Резултати од барањето

  1. Marionka_z

    Катастрофални конкурси за вработување во Македонија Пример 1-Tobacco киосци

    Нека не те чуди ништо. Не само овој, секој втор оглас во Македонија е од ваков тип и со вакви услови. А секој прв пак, е таков што воопшто не те викаат ниту на интервју, ниту пак добиваш некаков повратен одговор.
  2. Marionka_z

    Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

    Ѕвезда Што е ѕвездата... Небесно тело, животна придружничка, водилка низ темнината или пак само отворен споменар во кој се излепени сите наши фотографии, испишани сите наши животни реплики? Ако треба да одлучам како да ја дефинирам ѕвездата, ќе се повикам на мојата сопствена номенклатура и ќе...
  3. Marionka_z

    Смислата на љубовта

    Човек и треба прво да научи да живее максимално исполнето сам си себеси, а дури потоа да живее со некој друг. На тој начин единката е слободна и среќна сама со себе, па како таква, може многу повеќе да понуди и придонесе во тој заеднички однос со партнерот. Би му дошло нешто како "секој на...
  4. Marionka_z

    Омилени стихови и поеми од странски писатели

    She walks in beauty She walks in beauty, like the night Of cloudless climes and starry skies; And all that's best of dark and bright Meet in her aspect and her eyes: Thus mellowed to that tender light Which heaven to gaudy day denies. One shade the more, one ray the less, Had half impaired...
  5. Marionka_z

    Што го прави човекот човек?

    Ќе издвојам дел од стиховите на Киплинг, кои сосема се вклопуваат во оваа тема...и се повеќе од доволни за да опишат што го прави човекот човек. Ако можеш да го сочуваш разумот, кога сите околу тебе го губат; Ако можеш да веруваш во себе и кога сите се сомневаат; ...... Ако си излажан, а...
  6. Marionka_z

    Храброст

    Да се движиш низ животот решително, непоколебливо, со видлив оптимизам и тогаш кога е најтешко... Да се смееш кога сите плачат, да продолжиш кога сите се откажуваат, да сакаш кога сите мразат... Да најдеш излез од безизлезот, да останеш смирен во хаосот, да бидеш човек меѓу луѓето... сето тоа е...
  7. Marionka_z

    Последен гледан филм со кратка рецензија

    Cell 211 (2009) Филм во шпанска продукција, на кој налетав сосема случајно и не очекував којзнае што, но пријатно ме изненади. Интересна сторија, уште поинтересен заплет, ти го држи вниманието континуирано... Филм за животот прикажан од двете страни на затворските решетки, оној на...
  8. Marionka_z

    Катче за инспирација - мудри/поучни/мотивирачки текстови

    Оние што знаат нека им кажат на оние што не знаат Насрадин е главен јунак на многу мистични приказни со порака. Еве една од нив. Насрадин доаѓа во едно мало место каде што сите до еден го измешале со некој голем мудрец. За да не ја разочара толпата што се собрала на плоштадот, Насрадин ги...
  9. Marionka_z

    Катче за инспирација - мудри/поучни/мотивирачки текстови

    Кредо за оние кои страдале Му се молев на Бог да добијам сила. Станав слаб, за да научам смирено да се потчинувам. Се молев за здравје, за да можам да извршувам големи дела. Одредена ми беше немоќ, за да правам подобри нешта. Се молев за богатство, за да бидам среќен. Речено ми беше да живеам...
  10. Marionka_z

    Колку вреди факултетската диплома?

    Кај нас дипломата, реално гледано не вреди ништо. Џабе трошење пари, џабе нервозите. Знам дека постојат исклучоци, дека одредени факултети се попросперитетни, други не. Но не станува збор за кој факултет си се одлучил и зошто, туку за дипломата која си ја добил. Таа секако не е гаранција дека ти...
  11. Marionka_z

    Постојат ли искрени партнери?

    Секако дека постојат врски во кои има огромна доверба и голема искреност. Ама голема, а не апсолутна, сто процентна искреност. Не ретко самите кон себе не сме искрени, а не па да очекуваме дека некој друг ќе биде. Подлажнуваме од разни причини, но сето тоа во граници на нормала, не да премине во...
  12. Marionka_z

    Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

    "Од друг агол" Ги ставам своите темно- розови очила и излегувам. Решена сум да пешачам до крајот на светот. Не, не зедов куфер, што ќе ми е? Одам на долго патување, на кое нема застој, нема одмор. Зачекорив по калдрмата опуштена, ослободена од сите чувства, мисли, предрасуди и очекувања. Храбро...
  13. Marionka_z

    Предлог за филм со кратка рецензија

    Along Came a Spider (2001) Малку постар филм со Morgan Freeman кој вреди да се погледне. Приказна за психопат- киднапер, кој до перфекција го има осмислено своето злосторство, слично како што пајакот ја прави својата мрежа. Смислено ги навлекува детективите во својата психолошка игра, со цел...
  14. Marionka_z

    Што ви е табу и одвратно во сексот?

    Нели во сексот се е дозволено, додека и двајцата уживаат. Така да, се додека е нешто убаво, прифатливо и причинува задоволство за двете страни е во ред, без разлика што е тоа. Не би практикувала нешто што би предизвикувало болка или непријатни чувства, мене или на партнерот (било да е садо-...
  15. Marionka_z

    Фејсбук ми ја уништи врската ...

    Фејсбук да уништи врска/ брак, сеедно е малку чудно и глупаво. Ми нема логика. До толку да придадеш значење на една таква социјална мрежа и да се опседнеш до степен да си ја доведеш врската во прашање е смешно и не баш нормално. Ете и да дојде до прекин на врската, секако причината не е Фејсбук...
  16. Marionka_z

    Среќен роденден StatusQuo <3

    Среќен роденден... Се најдобро....
  17. Marionka_z

    Омилени стихови и поеми од странски писатели

    Луѓе Ги сакам луѓето кои се повредени повредата ги прави човечни. Да, можеби човекот е вид животно кое дури преку повредата станува човек. Човек треба да се плаши од убавите, силните или треба да ги сожалува бидејќи не познаваат граници. Во границите на својата моќ човекот станува човек. Во...
  18. Marionka_z

    Кутриот ЈАС

    Овие Кутриот јас ликови ги класифицирам претежно во две групи. Едните ги доживувам како манипулатори, кои свесно изиграваат жртви, за да сите околу нив ги вртат како им одговара. Постојано нешто глумат, колку им е на нив тешко, колку се тие уморни од се, колку се изнамачени, па очекуваат сите да...
  19. Marionka_z

    Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

    Јави ми се... Стоев покрај огромниот прозорец, залепен со лицето на стаклото и зјапав. Вкочанет, без сила за било каков потег. Се ѕверев во осветлениот град пред мене. Зад мене само мрачната и ладна соба. Во мене една огромна самотија, која не се пополнува со ништо. Ги гледав околните осветлени...
  20. Marionka_z

    Скандал на хируршките клиники!

    Не знам дали воопшто ја заслужуваат титулата "доктор"... Останав без зборови кога го видов ова. Не дај боже да треба да појдеш на лекар.
На врв Bottom