Правила на форумот
1) Регистрацијата на форумот е бесплатна! Секој има право на регистрирање и избор на корисничко име. Со самото регистрирање, членот се обврзува дека никогаш нема да го посредува своето корисничко име или својата лозинка на други членови или лица.
2) Членот се согласува дека никогаш нема да користи две или повеќе членски имиња при пишувањето или разгледувањето на форумот. Оваа акција се казнува со перманентна забрана за пристап (бан) на форумот.
3) "Кајгана" се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува на трети лица. При вашето регистрирање на Кајгана Форум, ќе ви бидат потребни валидна електронска пошта и лозинка. Останатите податоци се по ваш избор.
4) "Кајгана" може да разоткрие нечии податоци ако се сомнева дека членот јавно ја загрозува безбедноста на податоците и на самиот форум. Со секоја ваша посета на Кајгана форум, вашата IP адреса се снима.
5) Членот се согласува дека нема да се служи со материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребен, вулгарен, полн со омраза (расна, национална, сексуална, културна или лична), вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.
6) Членот се согласува дека нема да нуди материјал кој е авторски заштитен или без дозвола на сопственикот на материјалот.
7) Рекламирање во сопствен интерес нема да се толерира. Секој линк кој води кон друга интернет страница и претставува тенденциозно рекламирање на истата ќе биде избришан. Ако сакате да се рекламирате на "Кајгана", контактирајте со нашиот маркетинг оддел.
8) Врски кон други интернет страници (линкови) во потписите на членовите, кои се прикажуваат под секое напишано мислење, се дозволени само во случај кога на страницата до која води линкот има веќе поставено линк до "Кајгана" или до "Кајгана форум".
9) Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страници на кои се нуди илегално симнување на софтвер, музика, филмови и други лиценцирани материјали, како и страници кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на "Кајгана" и членовите.
10) Модераторите и администраторите на форумот имаат целосно право (и должност) да ги избришат сите информации приложени на форумот со кои се кршат правилата.
Тоа вклучува секакви содржини објавени на форумот и галеријата, информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко име - доколку тие одлучат дека тоа е потребно.
11) Членот не смее да ги уништува темите на форумот со други информации кои не се поврзани со темата, лични муабети и слично. За се' што не е поврзано со темите на форумот, постојат приватните пораки.
12) Основен јазик на форумот е македонскиот, а препорачливо е користење на кирилица.
Сите пораки напишани на странски јазик ќе бидат избришани, а членовите ќе бидат опоменати дека ги прекршуваат правилата.
13) Кршењето на правилата на форумот може да резултира и ќе резултира со бан, односно забранет пристап на страниците. За времетраењето на забраната одлучуваат администраторите на форумот, а членот ќе биде известен за причината и рокот на истекување.
14) Банираните членови, односно членовите со забранет пристап на форумот (привремено или трајно) не смеат да отворат ново членство.
Доколку тоа се случи, тие ќе бидат трајно банирани или избришани.
15) Ако при кршењето на правилата се повредени законите на Република Македонија или некоја друга држава, доколку е потребно, администраторите може да соработуваат со сите домашни и странски правни институции, откривајќи ги сите потребни информации на прекршителот (IP адреса, e-mail...).
16) Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови на членовите, а не на сопствениците на "Кајгана".
17) Сите прашања во врска со "Кајгана", форумот, правилата, ваши предлози, критики и сугестии може да ги објавите во форумот КАЈГАНА каде ќе добиете одговор во најскоро можно време.
Не "трчајте" по администраторите и модераторите насекаде на форумот, за прашања обратете се во форумот наменет за тоа.
18) "Кајгана" го задржува правото на промена на правилата, но се обврзува дека тие ќе бидат соопштени во најбрз можен рок.