот македонскиот јазик: нови граматички структури и тенденции

    А сосема разговорно, доволно е „пријатен ден“, „пријатен ручек“, „убав ден“ - овие се користат најнормално.
  9. H

    Промени во стандардниот македонскиот јазик: нови граматички структури и тенденции

    Тие промени се многу сложени и непредвидливи, и најчесто за валидни се земаат тенденциите во пишаниот јазик - од написи во весник, стручни и научни публикации, до книжевни текстови (не само кај нас, туку и насекаде - во англосаксонската лингвистичка мисла чест е поимот edited English, што е...
  10. H

    За кој книжевен лик би гласале?

    Eh, Pushkin... posol na eden dvoboj, pa na drug, pa na tret, epa ne e sekoj den Veligden...
  11. H

    Followers - следбеници или следачи?

    Гласав за „следач“ оти немаше друга опција, ама пак ќе го спомнам „набљудувач“ како подобар избор, според мене. Овде не преведуваме значење (follower = следбеник), кое е скоро секогаш речничко, и најчесто нескладно со извесната јазична ситуација, туку смисла, која секогаш произлегува од...
  12. H

    Followers - следбеници или следачи?

    Јас мислам дека „следбеници“ е далеку подобро од „следачи“, бидејќи второво е нискофреквентен збор (се употребува многу ретко), ако не и еден вид неологизам (формален, т.е. зборообразувачки). Значи, ако се работи за некој вид „фан“, којшто ги следи сите случувања на профилот на еден член, тогаш...
  13. H

    Книги кои заслужуваат екранизација!

    Со ред. Прво, од дневно-политички и/или патриотски побуди никогаш не бидува добар филм, сведоци сме на филмови од типот на „Републиката во пламен“, или на редица партизански филмови, кои единствено би можеле да имаат образовна функција, и ништо друго. Проблемот со нашава литература, во најголем...
  14. H

    Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

    Дајте друга тема, поподобна за пишување, оваа е веќе подолго време.
  15. H

    Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

    Со последната поставка на Хамлет се достигна ново дно во нашиот театар. Прво, на пиштоли во Хамлет не им е местото (тука мислам не само на пиштолите како оружје, туку и на другата работа)! Треба многу големо покритие (естетско, суштинско, професионално) за да оправдаш таква голотија на сцена, а...
  16. H

    Кампања: Да користиме МАКЕДОНСКИ зборови и термини!

    1. транскрипција - препишување. Прво, ова е почетничка „хрватска“ грешка. Транскрипција може да си стои паралелно со некој друг збор, со тоа што и двата ќе бидат синоними - едниот ќе биде предимно лингвистички термин, а другиот, покрај лингвистичката конотација, ќе добива и други значења...
  17. H

    Глупави имиња на дуќани

    Инаку, на чешки prdel значи „газ“. Пола од пцовките им се анални.
  18. H

    Кој бил НИКОДИМ ТИСМАНСКИ

    Никодим Тисмански досега кај нас е спомнат, за жал, само во склоп на два лексикона посветени на старата македонска книжевност: „Речник на старата македонска книжевност/литература“ од Ѓорѓи Поп-Атанасов, првпат издаден во Македонска книга, Скопје, 1989, повторно во Скопје, Менора (2004/2009)...
  19. H

    Зошто не се прифатени погледите на Мисирков?

    http://www.okno.mk/node/8880 малку се претерани и еднострани ставовите, ама добра е колумната, во контекст на муабетов!
  20. H

    Зошто не се прифатени погледите на Мисирков?

    Додека трошите енергија и време во празни расправи и смешни тези, дајте барем прочитајте нешто, и не кревајте прашина без потреба. Во оваа дискусија на кафански муабети од типот пропаганди не им е местото! Повелете еден извадок од Разговорите со Конески: ...Кога дојдовме во Скопје, по 13...
На врв Bottom