[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ааа фала... ако треба да бирам јас, тогаш јас сум по тестото и месените работи :D.
Еве ви еден предизвик, готвиме КРОАСАНИ.

Потребно е: 500мл млеко
2 коцки квасец
4 супени лажици шеќер
2 лажички сол
2 јајца
2 мали филџани зејтин
1/2 растопен маргарин или путер
брашно по потреба (околу 900гр отприлика)

Подготовка: Се замесува тестото и се остава околу 15мин да одмори.
Тестото се дели на 30 топчиња, (3 реда, секој ред по 10 топчиња)
Прво работиме со првиот ред топчиња, значи се расучуваат сите 10 топчиња отприлика
форма на палачинка. Секоја кора посебно се мачка со маргарин и се ставаат една врз
друга, со исклучок на последната кора од горе која не се премачкува со маргарин.
Од така наредените кори една врз друга, со расукување се формира една голема кора која
се суче во форма на голем круг, кој потоа се сече на 16 дела, триаголници и се виткаат
кроасаните.
Истата постапка се повторува и за останатите два реда.
Кроасаните се мачкаат со јајце, се оставаат малку да одморат и се печат.

Ова е еден пример рецепт, ако имате свој слободно употребете го вашиот резултат. Кроасаните можете да ги филувате со крем, сирење, кашкавал или едноставно да ги оставите празни. Ваш избор. :)
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Еве ги и моиве. Се' на се', околу 6 ипол часа ме фати. Да бев помалку нестрплива може и ќе го оставев тестото да преноќи... ама едвај издржав. На секои 20 минути, вкупно 13 пати го премесив тестото, а бе ѕврцките му ги извадив. Да не бев сабајлето на факултет имаше тортура да му вршам цела вечер до сабајле. :ROFLMAO:

Имам вкупно 4 рецепти за тесто и во глобала не користам други. Едното ми е за кифли, другото за пица, третото за погача и четвртото за пита.
Е сеа го користев тоа за погача. :D
Состојките за тестото се овие: 1 квасец, 300 мл млако млеко, 1+2 лажички шеќер, околу 800 гр брашно, 2 јајца + 1 белка, 5 лажици масло, лажички сол, 1 лажичка јаболков оцет.

Првиот пат му ставив расукан маграрин и цело време после тоа го расукував, го диплев и во фрижидер.


Еве ги на крај.

Прекршена.


Ова е втората тепсија, малку повеќе ми престасаа дур чекаа на ред за печење.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
@shumecha.tableta нареден пат направи го моето тесто. За 1-2 саати си готова, затоа користам растопен путер :D.

Свака час, не би се нафатила 6часа во кујна :icon_lol:
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Ја не би се нафатил да замесувам, така да и овој натпревар ќе го прескокнам. :cool:
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
@bobipp честито и почесто да те гледаме тука. :D Која е следната тема за готвење?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Честитки @bobipp!:)

Сега кога би свртиле едно тесто за пица, интегрални колачи, погача, пастрмајлии или нешто такво би било баш одлично. Ми се пројавува некоја желба за правење некое овакво јадење:D
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Благодарам на честитките ;)
Инаку рецепт со тесто прескокнувам, немам тоа пробано да правам. :D
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Ако веќе треба јас да предложам следен натпревар нека биде rice noodles :rolleyes:. Кој каков сака сос или додатоци може да припреми. Ако некој не може да најде noodles (инаку има добри оризови во рамстор и веро) може и со ramyun noodles, тие малите пакетчиња по 15-20 ден што се ги има скоро секаде во сите поголеми маркети. Не знам дали да дозволиме и шпагети во игра???
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Ако веќе треба јас да предложам следен натпревар нека биде rice noodles :rolleyes:. Кој каков сака сос или додатоци може да припреми. Ако некој не може да најде noodles (инаку има добри оризови во рамстор и веро) може и со ramyun noodles, тие малите пакетчиња по 15-20 ден што се ги има скоро секаде во сите поголеми маркети. Не знам дали да дозволиме и шпагети во игра???
Кајгана готвач - архива на теми, не смеат да се повторуваат темите од четвриот циклус. Нудли веќе имаше...
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Упс, се извинувам, се гледа дека немам искуство од темава :) Печено свинско можи?
Имаше пред некое време и тоа, ама немаше воопшто пријавени, чисто се сомневам дека ќе се пријави некој...
Ова сега милион услови излегоа... :oops:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom