Serie A 2016/2017

Кој ќе го освои Скудетото?


  • Вкупно гласачи
    170
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.589
Поени од реакции
81.180
Што им фали на Киево бе, со 40 годишни играчи си опстојуваат во лига... Нема старца без ударца :anco:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Да спомнеме за срамниот гол на Рома или нема потреба?
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.172
Поени од реакции
3.143
Бабооо :cool: трпај џексоне отварај ги како паштети!!
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Да те надополнам :kafence:
Има еден податок шо неможам никако да го сварам.. Од 2006 до 2016 година Рома е тимот со највеќе освоени поени а не зема ни една титула :(
Има логика за менталитетот шо зборете и се заебавате, ама Рома секогаш кога беше во борба за титула секогаш спроти неа стоеше тим кој е дупло поквалитетен и поскап и финансиски толку моќен што секое лето купуваше еден од најдобрите играчи на Рома, било Интер или сега Јуве и тоа е главниот проблеш што Рома остана без титула. Менталитетот не го ствара клубот, туку играчите кои играат во него. Која е споредбата на тој Интер и таа Рома кога се бореа за титула? Рома играше со играчи како Касети и Тонето, наспроти Мајкон и Максвел. Напад Тоти 5 сезони изграваше лажна деветка со подршка од Тадеи, Мирко, Менез, Мансини, Бориело и Баптиста, а наспроти Интер беше со шпицови како Адриано, Рекоба, Креспо, Круз, во поново време Ибра, Ето, Милито, да не ги спомнувам Пандев, Балотели итн итн...
Сега овие години па нејќам ни да помислам која е разликата вашиот Јуве, нема потреба нели?
Ако е менталитетот во прашање, зошто Јувентус до 2010 не освои титула? Секое лето вака така повеќе трошеше пари од Рома и на хартија секогаш имаше појак состав, доста е да се споменат играчите кои останаа во сериа б и продолжија со клубот, да не зборам за засилувањата 30 милионски од типот на Амаури кој тогаш беше страшен, Мело, Диего.. И да Рома единствена прилика што прокоцка за титула е 2010 година со поразот од Сампдорија, тогаш беше најблиску, од сезона на која и се предвидуваше пласман 5-6 место во втората полусезона немаа ниту еден пораз во првенството освен тој од самдорија и мислам дека имаа само 2-3 нерешени и тоа ќе беше сензација.
Рома од 2002 година никогаш не е била фаворит за освојување на Скудето, ниту па е била во главните конкуренти според ростерот на играчи и тоа е тоа.

Еве сега кога се веќе близу до Јуве, да пробаа да земат везњак замена за Пјанич, со кој барем слабите екипи ќе ги добиваме лесно и да купеа едно крило по заминувањата на Салах и Итурбе, тие се коцкаат а Спалрти импривизира со нови тактики и Раџа Наинголан како крило и сеуште се чудаб како победуваме, како и да е, потегот за недоведување играчи е крајно несериозен. Тие вчера едвај одеа бидејќи скоро истите играчи играа во четвртокот, Раџа по 70та мин едвај одеше и после кога ќе се згусне распоредот ќе се чудиме зошто кикснале со Кротоне, демек до менталитетот е..[DOUBLEPOST=1485158343][/DOUBLEPOST]
Нормално, не е Јуве and nobody cares. Така функционира темава.
100 пати ви имам образложено зошто е така и ви кажав дека така ќе остане и во иднина и тоа не е само на темата, општо познато е во цел свет дека Јуве е клуб кој местел и ради тоа е преселен во Сериа Б и затоа тие синоними како местачки, клуб, лопови итн. тешко дека ќе сменат во блиска иднина :toe:[DOUBLEPOST=1485158448][/DOUBLEPOST]Да дадеше Јуве гол како Џеко вчера сите ќе зинеа една уста, јбг, така е тоа:toe:
 
Последно уредено:

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.739
@Boom Shaka Lakka се е тоа океј, ама проблемот настанува кога сите кои ги гледате и преќутувате грешките во полза на другите и оние контра Јувентус, наеднаш на одлука во корист на Јуве се претварате во најголеми моралисти, борци за еднаквост и права и бранители на објективноста како единствен можен елемент во дискусијата. Не дај боже фан на Јуве да ви се спротивстави со субјективно гледање, од куче подолу го правите, на темава да не се појави повеќе.

Колку пати на темава само имаше споредби, видеа за тоа пример каква ситуација се свирала во корист на Јувентус, а каква не за Интер/Милан/Рома/Наполи, а се разбира дека никому нема да му текне да рече дека пример минатото коло идентична ситуација како пеналот што го свирнаа за Рома против Удинезе, имаше и за Јуве против Фиорентина.

Сезонава засега ми е омилена од овој аспект, бидејќи во 20 изиграни кола Јувентус нема апсолутно ниедна неправилна одлука во своја корист и се надевам дека така и ќе остане.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Па нормално е дека така ќе се пиши за Јувентус..сепак најдобра,најдоминантна екипа се во Италија каде освојува 5 скудета со ред и плус го знаеме нивното минато..не знам зошто тоа ве чуди?..јас се сеќавам пред 8-9 години истото и за Интер беше,секоја грешка на судиите за Интер се гледаше под лупа, а за другите никому ништо..па Мајкон мислам кога даде еден гол од апла офсајд против Сиена за 1-2 тука експлозија од коментари имаше а дека Милан дотогаш му имаа свирнато над 15 пенали и тоа пола од нив сумливи ништо не се коментираше...секогаш е истото
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
@Boom Shaka Lakka се е тоа океј, ама проблемот настанува кога сите кои ги гледате и преќутувате грешките во полза на другите и оние контра Јувентус, наеднаш на одлука во корист на Јуве се претварате во најголеми моралисти, борци за еднаквост и права и бранители на објективноста како единствен можен елемент во дискусијата. Не дај боже фан на Јуве да ви се спротивстави со субјективно гледање, од куче подолу го правите, на темава да не се појави повеќе.

Колку пати на темава само имаше споредби, видеа за тоа пример каква ситуација се свирала во корист на Јувентус, а каква не за Интер/Милан/Рома/Наполи, а се разбира дека никому нема да му текне да рече дека пример минатото коло идентична ситуација како пеналот што го свирнаа за Рома против Удинезе, имаше и за Јуве против Фиорентина.

Сезонава засега ми е омилена од овој аспект, бидејќи во 20 изиграни кола Јувентус нема апсолутно ниедна неправилна одлука во своја корист и се надевам дека така и ќе остане.

Таман си е, што е до мене, не сум тој кој се пречка, лесно ми е да признаам дека на Рома и поклониле пенал или Јуве го оштетиле. Ама мене не ме ГАЈЛЕ за Јувентус, таква репутација си стекнале, дали намерно или ги снашло таква беља ради Моџи или незнам кој, не е важно, казнети се за местени натпревари и за тоа се пратени во сериа б, од мене можеби же добиеш објективност, ама од повеќето нема, ќе си останете со таа репутација уште многу време. И да, нека ти биде мило што нема такви спорни ситуации во корист на Јуве, така помалку ќе ги зборуваат, истото ми го кажа еден фан на Јуве кој е ептен коректен и истото се нервира како некои од вас тука и сака да нема такви ситуации за Јувентус.

Али да ви кажам, доколку ја загубите доминацијата некој ден, повторно нема да ве гајле за вашата репутација, сега така велиш оти сте во добра ситуација и смеете да си дозволите да размислувате така :)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.589
Поени од реакции
81.180
@Boom Shaka Lakka добро де човек, за една реченица што ја пишав на шала, ти цел реферат ми напиша... да не си нешто роднина на Мондо па вака да ми реплицираш?

Да му е страв на човек да пише нешто, одма ќе му се одземе видот додека да прочита некое мислење

:blablab:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom